|
||||
АМЕРИКАНСКИОТ АЏИЛАК НА ПЕТАР СТАМАТОВ – ДЕЛ I (10) |
ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ Биографскитеподатоцизадонаторотнафондацијата “ПетарСтаматов” приУниверзитетот “Св. КирилиМетодиј”, доблесниотиселеникодМакедонија, ПетарСтаматов, гидознавмеоддокументотштотојсамиотгонапишалнамакедонскијазиквосептември 1988 годинаигоиспратилдонеговиотвнукПроф. МетодијаТрајковски. Исто така, со цел што подобро да се запознаеме со животните патеки на донаторот Петар Стаматов, го поместуваме текстот од неговиот правнук Јованчо Методија Трајков, што ни го испрати пред неговата прерана смрт во мај 2008 година. Тој со својата сопруга Соња и ќерката Калина живееше во Торонто, Канада. Инаку, Јованчо се интересираше за животот и работата и имаше долгогодишни врски со донаторот Петар Стаматов. Неговиот текст беше подготвен токму за ова монографско дело за Петар Стаматов, во кој меѓу другото се вели: „Петар Стаматов го доживеав и запознав во 1961 година. Дојде во Битола за прв пат во посета на своите роднини по цели 44 години од заминувањето за Софија, а потоа за Америка, во дамнешната 1917 година. За Петар постојано слушав од мојата баба Анастасија и за мене тој беше личност која ја замислував и споредував со ликовите од американските филмови. Кога го видов вујко Петре (како што сите го ословуваа, а мене крвно ми беше прадедо) бев дете и бев малку разочаран. Очекував некоја друга слика или и сам незнам што очекував, но не беше тоа што јас го посакував. Мразот во мојата душа го скрши и го стопи вујна Јажа, жената на вујко Петре. По потекло беше Полјачка и донесена од Краков во Чикаго како двогодишно дете. Вујко Пеаре ја запознал 1939 година на Чикашките докови каде таа ги переле палубите на бродовите за 12 центи на час. Оттогаш само смртта ги разделила. Таа често топло ме држеше во нејзините прегратка и ми зборуваше на јазик кој бесе ист како во американските филмови – англиски. Ништо не ја разбирав, но од големите светли кафеави очи секогаш разбирав за што се работи.
Девојки во смилевски носии Таа беше висока, стројна жена која секогаш имаше беспрекорно средена фризура со платинста боја на косата, убави фустани и црвени чевли. Најчесто комуницираше со татко ми Методија и мајка ми Весела, а задолжителен дообјаснувач беше вујко Петар, кој ги тумачеше од англиски на макеедонски нејаснотиите во разговорите. Вујна Јажа ја видов уште еднаш по нецели три години, кога повторно дојдоа во Битола, а потоа во Скопје каде штоние се отселивме и отидовме од Битола во февруари 1963. Вујна Јажа почина 1986 година по кратко боледување од стомачен рак. За вујко Петре тоа беше губење на најголемиот столб во неговиот живот. Остана да живее до крајот на својот живот само со секавањата за неа и с# поврзуваше со Јажа како таа да беше усте жива. Вујко Петар беше со тркалезна глава, но постојано избричена, не многу висок, секогаш со бела кошула и вратоврска, испеглан и дотеран, а посебно со многу убави чевли кои ги засакав за цел живот. Подоцна разбрав дека тој тип чевли се вика “Бостониа” кои до ден деншен сакам да ги купам ако ги најдам. Кога ги купив првите такви чевли, видов дека тие се едни од најскапите и тогаш се подсетив на вујко Петар. Тој секогаш купуваше традиционални претмети кои беа потврдени и доста вредни. Во суштина беше конзервативен и републикански настроен. За Реган и за постариот Буш плаќаше по неколку илјади долари донации за вечери и конвенции, на кои никогаш не одеше. Кога го прашував зошто го прави а, ми одговараше со гордост и надменост дека тоа е одмазда кон демократите и кон Кенеди кој ја запусти Америка со неговите уставни промени. Пред времето на демократите, во сите квартови во Чикаго можело ноќе да се оди по ресторани и ноќни клубови, да се забавува до доцна во ноќта и сите биле срекни и задоволни. Потоа не можело ни да се помисли на тоа. Постојано споменуваше дека тоа треба да се чисти еднаш засекогаш. Со тоа ке се решел проблемот на Америка. Во тој поглед беше тврдокорен, или уште подобро речено, без визија за утрешнината. Во1990 година, по ерозијата на југословенските идеолошки, етички и морални визии за заедништво и соживот се струши и мојата визија за иднината. Така мислев во тој момент. Ја напуштив Македонија и се иселив во Канада. За мене национализмот, шовинизмот и сепаратизмот и денес се туѓи, неприфатливи и нецивилизирани карактеристики. Ми остана единствено мојот македонски идентитетна гордоста, исчистен до “ коска” од било какви пробугарски , просрпски или прогрчки наследства. Останав сам, јас и Македонија со целата нејзина разграбена и распродадена историја, длабоко скриена во долапите на непомирените душебрижници и против светот на лажните пријатели и хипокритни поддржувачи . Новиот свет никогаш не може да го замени старото и потопло и ако посиромашно огниште. Поминаа скоро две години додека се снајдов и се средив. Решив да му се јавам на вујко Петре.Тоа беше пролетта 1992година. Се случи нешто што најмалку го очекував. По разговорот со него останав вџашен и без зборови. Вујко Петре беше длабоко разочаран што слушна дека јас сум со мојата фамилија веќе две години во Торонто. Што барам јас во овој свет кога тој подобро д мене знае каде е поубаво? Местото ми е да се вратам назад, таму каде што животот е подобар и посреќен. Затоа ли Македонија ме студираше и ме пушташе по светот на специјализации и на постдипломски стидии?, ми зборуваше вујко Петре. Заклучив дека нема поим што се случува и што допрва се подготвува да се случи на старите простори на Балканот. Не му останав должен и во контекс на разговорот му “одрежав” дека не сум на гости кај него дојден, ниту планирам да бидам на нечиј терет. Не му се бендиса што му го реков тоа и со многу студено “догледање” се разделивме. Поминаа цели шест месеци во молк и заедничко игнорирање. Во мегувреме ненадејно почина мајка ми од срцев удар, на 62- годишна возраст. Присуствував на погребот и за една недела се вратив во Торонто. Еден месец по моето доаѓање од Скопје, ја затекнав жена ми Соња како со некого долго разговара на телефон и го ословува со вујко. Се изненадив, но и се разубедив дека се јавува само за да изрази сочувство. Вујко го добил писмото од татко ми и разбрал с#. Плачеше по телефон и ме молеше да му простам. Незнаев сто треба да му простам.
Сфатив дека изразувњето на сочувство беше добра прилика за вујко да се мири со мене за “минатото”. Инсистираше веднаш да ме види во Чикаго. Дури ми даваше инструкции што треба да правам и како да стигнам до неговиот апартман блиску до интрнационалниот аеродром Охара. Се’усте имаше претстава дека луѓето надвор од Македонија “се збунети, изгубени и како да комунуцираат со пантомима и гримаси”. Кога се исправив пред неговата врата, долго ме гледаше, плачеше и во силен грч ги кршеше прстите од неговите веќе длабоко остарени, нежни раце. Вујко тогаш имаше 93 години. Нецели 75 години тој беше во туѓина. До доцна во ноќта разговаравме и за с# ме прашуваше во детали и со исцрпни и перфектно дефинирани прашања. Со вујко останав цела недела. Два дена пред моето враќање за Торонто, уште од сабајлето, на секогаш уредно и богато ми закажа термин за вечера со вино, во 6 часот попладне да бидам дома. Јас често, потоцна скоро секој ден, излегував и бев со мојот многу близок пријател и колега Блаже Булак, кој вујко многу го засака и него и неговата фамилија, откако ги запознав првиот ден по моето пристигнување воЧикаго. Вечерата беше како да е Божик. Одпрвиотмоментмиостависиленвпечаток. На трпезариската маса имаше многу кутии со документи и големи жолти коверти. Сето тоа ми го привлече внимание и поттикна љубопитност. Вујко ја почна својата беседа и исповед. Почна, со полни очи солзи, да бара прошка и разбирање од мене за се’ што сторил во својот живот. Почна со своето раскажување од 1917 година. Во своето интересно раскажување рече дека како 16- годишно дете отишол во Софија, во Бугарија, и работел во централната градска кафеана како помошник келнер. Во таа елитна кафеана, во која навраќале и кралските службеници, вујко Петре бил познат по прекарот “детето”. Најмлад и највреден, останувал на работа и по цели денови за да се докаже и да заработи. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |