Среда, 09 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ДЕЛОТО „ИЛИНДЕН 1903-2003“ (28)

41234

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Публикацијата „Илинден 1903-2003 и македонското иселенишво“на Славе Катин е дело на„Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2003 година, на 232 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се проф. д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и проф.д-р Цане Мојаноски,

Во ова дело, меѓу другото, се вели дека Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа или на други простори.

Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса и планетарна шифра, по која светот Македонците ги распознава.

Стогодишниот јубилеј на Илинден е оној генетски предизвик од кој мора да се родат вакви и слични книги, посветени на неговите соѕвездија чие зрачење, ние Македонците го чувствуваме цел еден век, не само во нашата колевка на Балканот, туку и на сите континенти на кои изр’тило нашето семе.

Сега, со извесна дистанца од скромните дела за дијаспората, се гледа колку е силно и моќно илинденското племе Македонци, прифатено од меѓународната заедница како библиска нација, која го задолжила светот со старословенската писменост и куптура. Сега се гледа и чувствува големината на Илинденската епопеја, светлината што извира од неа за да го детронизира мракобесието и да го покаже латот на македонската национална ренесанса.

Крушевската Република е најславната страница на Илинденското востание. Тоа е најконкретен израз за симболиката на државно-правните стремежи на македонскиот народ, што беа идеал кон кој со години потоа се стремат новите генерации.

Во текот на илинденските иселенички празнувања најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Австралија, САД, Канада и Европската Унија (Европа), се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе традиционални.

Република Македонија е поборник за воспоставување, одржување, проширување и потикнување на соработката и врските со иселениците и нивните потомци во дијаспората со тоа што помагала, помага и во иднина треба да помага во негувањето на националната свест, јазик, култура, религија и друго. Притоа, посебна нагласка е ставена  на  големиот празник на македонскиот народ – Илинден, кој досега е прославуван во сите македонски заедници во целиот свет.

Илинден е особено изразен во македонските православни цркви, манастири и црковни општини, во нивните друштва и асоцијации кои работат во состав на духовните центри. Голем број активности се врзани за името на овој празник и се одвиваат токму во текот на големиот македонски празник Илинден.

„Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Славе Катин во неговиот богат опус за македонекото исепеништво во светот. Ова дело посветемо на големиот јубилеј Илинден, претставува рвтко оригинално издание од овој вид во македонската историографија. Тој во него услеал да оствари синтеза на историската борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода во текот на цел еден век, крунисан со неговата самостојна и независна држава - Република Македонија.

Оваа книга ја изразува митолошката симболика на Илинден, како ден на деновите, како амалгам кој ги поврзува и обединува Македонците во остварувањето на нивната историска и национална цел да имаат своја држава, без оглед каде се наоѓаат - во етничка Македонија ипи надвор од неа – насекаде по светот“

Ова го напиша проф. д-р Ввра Стојчевска-Антиќ како еден од рецензентите ма книгата "Илицден 1903-2003 и македонските иселеници", кое е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена по повод стогодишнината од најсветлиот празник на македонскиот народ – Илинден.

Вториот рецензент проф. д-р Цане Мојаноски во својата рецензија, меѓу другото, ќе напише: „Книгата "Илинден 1903-2003 и македонските иселеници" од Славе Катин е сведоштво за силината ка македонскиот дух и неговата трајна поврзаност со македонската земја. Македонските исегенички организации и заедници, особемо македонските храмови се матиците околу кои се обединуваат Македонците од сите делови на Македонија. Македонските правоспавни цркви низ светотот, мноштвото гласила. објавените книги и неброените песни и ора, се само дел од историската ризница и културниот подем што го постигнуваат Македонците насекаде низ сеетот“.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.