Среда, 22 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
АМЕРИКАНСКИОТ АЏИЛАК НА ПЕТАР СТАМАТОВ – ДЕЛ II (11)

1av121

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Со цел што подобро да се запознаеме со животните патеки на донаторот Петар Стаматов, го поместуваме текстот под дел два од неговиот правнук Јованчо Методија Трајков, кој со својата сопруга Соња и ќерката Калина живееше во Торонто, Канада. Во текстот, меѓу другото, го пишува следното: 

Еден ден, во1918 година, чистејќи ја кафеаната наишол на некој заборавен исечок од весник и некоја заборавена фасцикла на некој од гостите што  биле од предхониот ден. За среќа, на неа имало и име и презиме. Вујко се сетил на тој гостин и решил да му ја врати.  По неколку дена повторно дошол истиот човек на кого му припаѓала фасциклата . Вујко му ја вратил фасциклата и за тоа добил награда. 

Човекот останал со последните гости и пред затворањето го викнал вујко и го прашал дали знаел што имало во тоа што му го вратил. Вујко бил збунет и уплашен да не недостасува нешто или дека е изгубено. Човекот му се претставил дека е од француска компанија која работи во Бугарија и е одговорна за емигрирање во Америка и дека токму тој  сака да му помогне на Петар да замине за “ветената земја”.

Така и направил. За нецела недела му ги подготвил, речиси ги фалсификувале документите (бидејќи вујко немал полни 19 години колку што било потребно)  и му ги предал за да појде на далечен пат. Така, вујко заминал за Гери, Индијана и тоа со брод од Болоња, Италија. Како што бидувало и тогаш и денес, во Гери го пречекале наши луге. Тие живеле во сиромашни услови, и работеле  секојдневно по 12 часа. Им останувала слободна само неделата и од сабајлето оделе во единствената православна црква, која била под јурисдикција на  Бугарската православна црква. 

1av1212

Внатрешниот дел на црквата во Смилево

Таму биле во коминикација со братските дружелубиви браќа Македонци, претежно од Егејска Македонија. Таму се ковала иднината и историјата на новото македонско иселеништво кое било свртено кон напредните сили во Европа, каде и ја гледале иднината на Македонија. 

Вујко бил импресиониран од некој господин Попоф, кој многу убаво зборувал англиски јазик и бил респектирана личност во тамошните кругови. Тој секогаш ги подучувал Македонците што треба да прават и како да се однесуваат во одредени ситуации. Попоф бил задолжен да им пишува писма на ангиски јазик или да комуницира со работодавачи. По некоја година,  пред големата депресија и решението на берзата во Њу Јорк, господин Попоф почнал да им бара пари за предходните и наредните услуги. Ако немале и на тие што не можеле да се јават кај поп Симеон, кој ќе им помогне?. 

А, еве, како им помагал попот Симеон. Им ги земал документите на сите, им издавал нови црковни документи, како крштеници и изводи на родените и документ дека кон  Попоф се подмирени долгувањата .Меѓутоа, многу малку од нив забележале дека им се изменети имњата и презимињата. На пример, Вујко Петар не бил веќе Петар, туку Петар Стаматоф (со “ф” на крајот), наместо Стаматов. 

Кога реагирале вујко и уште неколку негови истомисленици, им дале образложение дека во Америка така се пишува нивното име и ако сакале промена, требало прво да ги подмират трошоците према господин Попоф, а потоа и кон црквата. Вујко останал незадоволен и се чувствувал излажан. Не се работело за национална свест и патриотизам, туку едноставно за лажење и уценување. Во 1929 година настапила големата депресија. Немало работа никаде, само глад, сиромаштија и секојдневни самоубиства. Се хранеле од казан во јавните кујни, се’ до 1931 година. 

Вујко решил и добил прилика де се тргне од балканското друштво од Гери, со цел да види што може сам да направи во животот. За оваа намера разговарал со некој Италијанец по име  Луиџи кој му помогнал и го вработил по неколку часа  во денот да работи во неговите подрумски простории од дуќанот, во кој се продавале зеленчук и овошје. Вујко Петар му ја подготвувал стоката: ја чистел, класифицирал и ја поставувал да биде подготвена за продажба. Кога  господинот Луиџи видел колку бил вреден вујко Петре, го информирал  дека тој имал брат во Чикаго, со ист таков дуќан и дека може да работи и кај него. По еден месец вујко веќе бил на работа кај братот на Луиџи. Кај него останал скоро две години, а потоа преминал во некоја поголема диситрибутерска компанија за овошје и зеленчук. 

Во новата компанија, за среќа, имало  и синдикат. Таму вујко Петар тука се запозналсо идејата за новото руско општество на Ленин и на Сталин. Ентузијазмот бил голем. Со одушевување биле прифатени новите идеи и начин на работа и живеење. Затоа, некои од вработените се подготвувале дури и да заминат во ветената земја на пролетеријатот. 

Во тие немирни години, фашизмот немилосрдно се ширел. Така, Хитлер окупирал голем дел од Европа и пошироко, а Мусолини стасал до Етиопија. Франко беснел во Шпанија, а со тоа започнала и Грѓанскиот војна. По старото непишано правило, војната во Европа придонела да се отворат многу работни места, надниците во Чикаго да скокнат од 8 центи на час до 40-45 центи. Како резултат на тоа, по годинадве, Вујко собрал некоја пара настрана и, познавајќи ја трговијата, одлучил сам да отвори дуќан.      

За жал, вујко Петар немал доволно пари за инвестирање, а имал желба да биде самостоен, односно да отвори свој дуќан, Затоа, собрал сили и идејата му ја кажал на братот на Луиџи, со кого станале добри пријатели. Во почетокот тој  ништо не му ветил, туку му рекол дека ќе разговара со некои луге во врска со неговата желба. Не поминало десетина дена и братотот на Луиџи му закажал состанок на вујко Петар во хотелот “Асториа”, да се сретнат навечер. 

Вујко најпрво  помислил да не е некоја грешка, но кога отишол во хотелот, видел од портирот дека го очекувале неговото доаѓање. Состанокот бил закажан вујко Петре да се сретне со познатиот Италијанец од подземјето, Ал Ка Понесо .Тој го примил  една минута и веднаш му дал 5.000 долари, велејќи дека парите се за да отвори дуќан на “Цицеро Авенијата”.   

Неговите луѓе ќе му помогнеле да го земе  подобриот дуќан, кој бил на добра локација, но само под еден услов, а тоа било да купува стока исклучиво само со списокот на  компании коа му го дал. Исто така, му рекол дека треба парите да ги врати по две години, со 5% камата за двете години. Тоа било големо изненадување и помош за вујко Петар да ја реализира својата дамнешна идеја. Така, со парите  отворил дуќан и ја започнал својата нова иднина. Дуќанот го држел до 1965 година, кога големите супермаркети започнале да ги голтаат помалите бизниси. 

1av1214

Чикаго 

Поминале две години откако ги земал парите на заем и кон крајот на 1940 година отишол да ги враќа со камата. Тогаш, за негово изненадување, луѓето на Капоне му рекле дека ги простуваат парите, бидејќи се држел строго по договорот, односно купувал стока  од нивната компанија, што требало и да продолжи и во иднин, поточноа да соработува со истата компанија. Вујко Петар бил пресреќен и, се разбира,  полн со пари. 

Ваквата материјална сигурност му дала повод да влези во брачните води. Така, ја побарал раката на идната сопруга Јажа, која во минатото му била девојка и му помагала во работата во дуќанот. Откога нејзините дале дозвола да му стане сопруга, тие направиле скромна свадба и го започнале нивниот заеднички живот. Тогаш и во дуќанот почнала да се зголемува работата, а младиот брачен пар да станува економски посигурен. Работата почнала да цвета и с# повеќе да се заработува. Тоа особено било изразено во периодот на годините во Втората светска војна. 

Во тој период, при една посета на пријатели во Гери, Индијана, се сретнал повторно со господин Попоф. Разговорот меѓу нив траел цели 4-5 часа. Најверојатно  интелектуално појак и лукав , господин Попоф го убедил вујко Петрета во неговите “чесни” намери дека “сичките Македонци и Б’лгари се един народ”. Тука вујко Петре подклекнал пред својата убеденост и повторно прифатил парично да  партиципира и да ја финансира организацијата МП. Сето тоа го правел  до почетокот на 1974. 

Во меѓувреме, во периодот 1958/59 година, неговиот бизнис пораснал, што му овозможило да купи уште еден дуќан и притоа вработил повеќе луѓе да работат за него. Во 1963 година го купил третиот дуќан, кој го менаџирала вујна Јажа и во кој се продавало алкохол и слики- сувенири. Во периодот од 1974 до 1976 година, ги продал сите дуќани,  а парите  ги финансирал на Безата во Чикаго. 

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.