|
||||
НОСТАЛГИЈА |
ДА СЕ ПАМЕТИ! ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ На сите овие храбри луѓе кои веќе не се меѓу нас, им ја подарувам песната „НОСТАЛГИЈА” и ви ги претставувам низ окото и срцето на Петре Саракинов, мојот храбар татко, смел борец и учесник во НОБ и ДАГ. На сите нив им подигам споменик и огнот од нашите срца нека гори со вечен пламен НОСТАЛГИЈА Тивок, пролетен ден полн со радост и убавина ме осамна во мојата градина. Во себе чувствувам тага, среде бел ден тивка ноќ ме покрива! Во срцето пожар ми пламнува! Можеби ќе се вратат? Старите огништа чекаат, водите гргаат, водопадите бликаат, гробовите дедовски самуваат, роднините тагуваат... Носталгично прашувам: - Дали ќе се вратат? Си велам: Ќе дојде денот кога ќе се вратат!!! Автор Благојка Филипчeва |