Среда, 10 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС НА ВМРО И УЛОГАТА НА ДАМЕ ГРУЕВ (5)

12smnil1

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ

За Смилевскиот конгрес, кој се одржал во родното место на донаторот Петар Стаматов, исто така пишувале голем број научници и интелектуалци. Во оваа пригода, меѓу другите материјали, го користевме  делото “100 години Илинден – Смилевска Република – Комуна”, Смилево-Битола, 2003 година, од смилеецот д-р Душан Хр. Константинов. Тој е човекот кој се посветил на осветлување на македонската вистина, со особена нагласка на неговото Смилево и Битола.

Според неговите податоци, меѓу другото, се вели дека во Битолскиот револуционерен округ постоеле солидни организациски основи и развиена мрежа на Организацијата. Во него експлоатацијата на масите од органите на власта, честите разбојништва и тешката економска положба на населението, ја правеле положбата неподнослива. Поради тоа, определбата за востание во овој округ била поизразена, но не во сите негови околии. Бунтовната атмосфера, зачестените атентати, како и раздвиженоста на четите, уште повеќе ги револуционизирало народните маси, посебно селата.

На определбата што поскоро да има востание силно влијание извршиле и врховистите со својата смислена пропаганда дека Бугарија веднаш ќе интервенира. Определено влијание било извршено и со одлуката на ЦК печалбарите да се вратат во Македонија. Од овој округ нивниот број бил поприличен и тие станувале нетпеливи. Ете, во една таква состојба бил свикан конгрес на Битолскиот револуционерен округ во с. Смилево. Решението за подигање востание требало да го донесат револуционерните окрузи.

Конгресот во Смилево се одржал во времето од 2 до 7 мај 1903 година (од 19 до 24 април, стар стил). Конгресот започнал со работа иако не биле пристигнати делегатите од сите ревоуционерни околии. Во текот на работата, на Конгресот пристигнале делегатите од Крушевско, Порече, Демирхисарско, Охридско и од Кичевско.

За вкупниот број присутните на Конгресот има различни податоци. Според Славејко Арсов, тој започнал со 32 делегати, а Христо Силјанов наведува дека таа бројка достигнала 50. Сепак, врз основа на имињата што се забележани во протоколите од Конгресот, во спомените на Славејко Арсов и во пишувањето на Ангел Динев и Христо Силјанов, може да се заклучи дека на Конгресот присуствувале 38 души.

12smnil12Конгресот работел под претседателство на Даме Груев. Георги Поп Христов и Параскев Цветков биле избрани за секретари. Конгресот ги поставил на разгледување следните точки: распределување на воените и моралните сили, подготовката, должноста и правата на раководните кадри пред и за време на востанието, прашањето за невооружените и неспособните луѓе, старци, жени и деца за време на востанието, за сопственоста и распределбата на оружјето, определување на времето за востание, определување на составот на реонските раководни тела пред и за време на востанието и за начинот на водењето на востанието.

Смилевскиот конгрес ги поставил практичните основи за подготвување на востанието. Организацијата на востанието била поставена врз солидна основа и конкретни воени начела, но само за Битолскиот револуционерен округ. Потоа можело да се мине кон практичните подготовки за востанието: да се прибира храна, муниција, оружје, да се прават скривници, да се приготвува востаничката опрема, власта во реоните да ја преземат горските начелства и др. Битолскиот револуционерен округ веќе одел во пресрет на востанието.

На 14 мај 1903 година, Главниот штаб ги известил реонските раководни тела на Битолскиот револуционерен округ за одржаниот Смилевски конгрес и решенијата кои тој ги донел. Тие биле известени за составот на Главниот штаб, за тоа дека ги потврдува назначените раководни (подвижни) тела, за составот на дежурните и нивните должности, во врските меѓу реоните и четите, кои мерки се преземаат за да се подготви востанието, за задачите на новоназначените војводи. Истовремено, тие биле снабдени со три примероци од Востаничкиот дисциплинарен устав.

На Конгресот на Битолскиот револуционерен округ во Смилево не бил утврден денот за почеток на востанието. Тоа право му било дадено на Востаничкиот штаб кој бил избран на овој Конгрес. Меѓу членовите на Штабот, првпат станало збор за почетоткот на востанието на 14 јуни 1903 година (датумите се цитирани според новиот календар). Тогаш, над с. Буф (Леринско), Даме Груев и Борис Сарафов се согласиле востанието да започне на Илинден, односно на 2 август 1903 година. Со ова се согласил и третиот член на Штабот, Атанас Лозанчев. Со ова решение на Штабот бил запознат и Централниот комитет во Солун, а исто така и Задграничното претставништво во Софија.             

Конгресот на Битолскиот револуционерен округ во Смилево е тесно врзан со името и делотона  Дамјан, или како што го викале - Даме Груев. Тој е една од централните фигури од редицата дејци во историјата на македонското ослободително движење. За големиот револуционер Даме Груев од Смилево, соселанецот на донаторот Петар Стаматов, пишувале поголем број литерати од Македонија. Меѓутоа, овој пат одбравме дел од пишувањето на проф.  д-р Гане Тодоровски, под наслов “Даме Груев” издание на Радио-телевизија Скопје, Радио Скопје, Библиотеката “Светлини на минатото”, 1968 година.

Имено, во ова брошура д-р Гане Тодоровски пишува дека Даме Груев е роден воселото Смилево, Битолско, на 19.01.1871 година. Тој бил  еден од основоположниците на ВМРО, нејзин прв секретар и член на ЦК, војвода, пропагатор и организатор на првите тајни револуционерни групи, градски и селски комитети на организацијата, претседател на Смилевскиот (1903) и на Рилскиот (1905) конгрес, учител...

Се школувал во Смилево, Битола и Солун. По училишниот бунт бил протеран од солунската егзархиска гимназија, а школувањето го продолжил во Белград, во учебната 1888/89 година. Разочаран од српската пропаганда, Груев заминал во Софија, каде што студирал историја. Заедно со групата македонски интелектуалци и истомисленици, Петар Поп Арсов, Пере Тошев и други, ја основал Младата македонска книжевна дружина која го издавала списанието ,,Лоза”, печатено на македонски јазик. По напуштањето на Бугарија и по забраната на ,,Лоза”, се вратил во Македонија. Во 1891 година во Битола со своите истомисленици (Лука Џеров, Никола Кочов и други) формирал револуционерен кружок (,,Дружба”) за кој составиле Устав на Кружокот.

Учителствувал во Смилево (1891/92) и Прилеп. Во учебната 1894/95 бил учител во штипското Ново Село, каде што заедно со Гоце Делчев ја ширеле мрежата на Организацијата. Бил егзархиски училиштен инспектор на селските училишта во Солунско и учител во егзархиската гимназија „Св. Кирил и Методиј” во Солун. Есента 1893 година во Солун, тој и неговите истомисленици (Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев) ги поставиле основите на ВМРО. Летото 1894 година ги основал првите месни комитети на организацијата во: Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Ресен, Штип и на многу други места, како и бројни селски комитети. Активно учествувал во работата на Ресенското советување (1894) и на Конгресот на ВМРО во Солун 1896 година.

12smnil13

Споменик на Даме Груев

По избувнувањето на Поп-Ставревата афера во Битола (1900) го затвориле во битолскиот затвор, а потоа бил испратен на заточение во Подрум Кале, во Мала Азија. По ослободувањето, во април 1903 се сретнал со Гоце Делчев во Солун. Активно раководел со Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ, кога дефинитивно било решено востанието да се дигне на верскиот празник Илинден.

Бил член на Востаничкиот штаб и во такво својство активно учествувал во подготовките на Илинденското востание. Под негово непосредно раководење се одржал Прилепскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ (1904) и Скопскиот окружен конгрес (1905). Уште позабележителна е неговата дејност како претседател на Рилскиот конгрес на ВМРО во октомври 1905 година, кога организацијата се преименувала во Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО). Груев активно учествувал во изработката на сите конгресни материјали. По Конгресот, извесен период дејствувал во Солун.

Загинал во борба со турски воени сили на врвот Петлец, кај селото Русиново, Малешевско,  на  23.12.1906 година,   

Продолжува

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.