Среда, 20 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ – ЖИВОТНА СТОРИЈА ЗА ФОЛКЛОРИСТОТ ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (2)

1ser1903

Една од  значајните монографии на Славе Николовски – Катин, секако, е публикацијата за истакнатиот маке­дон­ски  фолклорист Георги Томов од Њујорк. Монографијата „Томов“ е луксузно издание на 320 страници на голем формат, илустрирано со бројни фотографии. Рецензенти на ова значајно дело се факултетскиот професор д-р Вера Стојчевска-Антиќ и еден од постојаните членови на ансамблот „Томов“, д-р Кристина Калас.

Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ Томов и за вистината за неговиот американски ансамбл „Томов“ од Њујорк. Делото е сублимат за дваесетгодишниот труд на околу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, тради-циите и вистината за Македонија во САД.

Познатиот историчар и аналитичар на иселеништвото Александар Донски, за промоцијата на 17 мај 2007 година,  истакнал дека во просториите на Домот на армијата на Република Македонија (АРМ), се одржало претставување на монографијата „Томов“, пред големиот аудиториум, меѓу кои биле поглаварот на МПЦ архиепископот Стефан, митрополитот Кирил, поранешниот претседател Киро Глигоров и многу други познати личности од јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија.

Книгата ја претставиле рецензентот Вера Стојчевска-Антиќ, поранешниот претседател на Матицата на иселениците од Македонија проф. д-р Димитар Керамичиев и директорот на Националниот ансамбл „Танец“ м-р Бошко Тренески. Притоа, извонредниот и незаборавен настап на машката група на играорците на „Танец“ со древното оро „Тешкото“ бил примен од присутните со возбуда и одушевување.

Исто така, на триесет и четвртите „Љубански илинденски иселенички средби“ во 2007 година  продолжиле традициите  од предходните години. Тие започнале во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Пред големиот број посетители на средбите се одржала промоција на две монографии за македонски иселеници од Америка и тоа: „Светле–Стив Стамевски“ од Детроит и „Ѓорѓи–Џорџ Томов“ од Њујорк, чии автор е Славе Катин.

За делото на Катин посветено на амбасадорот на македонската култура Џорџ Томов од Њујорк, зборувала проф. д-р Вера Стојчевска–Антиќ. За одбележување е тоа што Фолклорниот ансамбл „Томов“ чии членови биле исклучително Американци, кои научиле да играат и пеат македонски ора и песни, во текот на турнејата на Балканот во 1985 година имало значаен и прв настап на друштво од дијаспората на Љубанските иселенички средби.

Монографијата „Томов“ од Славе Катин претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често го нарекуваат амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ - Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за неговиот американски ансамбл „Томов“ од Њујорк.

Монографијата е сублимат за дваесетгодишниот труд на околу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, традициите и вистината за Македонија во САД.  Во исто време монографијата „Томов“ претставува овековечување на Фолклорното друштво „Гоце Делчев“ што е во состав на Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ од Сидер Гроув, Њу Џерси, потоа на другите македонски асоцијации, на огромен број личности од македонските колонии, како и на значајни настани и активности на полето на фолклорот, културата и постигну-вањата на национален план на Македонците во Канада и САД.

Во делот насловен како Македонско-американското наследство, дадени се материјали за Македонија од времето на Александар Македонски до денес и за активностите на Македонците во Њујорк и Њу Џерси. Потоа, во делот за животниот пат на Ѓорѓи Томов, поместени се репортажи за родниот град Струмица, за Скопје и за Њујорк, а е претставен и Џорџ Томов како играорец, кореограф, етнолог, вајар. Посебен простор е даден на материјалите со кои ансамблот „Томов“ за настапите е претставен низ страниците на медиумите во целиот свет, почнувајки од „Њујорк тајмс“ до „Нова Македонија“.

Во Петтиот дел во кој е дадено педесетгодишното творештво се вели дека скромниот Ѓорѓи Томов, меѓу другото, е добитник на највисокото американско признание: „Елис Ајланд“, награда за ширење на македонската култура и збогатување на американската историја - признание што го добиле американски претседатели, конгресмени, глумци, пејачи, спортисти, уметници и други видни личности во САД, потоа наградата „Обединети нации“, за неговиот придонес за зближување на народите, како  и многу други значајни награди, пофалници и признанија за фолклорната ризница на ансамблот „Томов“.

Со излегувањето на монографијата „Томов“, авторот Славе Николовски-Катин успеал да го овековечи познатиот и признат Македонец Ѓорѓи (Џорџ) Томов и неговиот американски ансамбл „Томов“ од Њујорк, како и друштвото „Гоце Делчев“ од Њу Џерси. Со тоа Катин успеал од заборав да оттргне една сторија на дел од македонското иселеништво во САД.

Инаку, во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Томов“ биле печатени четириесеттина продолженија од ова дело, што значеше запознавање со македонските иселеници, особено на културен план.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.