Среда, 03 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
БИТОЛА - ВТОРОТО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ НА ПЕТАР СТАМАТОВ (4)

1cor1

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ

Битола е градот каде што семејството Стаматов се доселило веднаш по Илинденското востание и пуштило длабоки корени. Петар Стаматов како дете раснел во Битола, па затоа Смилево и Битола ги сметал како родни мести. Битола му останала во спомените и затоа често велел дека тој е смилевски битолчанец.

 Битола, каде што донаторот Петар Стаматов израснал, е вториот град по големина во Република Македонија. До создавањето на македонската држава по Втората светска војна, тој бил развиен политички и културен центар на Македонија, познат како „градот на конзулите”.

Се наоѓа меѓу планината Пелистер, Пелагониската Рамнина и двата брега на реката Драгор.

На неговата јужна периферија се наоѓаат остатоците од градот Хераклеја, основан во четвртиот век пред Христа од македонскиот крал Филип Втори, како важен стратешки пункт. Откако Рим ја освоил Македонија во 148 година пред Христа, градот Хераклеја Линкестис доживеал извесен просперитет што, пред се’, се должело на изградената магистрала Виа Игнација која минувала покрај градот. Во ранохристијанскиот период (ИВ век) Хераклеја била епископско седиште.

Во почетокот на VII век, на подрачјето на Битола и Битолско се  населило племето Брсјаци и бидејќи Хераклеја веќе не функционирала, тие создале своја населба што ја именувале како Битол (БИТО), а која Византијците ја нарекувале Бутелион или Пелагонија. Создавањето на македонската средновековна држава, на чело со царот Самуил (Х-ХI век), благопријатно се одразило на развојот на градот, кој имал и тврдина за заштита од непријателски напади. Но, и покрај тоа населението на Битола и Битолско често страдало од нападите на крстоносците и други војски што војувале на ова подрачје во VII и VIII век).

1cor12Музејот во Битола

Од крајот на XIV век, па се’ до 1912 година, Битола живеела под турска власт. Неколку векови муслиманското население во градот претставувало мнозинство, додека во селата останало македонското православно население. Тогаш на Битола ѝ  било дадено и ново име – Манастир. Во градот биле изградени повеќе муслимански објект. Во XVI век во Битола се населила уште една нова етничка група – Евреите, кои дошле од Португалија и Шпанија, прогонувани од инквизицијата.

Во настојувањата за одделување од Грчката патријаршија, маке­дон­ското граѓанство во  Битола создало своја посебна општина, училишта на народен јазик, цркви со богослужба на македонски јазик. Но, набрзо сите придобивки на Македонците биле узурпирани од Бугарската егзархија. Така, во Битола, покрај грчката, се јавиле и бугарска, а подоцна и српска, и романска и други пропаганди. Сите тие работеле за однародување на битолското македонско население.

Во тој период, во Битола се судрувале интересите и на големите сили, кои акредитирале свои дипломатски претставници (Англија, Русија, Австро-Унгарија, Србија, Грција, Романија и др.). Наспроти нивните пропаганди, македонски интелектуалци, во 1893 година, формирале своја Македонска револуционерна организација (МРО), чија цел била преку востание, македонскиот народ да добие автономија. 

Априлската војна, пак, во 1941 година го донела пропаѓањето на Кралството Југославија. Тогаш Битола и Битолско паднале под бугарска фашистичка окупација. Окупаторот, покрај војската, донел и огромен административен, полициски, просветен, црковен и друг апарат, со цел да го денационализира и асимилира македонското население. Уште на самиот почеток на окупацијата избувнале демонстрации, штрајкови и друг вид отпор. На 11 март 1943 година во Битола окупаторот извршил голем злостор.

Тој ден 3031 Евреи, кои сочинувале 10% од населението на Битола, биле депортирани и ликвидирани во германскиот логор Треблинка во Полска. Отпорот на народот, предводен од Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија, добивал во својот интензитет. Седмата македонска бригада, популарно наречена ,,Битолска”, во борбите кај  Градешница, Мариово, Кајмакчалан, Драгош и на други места, успешно ја уништувала живата сила на окупаторот. Бригадата го оневозможувала и слободното повлекување на германската армиска група ,,Е” што се извлекувала од Грција.

1cor13

Хераклеја

По ослободувањето, постоеле неколку општини кои биле во составот на Битолската околија, меѓу кои и Демир Хисар заедно со селото Смилево, родното место на Петар Стаматов. Затоа често меѓу населението се вели: Смилево – Битолско. Подоцна околијата била укината и од 1963 година, во битолското подрачје останала само сегашната Битолска општина со површина од 1798 квадратни километри, најголема во Република Македонија. Инаку, Битола има и развиена традиција во сите области на културата, науката и уметноста.

Денес, во градот под Пелистер, функционираат многу значајни институции, меѓу кои: Универзитетот “Св. Климент Охридски”, Народниот театар, Друштвото за наука и уметност, Филмската манифестација “Манакиеви средби”, “Ликовната детска колонија” и други.

Приказната за Битола ќе ја завршиме со Пелистер, кој како природна реткост е ставен под заштита на државата. Зафаќа површина од десет илјади хектари, во рамките на кои се наоѓа околу 30% од вкупната македонска флора. Посебна реткост е борот молика, кој може да се најде само на оваа планина. Пелистер е познат и по убавите снежни терени погодни за скијање, на кои се изградени жичарници и ски лифтови. Посебна атракција претставуваат Големото и Малото Езеро, од глацијалниот период, кои се наоѓаат на падините на Баба Планина, од каде во далечините се протегаат Битола и Смилево, незаборавот на донаторот Петар Стаматов.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.