Среда, 29 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
АМЕРИКАНСКИОТ АЏИЛАК НА ПЕТАР СТАМАТОВ – ДЕЛ III (12)

1adzi1

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Со цел што подобро да се запознаеме со животните патеки на донаторот Петар Стаматов, го поместуваме текстот под дел три од неговиот правнук Јованчо Методија Трајков, кој со својата сопруга Соња и ќерката Калина живееше во Торонто, Канада. Во текстот, меѓу другото, го пишува следното:

Според неговите кажувања, во периодот на 1964 година кога по втор пат дошол во Македонија се случила дефинитивната пресвртницата во неговиот живот. Имено, при посетата на Скопје тако ми Методија, тогашен доцент на Архитектонско–градежниот факултет го запознал вујко Петре со голем број значајни знаменитости и историско-културни споменици, најнапред во главниот град, а потоа по цела Македонија. Не штедел ни  време ни пари да му ја направил посетата на  вујко Петар да биде задоволен со с#  што сакал да види, да чуе и да запознае.

Верувам дека татко ми најверојатно бил мотивиран за една таква великодушност, зашто покрај родбинските врски со вујко Петре, тој поседува голема љубов и гостопримство кон сите луѓе. Веројатно кај татко ми  имало влијание и фактот што тој бил еден од шесте стипендисти на Американската влада, преку ФОРД фондацијата да добие двогодишна степендија на Универзитетот Беркли во Сан Франциско, во период  1975 – 1976година.

Значи посетата на вујко Петре на Македонија била многу значајна за тој да расчисти со некои убедувања што, ете, му биле наметнати од туѓите пропаганди во САД. Сето тоа што тој го видел со своите очи  и го чул со своите уши во Македонија, било пресудно вујко Петре да  расчисти со самиот себе, да осознае кој е и од каде е, да види дека неговата родна земја не е она што тој го знаел и дека таа е нешто други од она што како дете го понел со себе. 

Во една прилика ми се довери дека во истиот тој период при посетата на Македонија, не сум сигурен дали тоа било при неговата посета по прв или втор пат, еден негов роднина битолчанец го однел на богослужба и при посетата на Битолската митрополија и го запознал со тогашниот битолски владика, познат по прекарот Бабец. Со владиката се сретнал повеќе пати. Бил под огромна импресија од познавањата и духовноста на владиката. 

1adzi12

Чикаго некогаш

Најверојатно владиката му ја “отчитал молитвата” за сите негови национални, духовни, религиозни, културни и етнографски бркотници во кривоинформираноста. За негова среќа, а и моја, од тие моменти чувствував како вујко Петре да се променил. Уште повеќе му влеав доверба кога  му кажав дека јас лично го познавам владиката и дека неколку недели пред тоа поминував со него по неколку часа дневно во дискусии, на филозофска база, за битието и основата на идејата и материјата како појдовна основа на светот. Владиката имаше завршено филозофија, на париска Сорбона. Фундаментално ми помогна за мојата матурска тема по филозофија која се однесувасе на идеалистичките и материјалистичките погледи на утопистите Томас Мор и Макијавели .

Исто така, вујко Петре ми кажа дека во истиот тој период довагајќи во Македонија по втор пат со брод од САД до Италија, на бродот  се сретнал со богати адвокати од Аризона и Тексас,  како и со некои еминентни археолози од Италија, кои доаѓале од Јужна Африка. Овие археолози, прави мајстори на својот занает, со денови му раскажувале  за големото богатство на македонската култура, особено од археолошки поглед. Тоа го потврдувале со факти, бидеќи подолг период работеле на археолошките ископини од  Постојна Јама во Словенија до Валандовското кале. 

Исто така, познанството со богатите адвокати било пресвртница во неговиот живот. Имено, еден од нив, кој бил на негова возраст, му станал личен адвокат до крајот на неговиот живот. Чинам дека името му беше Дан. Не сум стонастотно сигурен, но мислам дека тој, по вујковата смрт, огромна сума пари во акции му ги присвоил. Тој му бил финансов адвајзер за близу 3.5 милиони долари во акции од фабриката Форд. Вујко Петре започнал  да купува акции одма по нивната средба и враќањето од тоа патување. По нивна сугестија, најверојатно и ги продал  дуќаните и  парите ги вложил во берзански трансакции. Се збогатил доволно за да може постојано да оди до Мајами и да живее со идејата да им помогне на тие кои заслужуваат. 

Со татко ми и со мајка ми се зближил уште повеќе во периодот на  нивниот  двогодишен престој во Америка. Татко ми посебно го ценеше, го  сакаше и му веруваше како на добар човек и негов роднина. 

1adzi13

Гери во минатото 

Кон крајот на 1978 година, некои негови стари пријатели од Гери, Индијана се сетиле на вујко Петре, дошле во Чикаго и го поканиле да оди со нив на некоја средба со Македонците. На таа средба присуствувала македонска делегациј,а во составот на некоја Југословенска парламентарна и протоколарна средба во Вашингтон. 

Постојано ги споменуваше згодите од таа средба. Посебно беше одушевен од фолклорот и музиката, од луѓето, од младите и постигнувањата на младите генерации во Македонија. Исто така, често зборуваше за постигнувањата на младите македонски  генерации од Гери и Чикаго.  Често споменуваше дека вујна Јажа не ги сакала многу тие Македонци кои  навраќале кај нив дома, зато што ја потсетувале на Полјаците кои,  исто така, многу пиеле и се опијанувале. 

Длабоко навлезен во нитките на новото време и новите збиднувања, при крајот на седумдесеттите години целосно раскинува со индоктринаторите на МПО. До својата смрт постојано си споменувасе и велеше: “ Тие песови ме лажеа да  им давам пари и јас останав лажан”. 

Во почетокот на осумдесеттите години, интезивно ги јакни и  продолжува контактите со тогашниот југословенски амбасадор, господинот Хорват, кој го запознал во Чикаго на отворањето на ликовната изложба на македонскиот сликар Вангел Наумовски од Охрид. Благодарение на амбасадорот Хорват, вујко Петре започнал да добива списанија, книги и различни информации од целата тогашна Југославија, а посебно од македонските информативни медиуми. 

Меѓу другите информации, ја добил и онаа за формирање на фонд за стипендирање студенти под име “Атанас Близнакоф”. Многу се заинтересирал за оваа идеја. Постојано бил во контакт со мојот татко и ги почитувал сите неговите мислења, предлози и сугестии. Така, по примерот на Атанас Близнаков одлучува и тој да формира иста фондација во Македонија, како што постојано споменуваше  “за да се оддолжи за с# што згрешил према својот народ”. 

Со вујко Петре бев постојано , поточно скоро секој месец по неколку ден,а за што морав да патувам на релација Торонто - Чикаго. Сето тоа траеше од 1992 до 1995 година,  кога кон крајот на јануари доби пнеумонија и атрофија на левото градно крило. Тој ми остави завет да му ја исполнеме неговата последна желба  да ја види керка ми Калина, сопругата Соња и мене, да бидеме присутни до крајот на неговиот живот и да го погребам. Му ја исполнив таа желба, изјави правнук на Петар Стаматовм-р Јованчо Методија Трајков, одТоронто,  во јануари, 2008 година.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.