Среда, 24 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
МЛАДИОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ВО „ВТЕНАТА ЗЕМЈА“ АМЕРИКА (7)

1uk131

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ

Соединетите Американски Држави, втората татковина на Петар Стаматов имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до денес. Таму Петар Стаматов живееше, творише, се развиваше, опстојуваше.

Инаку, САД е сојузна држава во Северна Америка, сместена меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 држави и еден округ. Заедно со Алјаска и Хаваите, таа е една од најголемите земји во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Франција, Русија (од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, и бројно Афроамериканско население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Евреи, Македонци и други народи.

Во историскиот преглед се вели дека најстари познати жители на денешната територија на САД се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европејците на северноамериканскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристофер Колумбо ја открил Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на XVI век почнале да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војни со Индијанците.

Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различни по простор и природни богатства. Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. САД располага со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното Езеро, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките најпознати се: Мисисипи, Мисури, Рио Гранде, Колорадо и други.

1uk1312Вашингтон 

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има повеќе од три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, Мајами, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други.

САД имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Така, покра борбите со Индијанците, во 1775 година почнале првите судири меѓу американските доброволни одреди и англиската војска, со што, всушност, почнала борбата за независност на северноамериканскиот континент. Во 1783 година, со мирот во Версај, Англија ја призна независноста на САД, со што настанаа крупни промени не само во САД, туку и во целиот свет.

Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот.

Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до ден-денес. Процесот на доселувањето непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. Во овој долг период на доселување, ако Њујорк станал центар за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Македонците од сите делови на Македонија итн.

Често пати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многубројни народи и нации од сите расни групи со различни религии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, значајно место имаат и Македонците од сите делови на Македонија, кои ги уживаат сите права и слободи за развивање на своите национални чувства, на својата култура, религија и на сè она што ја карактеризира нивната самостојност и самобитност.

Во новите средини во САД и Канада, Македонците се третирани како засебна нација, со своја држава, со длабоки корени, национална црква и со сите други атрибути на еден народ во светот. Со тоа овие две значајни држави застанаа на страната на вистината, со цел да го афирмираат македонскиот народ и да ја поддржат Република Македонија како независна суверена и самостојна држава.

Како и сите новодојденци, така и Петар Стаматов и неговите другари пристигнале во њујоршкото пристаниште Лонг Ајланд. По кратката процедура околу документите и задолжителниот  медицински преглед извршен од лекарска комисија, им биле врачени дозволи за слободно влегување во САД.

1uk13123

Њујорк

Инаку, Њујорк, првата дестинација на Петар Стаматов е велеград кој се развил на утоката на реката Хадсон и на бреговите на заливот кој го затвора островот Лонг Ајланд. На почетокот на најважниот дел од Њујорк, Менхетн, од источната страна на Хадсон, Холанѓаните во 1625 година подигнале тврдина, а неколку години подоцна за ситници, вредни 24 долари, од Индијанците го откупиле Менхетн. Тој денес е најскапиот дел од овој голем град, каде секоја педа земја се плаќа со неверојатно големи суми пари и злато.

Холанѓаните го нарекле Нов Амстердам. Меѓутоа, во 1664 година тој простор го освоиле Англичаните и го нарекле Њујорк. Во 1789 година станал главен град на САД, кога Џорџ Вашингтон бил прогласен за прв претседател на САД. Њујорк почнал да се развива на најдобриот дел од американскиот брег, од каде преку реката Хадсон и нејзината притока се отвора природен пат кон големите езера и внатрешноста.

По неколкудневно патување, Петар Стаматов, заедно со неколку други емигранти пристигнал во Гери, Индијана. Таму веќе имало поголема македонска колонија, на која тој ѝ се приклучил и се чувствувал како да е во Македонија.

Неговиот немирен дух не го оставил да престојува на едно место. Во Гери работел во фабрики, а повеќе во ресторани. Вон работното време посетувал вечерно училиште. Во шега кажувал дека во почетокот бидејќи  знаел некои француски зборови, помалку и ја изразувал својата одважност.

Во Гери се движел меѓупрогресивни работници и започнал да чита нивна литература. Не бил многу задоволен со работата и со животот во Гери, па затоа, со помош на некои негови другари, решил да се пресели во државата Илиноис во местото Нориџ (Норридге) недалеку од Чикаго, каде што останал целиот свој живот.

Тогаш владата на САД донела Закон со кој приливот на емигранти бил ограничен. Затоа, многумина Македонци кои веќе биле дојдени на печалба во САД, одлучиле трајно да се населат во новата земја. Меѓу другите Македонци бил и Петар Стаматов кој ја избрал таа земја за негова нова татковина.

Во 1929 година во САД се забележале првите знаци на престојната криза. Од ден на дел кризата се продлабочувала И се интензивирала. Затоа, во период од 3-4 години, без работа останале милиони Американци.

Според зборови на Петар Стаматов, период од 1923 година до 1929 година, со некои осцилации, а него бил просперитетен. Тогаш тој спечалил повеќе пари и стекнал сигурност во животот и во натамошната работа. Меѓутоа, кризата си го направила своето. За време на кризниот период тешко се наоѓала работа, а неделните плати кои што се движеле од 40 до 50 долари, паднале на 10 до 15 долари.

Кризата го затекнала во едно дуќанче на Вест Медисон Стрит, близу до Норд-вест станицата, во кое работел со ортак. Уште на самиот почеток на кризата прометот им паднал за 50%, а потоа продолжувал да паѓа. Кога веќе не можеле да спечалат пари за да ја платат киријата, биле принудени да го напуштат дуќанчето. И тие станале дел од невработените. Настапила мачнаи тешка борба за живот.

Во тие тешки мигови Петар ги потенцирал зборовите дека Македонците се приспособени и за лошо и за арно, што му давало сила да опстојува во животот. Безработицата, лошите услови за живот и експлоатацијата, го насочувале терале уште повеќе да се запознава со работничката литература и да припаѓа кон прогресивното работничко крило во САД.

Кризата била изразена и интензивна сe’ до 1933 година кога за претседател на САД бил избран Ф.Д. Рузвелт. Со тоа почнал процесот на длабоки економско-социјални реформи. Потоа, во 1935 година, по совет на Рузвелт, Конгресот го прифатил Федералниот закон во врска со работните односи, со кои на работниците им се признавало правото на синдикално организирање и на колективно договарање со сопственикот (газдата). Ваквата политика на претседателот Рузвелт, за кого гласале речиси сите доселеници од Македонија, имала благотворен одраз и врз работничкото движење.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.