|
||||
ИСЕЛЕНИЧКА ВИСТИНА ВО ДЕЛОТО „ИЛИНДЕН ВО ЉУБОЈНО И ПРЕСПА“ (33) |
МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ која е на македонски и англиски јазик е исцрпно издание за историскиот развој на Љубојно и Преспа и е дело на Славе Николовски-Катин, и неговиот коавторот Бошко Рајчовски-Пелистерски. Тоа е издание на „Македонска искра“, Скопје и на Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит, САД, издадена во 2013 година, на 320 страници. Рецензенти се: проф. д-р Петре Георгиевски, проф. д-р Никола Јанкуловски и д-р петре лубаровски. На прославата 40 години на „Љубанските илинденски исленички средби“, во 2014 година беше промовирана монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“,во која е претставен дел од историјата на етничка Преспа, еден од убавите и значајни дел од Македонија. Тоа е посветено на Илинден, на илинденските иселенички средби во Љубојно и Преспа. Илинден, Втори август е запишан со позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија беше конституирана во држава. Во ова дело акцент е ставен на сто и педесетината македонски православни цркви во цела етничка Преспа и на бројни цркви во дијаспората, како дел од црковно-националното живеење на Македонците во иселеништвото. Инаку, да се пишува за минатото и сегашноста за Љубојно, Преспа, за Македонците од поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Во ова време на светска глобализација прекрасно е чувството кога ќе се најде на едно место најголемиот и најзначајниот дел од една историска вистина за настаните, личностите, за минатото, сегашноста и иднината на еден убав македонски крај од незаборавот. Не случајно делото е насловено „Илинден во Љубојно и Преспа“ и е посветено на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно и Преспа. Затоа што Илинден, Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија се конституира во држава. Иселеничките средби, кои се одржуваат 40 пати досега, се исполнети со интересни содржини како што се промоции, литературни читања, беседувања, разговори и друго. По традиција, на 2 август сретсело на Полена се одржува општ собор на многуилјадниот народ. Ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет - дека каде и да се, ама на Илинден, во Љубојно да се. За одржувањето на љубанските средби, меѓу другите заслужни се љубанци, Месната заедница Љубојно, „Илинденските денови“ - Битола, Општината Ресен, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, бројни оркестри, естрадни уметници, фолклорни групи, медиумите во Македонија, како и голем број вљубеници во Љубојно и нивни пријатели, кои дале значаен прилог и придонес средбите да бидат добро организирани, масовни, да имаат поширок карактер и да бидат вечни. Притоа, посебно признание заслужуваат долгогодишните организатори Владо Пашариковски, Бошко Рајчовски-Пелистерски, Славе Катин, Ламбе Алабаковски, Славица Петревска-Диневска и други. Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, всушност е само откинат дел од вистината за овој предел на етничка Македонија. Таа е збир на факти, искажувања и придонес на авторот и на голем број Македонци со позитивна енергија ширум светот. Затоа и пораката на делото е тоа нека биде поттик на идните генерации, без разлика каде се наоѓаат, да не ги забораваат корените на прадедовската земја, да бидат продолжувачи на македонската државност, јазик, црква, култура, обичај, верувања, и чувари на македонската земја и вистината за тој напатен дел од Македонија - Преспа. Ова илустрирано дело излезе благодарение на големиот број содружници, пријатели, интелектуалци, обични, едноставни вљубеници во овој дел на Македонија и насекаде во светот. Сите тие со своите сеќавања, податоци, финансиска помош и позитивен однос кон својата татковина Македонија помогнаа монографијата да види виделина од македонското Сонце. За одбележување е дека на 20-ти октомври 2013 година во Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто се одржа промоција на монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, чиj автор е публицистот Славе Николовски - Катин од Македонија, a кoавтор е радио новинарот Бошко Рајчовски - Пелистерски од Детроит, САД. Делото е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Македонското друштво „Љубојно“ од Детроит. Во текстот на Алексо Лозановски се вели дека ова значајно дело беше промовирано во рамките на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е во состав на црквата „Св. Климент Охридски“ од Торонто. Во присуство на голем број иселеници промоцијата ја отвори Маја Доневска – Иванова, претседател на Друштвото „Браќа Миладиновци“, а за монографијата зборуваше свештеникот на цpквата Проф. Илија Донев. Во своето излагање, меѓу другото, тој рече дека монографијата е сведок на судбини на Љубојно, на Преспа, на Македонија. Во делото е изразена силната љубов кон родната земја, особено на оние кои го напуштиле родното дедовско огниште, но се поврзани по семејна или друга врска со тој убав, борбен, патриотски и значаен дел на етничка Македонија. Монографијата претставува значаен прилог и придонес на публицистичкото творештво. Таа е огледало и свидетелство на убавиот збор и откривање на судбината на печалбарскиот крај Преспа. Монографијата е документ за голем број луѓе, настани, појави, интелектуалци или вљубеници во дедовскиот крај, во Преспа. Всушност, тоа е дело особено за настаните во овој крај кои се одржаа по повод „40-те Љубански илинденски иселенички средби“ и „Фолк – фест Преспа 2013“ кои се одржаа токму на ден Илинден во Љубојно. На тие иселенички средби беше промовирана монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа, во која е претставен дел од истотија на овој убав и значаен дел од Македонија. Исто така, во оваа монографија се презентирани преспани кои живеат насекаде по светот, како и голем број факсимили од различни текстови и фотографии кои ја збогатуваат содржината на делото.Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, на Славе Катин и на Бошко Пелистерски со сета скромност е огледало за начинот на комуницирањето. Продолжува ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН |