Среда, 02 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ ПРЕТСТАВЕНИ ВО ДЕЛOTO „ПО СТАПКИТЕ НА ЕВЛИЈА ЏЕЛЕБИЈА“ (27)

1sa1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата „По стапките на Евлија Челебија“ од Славе Николовски – Катин е издание на „Македонска искра“, Скопје издадено во 2007 година, на 192, на турски јазик, во превод на Нестрин Омер Наумовска и Халит Зеинулах. Во публикацијата се дадени неговите патувања и трагања ширум Турција. Притоа посебно место во книгата имаат средбите и разговорите на авторот особено со Македонците муслимани и Турците кои водат корени и се тесно поврзани со Румелија, односно Македонија.

Делото содржи текстовите за Република Турција, татковината на Кемал Ататурк која е земја на големите контрасти, а Истанбул е најголем економски и културен центар кој се протега на три морски брега и се просна седум ридови. Тој е градот на Јустинијан I кој бил роден во селото Таор, кај Скопје, во Македонија, а бил византиски цар, император на Источното Римско Царство.

Бизантион, Цариград, Константинопол, Истанбул. Доста имиња за единствениот босфорски град. Доста страници во историјата говорат за неговата многувековност и опстојување. Славата го следи уште од моментот кога римскиот император Константин решил да ја пресели престолнината од Рим во Визант, како што тогаш се нарекувал Истанбул. Денес тоа е град со многубројни сведоштва за културно-историското минато, со споменици од византискиот и од отоманскиот период, а во исто време е најголем економски и културен центар на современа Република Турција. Всушност, Истанбул е раскрсница на азиската и европската култура, цивилизација и религија. Тој, всушност, претставува врата од север кон југ и од исток кон запад.

Во Истанбул има над 50 царски палати и други културно-историски споменици. Најпознатата меѓу нив е палатата на Топкапи со преубавите царски одаи и хареми. Да споменам дека во музејот “Топкапи” ги видовме и специјалните чинии што ја менуваат бојата при допир со отров, наменети само за царевите. Без здив останавме и пред дијамантот познат како “Кашички елмас” и пред камата украсена со дијаманти и други непроценливо вредни предмети.

Затое, често се вели дека за многу луѓе на светот е предизвик да се посети татковината на Кемал Ататурк. Земјата на големите контрасти, која се разликува од онаа Турција во минатото.  Земјата која била освоена од Александар Македонски и приклучена кон Македонската Империја. Потоа империјата во кoja беше и Македонија цели пет векови. Кемал Ататурк чии родители потекнуваат од Македонија, од селото Коџаџик, Дебарско (а тој се води дека бил роден во Солун), е човекот кој животот го посветил на Турција и на нејзината посреќна иднина.

Ататурк е човекот кој, меѓу другото, ја одбулил турската жена, ја одвоил верата од државата и го воведе латинското писмо во турскиот јазик. Тој е човекот кој е широко прифатен од народните маси. Затоа патување во Турција се предизвик и во исто време големо задоволство.

Турските истражувачи велат дека ни неговите постојани жители не ги знаат доволно сите негови убавини. Не се знае ни точниот број на неговото население. Според официјалните документи, во Истанбул живеат околу 10 милиони жители, меѓу кои голем број Македонци христијани, Македонци муслимани и Турци родени во Македонија. Затоа, токму во Истанбул, пред концертот на Националниот ансамбл „Танец“ што се одрша во септември 2008 година беше промовирана публикацијата „По стапките на Евлија Челебија“ од Славе Николовски – Катин.

Во делото „По стапките на Евлија Челебија“ од Славе Николовски – Катин посебно место има репортажата за посетата на куќата на света Богородица, каја кај него предизвика посебно чувство на возбуда кое се преточи во спокојство. Во тој прекрасен објект, човек како да е некаде во Македонија, во некои од манастирите на Македонската православна црква. Живописниот предел каде што е изградена куќата на света Богородица посетителот го потсетува на пределите кои се земени за пример при изградбата на христијанските манастири во светот. А, таму, според обичаите, по поклонувањето во Црквата, излегувањето од храмот и миењето со светата вода, според обичаите и верувањата, посетителот станува аџија.

Просторот привлекува со својата убавина и живопис, а Црквата претставува место каде илјадници христијани и муслимани доаѓаат да се поклонат и да се помолат. Се чини дека во две илјадитата година Црквата беше најпосетена на 15 август, кога се одржа најголемиот собир по повод Третиот милениум од христијанството, кога Црквата беше посетена од илјадници верници, намерници, христијани, муслимани и други.

Инаку, според пишаните документи познато е дека свети Јован ја донел света Богородица во Ефес во четвртата или петтата  година, веднаш по распетието на Исус Христос. Куќата на планината Билбил, која била подготвена и направена од свети Јован, се наоѓа на 420 метри надморска височина.

Според кажувањата куќата ја открила германската калуѓерка Ана Катерина Емерич, која својот живот го посветила на Бога, била парализирана и воспоставила духовна комуникација со света Богородица. Нејзе во бесвесна состојба и’ се прикажувало, се вели во документите, дека Богородица е закопана во близина на Црквата. Тоа го потврдиле некои лазаријански свештеници кои во 1891 година го откриле местото на куќата во која света Богородица ги поминала последните денови од животот. Така, било откриено дека зградата во форма на крст и кубето биле руинирани, но подоцна биле реставрирани..

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.