Среда, 01 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
РАЗГЛЕДНИЦА ЗА ЧИКАГО – ГРАДОТ НА ПЕТАР СТАМАТОВ (8)

1uki12

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ

Поголемиот дел од својот печалбарски аџилак Петар Стаматов го помина во државата Илиноис, поточно во предградието на мегалополисот Чикаго. Тамугодоживеаубавиотпериододживотот, бракот, бизнисот. А, честопати се вели дека Америка, особено државата Илиноис, е земјата на бизнисот и религијата.

Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори се вгнездиле многубројни народи и нации од сите расни групи, со различни религии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, значајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат сите права и слободи за развивање на своите национални чувства, на својата култура, религија и на с# она што ја карактеризира нивната самостојност и самобитност.

 Во минатото Македонците на северноамериканскиот континент биле во поподредена положба во споредба со емиграцијата на соседните земји на Балканот. Затоа биле постојана цел на туѓите пропаганди. Соседните земји, доследно на своите освојувачки и асимилаторски апетити, настојувале со сите сили, избирајќи перфидни средства, да ги заведат неорганизираните Македонци; да ги придобијат кон себе, да ги зашеметат, со цел да ја деформираат нивната национална свест.

Така заразени од туѓите пропаганди, за жал, како религиозни луѓе се приклучиле кон некои (про)бугарски, (про)српски, (про)грчки православни цркви и други организации и клубови. Меѓутоа, положбата рапидно се смени по конституирањето на Република Македонија и особено по обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Како резултат на тие придобивки, Македонците во САД и Канада формираа бројни македонски православни цркви, македонски друштва, клубови и различни асоцијации, отворија радија и ТВ програми, започнаа да печатат весници, списанија и други информативни гласила на македонски јазик.

1uki123Чикаго во минатото

Тоа придонесе во новите средини тие да се претстават како посебна нација, со своја држава,со национална црква и со сите други атрибути на еден народ во светот. Притоа застанаа на страната на вистината, со цел да го афирмираат македонскиот народ и Република Македонија и да бидат мост со нивната втора татковина-Соединетите Американски Држави.

Во продолжение ќе претставиме дел од животниот простор на донаторот Петар Стаматов во САД, неговиот град Чикаго, каде тој го помина поголемиот дел од животот. А, Чикаго за Петра и Јажа Стаматови претставувал местото каде ги делеле и убавите и тажните мигови, местото каде среќата им се насмевнала и постигнале завидни економски резултати, за да се вбројат меѓу видните донатори на младите генерации во Македонија.

Имено, по престојот во Канада отпатувавме за САД и тоа на дестинацијата од Торонто за Чикаго. А аеродромот во Торонто е огромен, едноставен, практичен, со голем паркинг на катови, со безброј патокази и упатства, за патникот да може лесно да се снајде кон својата дестинација. Се упативме кон излезот на Чикаго, каде што набрзина ја завршивме царинската и граничната процедура и се најдовме пред влезот на ,,Пан Американ” авионот кој леташе од Торонто за Чикаго. И покрај тоа што линијата беше од интерен карактер, авионот ДЦ-9 беше еден од најсовремените. Покрај удобноста, забележавме дека секое второ седиште има и телефон кој се употребува со помош на специјална карта.

Беше пријатно од авион да се види дел од метрополата која се распространила долж езерото Онтарио. Го прелетавме Торонто и се упативме на северозапад кон Чикаго, до каде што патувавме час и половина. Стасавме на тлото на Соединетите Американски Држави, сместени меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составени од 50 сојузни држави и еден сојузен округ.

Чикаго, во чија околина го помина својот живот Петре Стаматов, е еден од најголемите и најконтроверзните градови во светот. Таму слетавме на неговиот најголем аеридром, “Охеира”. Овој град е втор по големина во САД, а најголем во државата Илиноис. Тој е распространет долж Мичигенското Езеро и достигнува десетина милиони жители со предградијата.

1uki124Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго 

Поради вонредно добрата геостратешка положба Чикаго е важна сообраќајна крстосница и пристаниште. Тој е најголем пазар на жито, стока и дрва, како и најголема берза на производи. Тој е град со пет универзитети, високи технички школи, бројни научни институции и институти, меѓу кои најпознат е Институтот за користење на атомската енергија, како и Уметничкиот институт, а е познат и по музеите, операта, саемот...

Според историскиот развој, Чикаго е формиран во 1803 година, со што спаѓа меѓу постарите метрополи. За жал, во 1827 година е уништен во голем пожар, а потоа е обновен и се развива во еден од најголемите и напознатите центри, не само во САД, туку и во светот.

Ја напуштив аеродромската зграда и со нашите домаќини се упативме кон мотелот кој се наоѓа во непосредна близина на  новата македонска православна црква црква ,,Св. Кирил и Методиј” во месноста Бервин. Бидејќи беше празник, пред црквата имаше поголема група нашинци, меѓу кои млади  облечени во народни носии. Навистина беше пријатно чувството да си Македонец на тие американски простори.

Другиот ден го искористивме за разгледување на Чикаго и посета на значајни места. Така, нашите домаќини не’ однесоа во строгиот центар на градот, каде се наоѓа највисоката зграда во светот. А центарот, или ,,даун таун”, како што нашите го презеле зборот од англискиот јазик, навистина е можеби најкарактеристичен за Америка.

Таму може да се видат бројни згради со многу интересна архитектура; секоја зграда е целина за себе, а сите тие облакодери прават една целина. Градот како да е надарен од Бога. Тој диши, пулсира многу потопло, попријатно и народски од било каде во светот.

Се шетавме по сите квартови во кои посебно живеат Кинези, Италијанци, Грци, Полјаци... Според составот на населението, така се нарекуваат и тие квартови. Меѓутоа, центарот се чини е најпривлечен и со многу топлина. Затоа често се вели дека и Ал Капоне, не случајно го одбрал центарот на Чикаго. Домаќините ни ги покажаа и улиците од времето на Ал Капоне и од филмовите за него. Беше интересно кога слушнавме дека и Македонци биле дел од гангстерскиот живот во тоа време.

Америка отсекогаш била ,,ветена земја” за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни, а процесот на доселување с# уште трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. Во овој долг период на доселување, ако Њујорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации.

Во Чикаго останавме неколку дена и го посетивме квартот во кој живеел Петар Стаматов. Се запознавме со животот и воопшто со секојдневните состојби на луѓето од тој дел на Чикаго, со цел да ни биде појасна сликата за времето на донатор. А тој кварт е многу сличен како илјадници други делови на таа метропола.

Го напуштивме Чикаго и понесовме убави спомени, за потоа да се упатиме на аеродромот и да заминеме за Детроит со авионот ,,Даглас 737”. Летот траеше околу еден час. Беше пладне кога тој се вивна во висините и леташе од североисточната страна, долж брегот на езерото Мичиген, во кое како во море се гледаат бродови и други пловни објекти.

Во далечината се забележуваше градот Милвоки во државата Висконсин, кога авионот сврте кон исток, а потоа преку езерото и копнениот дел на државата Мичиген, се најдов над центарот на автомобилската индустрија – Детроит.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.