Среда, 12 Јануари 2022    PDF Печати Е-пошта
СТИХОЗБИРКАТА „ЕДНО ЛЕТО ВО ОХРИД“ НОВО ДЕЛО НА САВО КОСТАДИНОВСКИ

1oh1

Во издание на „Академски печат“ од Скопје излезе од пеќат стихозбиркта “Едно Лето во Охрид“ од познатиот  поет и писател Саво Костадиновски. Стихозбирката  содржи 30 песни посветени на Охрид, градот кој е инспирацијата за овој долгогодишен македонскиот иселеник во Германија.

Стихозбирката “Едно Лето во Охрид“ е една од неговите дела кои сведочат за тоа колкава е неговата поврзаност со родната татковина.. Еден живот во две средини не е едноставно да се живее, но на многумина писатели таков живот им годи за да живеат уметнички, инспиративно, црпејќи од различни теми. Резултатот е тоа што писателот Саво Костадиновски има објавено еден том збирка со поезија за млади и возрасни со вкупно 81 збирка. Со објавувањето на овој том, тој се вброи во најпродуктивните автори со објавени книги со поезија и проза за млади и за возрасни.

Затоа, со право се вели дека Саво Костадиновски е еден од најистакнатите македонски автори во иселеништвото. Неговото обемно поетско  и прозно творештво брои над 140 досега објавени книги поезија и проза за деца и возрасни. Како човек со два дома, еден во,Македонија и еден во Германија, тој е автор има 44 книги поезија и проза кои се објавени двојазично, на германски и на македонски јазик. Притоа, неговите дела, особено неговиот роман  наидоја на добар прием кај германските читатели.

Во воведот на делото “Едно Лето во Охрид“  Саво Костадиновски го напиша следното: „Од секогаш во животот Охрид ми бил, од копнеж, носталгија, желба па се до инспирација. Посебно во годините кога ги минував далеку во туѓина. За време на моите одмори во татковината, посетував многу туристички места во Република Македонија, и со големо задоволство го посетував и прочуениот град Охрид. 

Со време сѐ попривлечна ми беше магичната ревиера на Охрид и Охридското Езеро, така што дојдов на идеја едно лето одморот да го искористам во Охрид, и да се восхитувам на знаменитостите кои Охрид го прават славен. 

Како и во други земји по светот, каде што ги минував одморите, така и во Охрид, секој ден спонтано, ми се наметнаа редица песни од кои настана и оваа збирка поезија, од инпресивните патувања по Охрид и околината“

За Саво Костадиновски е запишано дека неговото обемно творештво, посебно место кај читателите  и голем значај во литературата имаат поетските дела: „На Македонија со љубов“, „Јас и Келн“, „Записи од Америка“, со посебна нагласка на собраните поетски дела „Поезија за поезијата“, како и  прозните дела  „Се’ од љубов за Порече и Поречани“, „Појаснување“, „Трите века“, Роден крај со срце“, „Бисера и Филип“ и други.

1oh12

Дел од Библиотеката на Саво Костадиновски

Исто така, Саво Костадиноски е колекционер на книги, при што формирал уникатен дел од библиотека на книги над 1000 македонски писатели и поети, и од секој од нив има по една книга.Таа вредна библиотека Саво ја подарил на библиотеката на Домот на културата во Македонски Брод

Саво Костадиновски е еден од македонските писатели од дијаспората кој со успех пишува поезија и проза за млади и возрасни, со што со време се стекна да има позабележително место во македонската литература, а исто така со неговото творештво е истакнат, познат и признат и во Германија. Како писателот Саво Костадиновски е носител  на  бројни награди и признанија кои му се доделени и во Македонија и во Германија

Поетот Саво Костадиновски половина век живее во Германија, земја која со право ја смета за негова втора јазична татковина, па како дводомен автор пишува на македонски и на германски јазик. Во Германија тој се оформи, се издигна како добар автор, лиричар. За тоа сведочат неговите бројни книги со поезија за возрасни објавени двојазично, на македонски и на германски јазик.

Неговата долгогодишна соработка со Сојузот на германски писатели преку промоции на книгите, преку средбите и разговорите, читањата, настапите на разни други пригоди, послужи да се зближат двете култури, македонската и германската, и токму поради тоа, Германците, го сметаат за вистински амбасадор на пишаниот збор меѓу Македонија и Германија.

1slave  Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.