|
||||
РЕПУБЛИКА СРБИЈА – НОВАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА „ЗЕГИН“ (26) |
Нови Сад, по Белград е вториот по големина град во Србија по населениево кој живеат околу двеста педесет илјади жители. Градот Нови Сад е основана во 1694 година и долго време е центар на српската култура. Денес тој е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, универзитетски град со бројни училишта, културни, научни, медицински, политички и административен центре на автономната покраина Војводина. Нови Сад е домаќин на голем број меѓународни и домашни економски, културни, научни и спортски настани, како и е град на музеи, галерии, библиотеки, театри... Денес Нови Сад е центарот на Македонската компанија „ЗЕГИН“ која има лекови, додатоци на исхраната, медицински средства и помагала кои до сега ги немаше во Србија, а веќе наголемо се применуваат во високоразвиениот свет. Инаку, ЗЕГИН“ групацијата е прва приватна и најголема веледрогерија на просторите на некогашна Југославија. Истовремено е водечка веледрогерија и на балканскиот регион. Сега е водечка фирма во промоција на новите молекули, што подразбира регистрирање и воведување нови препарати кои се веќе регистрирани во земјите на Европската Унија (ЕУ) и во државите во кои фармацевтскиот сектор е високо развиен, како што се Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Јапонија и Израел, а со тоа и во Србија. Според зборовите на директорот на „ЗЕГИН“ Благој Механдзиски најпрво, се почна во Војводина, бидејќи најшле добро стовариште за продажба на големо. Во исто време се работи и во Ниш, а наскоро проширувањето ќе започне и во Белград. Само за продажба на големо е обезбеден простор од повеќе илјади квадратни метри. Што се однесува на објектите за продажба, тие, исто така, заземаат голем простор. Затоа „ЗЕГИН“ во Нови Сад личи на аптекарските маркети во познати европски метрополи. Се планира аптекарските маркети да бидат максимално снабдени, сè да биде на едно место, каде ќе може да се набави лек или препарат и за деца и за возрасни. Исто така, според зборовите на бизнисменот Благој Механџиски во Србија се планира да се даде 20 отсто од рабатот на купувачите, без оглед дали станува збор за државна или приватна аптека или болница. Досега во Србија се вработени 110 луѓе. Во план е „ЗЕГИН“ да прими уште 350 фармацевти, лекари, ветеринари, нутриционисти, козметичари и економисти. Со тоа се сака да се опфати сè што е во служба на здравјето – дијагностика, стоматологија, хируршки инструменти, ортопедски помагала, хемикалии за галенски лаборатории, нутриционистичка палета, здрава храна... Исто така, како во Македонија, така и во Србија, „ЗЕГИН“ планира да формира служба на „Такси-фарм“ која е широко прифатен на балканските простори и е изум на „ЗЕГИН“. Тоа е испорака на лекови на домашна адреса. Се планираме да се основа „Такси-фарм“ и во Белград и Нови Сад. Станува збор за посебна подружница, ќерка-фирма во аптекарскиот систем. Таа ќе се занима со испорака на лекови и препарати до куќниот праг, на повик на пациентите. Таквиот вид снабдување се покажа многу корисен, особено за постарите жители кои живеат сами, тешко се движат и не се во можност на поинаков начин да се снабдат со лекови. Сето тоа зборува за иднината и перспективите на македонска позната и призната веледрогерија „ЗЕГИН“, за која новата дестинација е Република Србија. Синџирот аптеки Зегин кој е присутен на пазарите во Македонија и Србија се закити со престижната награда "Customer Friend - Superior Excellence" доделена од International Certification Association (ICERTIAS), со седиште во Цирих. Зегин е носител на меѓународна награда која се доделува исклучиво на компании кои имаат врвен однос со своите купувачи и клиенти. Фармацевтите во Зегин нудат врвен квалитет на услуги и беспрекорна грижа за своите клиенти. Довербата која се стекнува кај клиенти е постигната благодарение на довербата, достапноста, искуството и експертизата на фармацевтите, кои клиентите обично ги доживуваат како свои матични лекарите. Три децении Зегин континуирано инвестира и се посветува на образованието и развојот на својот персонал. Зегин има 1.200 вработени, обучени и мотивирани да ги постигнат долгорочните цели на развојот на компанијата и создавање одличен однос со своите клиенти. Во Србија има 100 аптеки, додека во Македонија работат 150 аптеки и 20 специјализирани продавници за органска храна. "Услугата над се’" е мотото со кое компанијата се стреми да изгради доверба кај клиентите. Зегин е лидер на пазарот со континуиран увоз на нови производи и е препознатлив по конкурентните цени. Исто така, тој се истакнува со ортопедските помагала, следејќи ги најновите технологии и иновации. Понудата на медицинскиот потрошен материјал е збогатена со производи кои досега не биле на пазарот. Со цел да се добие оваа награда, компаниите мора да имаат докажано искуство кај своите клиенти. Организациите номинирани за медалот Customer Friend се предмет на строг избор кој вклучува серија комплексни проверки од страна на ICERTIAS. За да ја добие оваа врвна награда, Зегин како компанијата помина низ детален процес на истражување и проверка врз основа на четири аналитички столбови наречени: Репутација, Комуникација и општество, Корисничко искуство и сигурност. Секој од овие столбови е поделен на подкатегории кои се оценуваат поединечно. Благодарение на високите оценки што ги освои Зегин фарм легитимно го стекна правото да го носи статусот „Customer Friend - Superior Excellence“. Со потпишувањето на декларацијата Customers Friend со која се обврзува компанијата да го одржува водечкиот модел на соработка со своите клиенти, партнери и вработени, Зегин компанијата ги исполнила сите услови за да стане носител на престижниот меѓународен сертификат и признание. ICERTIAS е модерна, приватна, политички независна, меѓународна организација за истражување и сертификација, доделува сертификати и ги наградува компаниите, производите и услугите, усмерувајќи ги корисниците кон најдобрите на пазарот. Продолжува Пишува СЛАВЕ КАТИН |