Среда, 19 Јануари 2022    PDF Печати Е-пошта
ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

FB IMG 1637485447015

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните простори ја подвлекува со ракатка стихови наменети за далечините наспроти својот роден крај. Таа како птица одлетана во други непознати предели ја започнува и јасно ја бележи сопствената драматика.

„Одлета како птица во едно пладне есенско

Далеку од својот роден крај

Преку мориња, океани да најдеш нов дом.“

   Сепак таа цврсто ја држи и негува љубовта за родниот крај, за Македонија, земјата од каде животот ја поткрена и носена на крилјата од потрагата се наоѓа во далечини каде ги запишува своите искрени спомени за Македонија.

    Во таа можност да се откриваат простори кои постојано се едначат со оние другите кои ги напушта, поетесата е пред вечната дилема и прашањето: Дали и кога ќе се врати Македонецот повторно врз своето топло огниште? Таа дилема некогаш се решава, благопријатно за некои кои не успеале целосно да се врзат за новата земја. Некои заборавиле од каде полетале и што оставиле назад таму. Но Гордана Димовска преку своите лирски навраќања кои ги одредила и преку кои ќе ги дефинира своите ставови ја нагласува сета своја љубов, целиот свој патриотизам за Македонија, за нејзините убавини, како и историските значајни датуми нејзини.

„Еј Македонијо

Мајко страдалнице

Уште колку ли векови ќе страдаш?

Ти си за нас најубавата мајка

Најмилата топла рака

Која не допрела, не задоила,

Не водиш како ѕвезда водилка

Душа ни даде,

без тебе ќе бидеме

никој и ништо!“

   Поетесата своите чувства за сите кои се бореле за слобода и ги положиле своите животи во темелите на посакуваната слобода го искажува преку песната „11 Ноември“, песна посветена на сите кои ги положиле своите животи за таа земја. Оттука тој нагласен космополитизам на Гордана Димовска, тој мост за спојување на сите борци за слобода било каде и било кога.

   Во „Поетски мозаик“ следуваат мноштво стихови посветени на вечната борба на Македонците низ минатите времиња. Сите тие песни, се поетски записи на една даровита млада поетеса, која во закрила на мигот исполнет со дневните настани, за непризнавањето, за името македонско, за јазикот и ред други актуелности, ја предизвикале поетесата да го дигне својот глас. За неа не би постоел светот ако не постои јазикот македонски, Македонецот и секако Македонија.

   Поетесата Гордана Димовска посветила и доста стихови со нагласена лиричност, дескриптивност, емотивност и за убавините на својот роден крај, посебно Битола и Пелистер кои се вечен запис во нејзината душа.

   Во песните и стиховите на Гордана Димовска нема песни со нагласен ирационализам, напротив во сите блика еден издашен извор на љубов, желби, посакувања, да се забележи и одбележи пулсирањето на возбуденоста за својата земја Македонија.

   Оваа книга околу себе, благодарение на даровитата Гордана Димовска, ќе створи една видлива аура, еден нагласен релјеф на интересноста за идните читатели, љубители на поезијата. Токму ПОЕТСКИ МОЗАИК, изграден од бесценети шаренолики камчиња (зборови и стихови), ќе биде основа за едно убаво патување, за прекрасно сонување на убавините со кои не почести поетесата Гордана Димовска.

Илија Мерковски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.