|
||||
ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКИТЕ СУДБИНИ ВО ДЕЛАТА „ИСЕЛЕНИЧКА ВРТЕЛЕШКА“ И „LOVE STORIES“ (34) |
МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН Делото „Иселеничка вртелешка“ од Славе Катин е издание на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, издадено во 2008 на 170 страници на македонски јазик, а. неговиот превод на англиски јазик под наслов „Love storieс“ на Славе Катине исто така дело на „Македонска искра“ и е отпечатено во 2011 година на 170 стрници. Карактеристика на овие издание е нивната генетска поврзаност со семејството. Имено, тие содржат по 20 исповеди на наши луѓе од разни возрасти, со различен социјален статус, без оглед во кој дел од светот живеат, а кај кои не згаснува нивната љубов кон родната земја Македонија. Интимните приказни содржани во овие книги најдобро го потврдуваат овој факт. Независно каде започнува и завршува битката за корените на македонското семејство, дали во Северна Америка, Европа, Австралија или во други земји, значајно е дека “крвта не е вода”. И затоа изборот на партнерот не е ни лесна ни едноставна работа. Без оглед на убавината, добрината, способноста и вербата во заедничкиот живот, наведените случки покажуваат дека строгиот критериум на македонската семејна магнитуда, освен македонските моми, тешко би можела да ги издржи жена од друга националност, се разбира, со ретки исклучоци. Но, во овие книга кои авторот Славе Катин ги напиша на македонски и на англиски јазик се задржува на изборот во кој се содржи најдобриот одговор на оваа тема. Собирањето на ислениците во разни форми на организирано дејствување во новата сердина започнало заради полесно вклучување во неа ( по пат на заемна подршка и помош ). Иселеникотво во новата животна и работна средина ги носи во себе традициите и навиките од средината од каде потекнува и се судрил со нови традиции и релации. Во рамките на патувањата на Славе Катин ширум светот, има објавено многубројни текстови и публикации за македонските иселеници во САД, Канада, Австралија и Европа (Европската Унија). Притоа, покрај разговорите за нивната животна голгота, не беа заобиколени ни типичните интимни прашања и проблеми. на иселеници од разни возрасти, со различен социјален статус, без оглед во кој дел од светот живеат, а кај кои не згаснува нивната љубов кон родната земја Македонија. Тоа значи дека македонскиот човек се судрува со фактот дека во дијаспората главен проблем не е само голиот опстанок туку и изборот на животниот сопатник, односно формирањето семејство, што за секој Македонец е света работа, за што се поднесуваат иголеми жртви.Интимните приказни содржани во оваа книга најдобро го потврдуваат овој факт. Изборот на партнерот кај Македонците во иселеништвото не е ни лесна ни едноставна работа. Често убавината, добрината, способноста и вербата во заедничкиот живот, се од значајна важност за склучување брак. Веројатно тоа е пренесено од родната Македонија, каде адетите биле вечни, трајни и значајни, се со цел да се има подобра и посреќка иднина на влубените. наведените случки покажуваат дека строгиот критериум на македонската семејна магнитуда, освен македонските моми, тешко би можела да ги издржи жена од друга националност, се разбира, со ретки исклучоци. Но, во оваа книга се задржувам на избор во кој се содржи најдобриот одговор на оваа тема. Тоа потврдува дека нивната генетска поврзаност со семејствата е многу карактеристична. Оваа книга со наслов „Рингишпилот на македонските емигранти“ сведочи за ова тврдење. Публикациите содржат по 20 исповеди на различни личности по возраст, од различен социјален статус и без оглед во кој дел од светот живеат. Овие љубони приказни го потврдуваат фактот дека „меракот последен умира“. Затоа, Македонецот се соочува со фактот дека неговиот најголем проблем во дијаспората не е само неговиот секојдневен опстанок, туку и изборот на доживотен брачен другар, да се ожени и да основа семејство, бидејќи бракот за нив е свет и достоен правејќи големи жртви. Интимните приказни содржани во овие публикации најдобро го потврдуваат овој факт. Инаку, на 19-ти октомври 2014 година, точно на пладне, во салата на катедралната Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржаа промоции на публикациите “Love stories” и „Иселеничка вртелешка“ или како македонско издание насловено “Иселеничка вртелешка”, од авторот Славе Катин. Во своето излагање Соња Лозановска, уредник на весникот „Македонија“, меѓу другото, рече „Познавањето на историјата, културата, фолклорот, јазикот, духот, религијата и дриги карактеристики на Македонците од сите делови на Македонија, расселени насекаде по светот, му овозможи на Славе Николовски – Катин да напише текстови со љубовна содржина кои се интересни и евидентни, а кои се однесуваат на судбината и вистината на македонските иселеници ширум светот.. Книгата “Иселеничка вртелешка” на Славе Катин е прозно дело на македонски јазик, а е отпечатено и на англиски јазик под наслов “Love stories” (“Љубовни приказни). Таа содржи дваесет љубовни стории, главно, за љубовниот живот во Татковината и во дијаспората, каде се случуваат најразлични љубовни настани, кои се невообичаени, пикантни и интересни. Исто така Соња Лозановска рече: „Љубовните приказни на Славе Катин на свој начин го потврдуваат љубовниот, семејниот, македонскиот дел од животот. Во делото се пренесени типичните интимни прашања и проблеми, особено на Македонците во дијаспората.
А, Славе Катин познавајќи го животот, напредокот, животните судбини, семејните обичаи и постигнувањата на Македонците во Канада, САД, Австралија и Европската Унија, успева на сликовит начин, раскажувачки да не пренесе во љубовните лавиринти, кои оставаат силен впечаток кај читателите. Затоа, книгите “Иселеничка вртелешка”, на македонски јазик и “Love stories” на англиски јазик на Славе Катин со задоволство и топло ги препорачувам на македонските читатели“ рече Соња Лозановска, познатата естрадна уметничка и уредник на весникот „Македонија“ од Торонто. Крај ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН |