|
||||
ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА И ДЕЛ ОД НЕЈЗИНИОТ ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ (1) |
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА Во историските документи за Пиринска Македонија се вели дека таа е дел од етничката територија на Македонија, кој дел по Букурешкиот „мировен” договор во 1913 година припаднала на Бугарија. Во антиката Пиринска Македонија најпрвин била дел од Панонија и Тракија, а подоцна станала дел од Царството Античка Македонија. Во римскиот период Пиринска Македонија доживува своевиден процут, за што сведочат повеќето археолошки ископини на антички градови во близината на денешните градови Благоевград, Сандански, село Рупиште и други места. Во средновековниот период Пиринска Македонија била под власта на царот Самуил, Византија и балканските феудалци. Со доаѓањето на Турците, Пиринска Македонија бележи одредена стагнација на повеќе полиња, но сепак не го напушта својот непокорлив македонски дух. За време на Руско - турската војна во 1877-78 година, северниот дел на Пиринска Македонија ќе потпадне под руската окупациска зона, но по Берлинскиот конгрес ќе ѝ биде вратена на Турција. На подрачјето на Пиринска Македонија е кренато Кресненското (Македонското) востание против османлиската власт во 1878/79 година, со центар во Кресна, кое имало силен македонски национален карактер и цел да создаде независна автономна македонска држава. Кон крајот на XIX век на територијата на Пирин со својата чета ќе царува големиот македонски револуционер и великан Јане Сандански, кој бил близок соработник на Гоце Делчев и најголем борец против врховизмот. Тој е познат под прекарот „Пирински цар” кој ќе го изврши познатото грабнување на протестантската мисионерка Мис Стоун од Соединетите Американски Држави. Втората светска војна го затекнала македонскиот народ поделен во три држави: Југославија, Грција и Бугарија. Бугарија, на 1. март 1941 година склучила сојуз со нацистичка Германија, додека Грција и Југославија во краткотрајната априлска војна од 1941 година биле поразени и окупирани од страна на силите на оската, што ја сочинувале Германија, Италија и Бугарија. Така целата територија на Македонија била окупирана од фашистичките сили и поделена на окупациони зони. Бугарија, која претходно го имала Пиринскиот дел на Македонија во својот состав, го добила поголемиот дел од Вардарска Македонија и источниот дел од Егејска Македонија. На Италија u припаднале: поголемиот дел од Западна Македонија (Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга), преспанските села и Костурско во западниот дел на Егејска Македонија. Преостанатиот дел од Егејска Македонија го окупирале германските фашистички сили. Припојувањето на окупираните делови од Македонија кон фашистичка Бугарија, бугарските окупатори, за жал, ја прикажувале како ослободување на своите национални територии. Исто така, и припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Албанија, Албанците за жал и за голем страм го доживувале како ослободување на своите национални територии. Затоа историјата крајот неможе да си го најде. Веднаш по окупацијата бугарските власти започнале со организирање на својата власт поделувајќи ја окупираната територија на две административни области: Скопска и Битолска. Во овие области окупациониот систем бил наметнат во сите сфери на живеењето (државно-административната, полициската, воената, образовната и црковната), во кои започнале да важат граѓанските и административните закони на царството Бугарија. Секако во царската власт, особено во администрацијата влегло и локално население што било лојално на новиот режим. Со капитулацијата на Италија во септември 1943 година, италијанската окупациона зона ја презеле германските нацисти, а власта и понатаму била во рацете на албанските колаборационисти. Германските окупатори ја продолжиле политиката на поддршка на идеите за Голема Албанија, со цел да формираат база за борба против комунистичките антифашистички сили. Така, под влијание на германските разузнувачки служби биле активирани албански фашистички организации кои подоцна се претвориле во балистички вооружени формации. По Втората светска војна во времето на владеењето на Георги Димитров, Македонците од Пиринска Македонија ќе добијат целосна културна автономија која требала преку законска рамка да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се обедини кон тогашната Народна Република Македонија како кон матична држава во рамките на Балканската федерација, која во тоа време се сметаше како позитивно решение, се’ со цел да се надминат состојбите и (не)приликите. Според историските документи Македонците во Бугарија, или како Пиринци или бугарски Македонци, се староседелско население кое, главно, живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија. Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија, особено од Егејска Македонија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: Средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и по Првата светска војна. Македонската емиграција од сите делови на етничка Македонија во Бугарија е најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство. Невозможно е да се каже колкав е точниот број на етничките Македонци во Бугарија, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиона, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |