Среда, 27 Април 2022    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈА ЗА НОВИНАРОТ И ПУБЛИЦИСТОТ „БОШКО РАЈЧОВСКИ - ПЕЛИСТЕРСКИ“ (3)

1raj21

Автобиографското дело Бошко Рајчовски-Пелистерски“, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2008 година, на 254 страници и е двојазично издание - на македонски и на англиски јазик, а како дел од печатарската активност на „Киро Дандаро“ од Битола. Рецензенти се: амбасадорот на УНЕСКО м-р Јордан Плевнеш од Скопје, примариурс д-р Иван Апостолов од Флорида и професор Синиша Ристевски, свештеник од Детроит.

Монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“ е презентер на голем број аспекти поврзани со дијаспората, со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата, како и со животот на Бошко Рајчовски-Пелистерски, но и на низа други аспекти. Всушност, делото е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко.

Бошко Рајчовски-Пелистерски е уредник и водител на програмата „Оро македонско“ која ја прославила својата 50-годишнина, што тој лично  со голем сентимент, го доживеал како многу важен овој радиојубилеј. Програмата имала стандардна шема - се емитувала секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во периодот кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку радиото да се пренесат со мислите во родниот крај.

Првата промоција на монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“, се одржала во 2008 година, кога програмата започнала пред „Воденицата“со рецитал на Славица Петреска-Диневска и Бошко Рајчовски-Пелистерски. Потоа, како дел од културните случувања во Љубојно се промовирала монографијата за Бошко Рајчовски-Пелистерски, чиј автор е Славе Николовски-Катин. За оваа книга која е огледало на животот и делото на овој американски љубојчанец од Детроит и Флорида, запис на настаните на иселеникот, новинарот, поетот, организаторот на средбите и водителот на македонското радио во Детроит „Оро македонско“, Пелистерски, зборувале проф. д-р Васил Граматиковски од Љубојно и д-р Иван Апостолов од Флорида.

Монографијата за Бошко Рајчовски е летопис за мошне големото семејство Рајчовски. Најголемиот број од фамилиите од сојот Рајчовски од втората декада на минатиот век претежно живеат и работат во Соединетите Американски Држави, особено во најголемиот град на државата Мичиген – Детроит. А Бошко кој во зима живее во Флорида, другиот период во Детроит, во лето доаѓа во Македонија, во Преспа, во Љубојно.

Монографијата е посветена на 50-годишното литературно творештво на Бошко Рајчовски-Пелистерски. Ова дело од Славе Катин е поделено на 5 глави во кои се опфаќа родната земја Македонија, потоа втората татковина – Соединетите Американски Држави, активностите на Бошко на поетски и новинарски план, како и  лозата на семејството Рајчовски. Посебен простор во книгата е посветен на  нивните корени на неговото родно село Љубојно – Преспа, на САД, на македонскиот радиочас „Оро македонско“ од Детроит, на неговото литературно творештво и трите стихозбирки.

Јосиф Грежловски–Гандето во воведот на монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“ напишал дека анализата на неговиот бурен животен пат, токму од многубројните причини и последици, ни го открива неговиот свет во планетарни размери. Притоа, покажувајќи и потврдувајќи дека потомците на Александар Македонски, независно од нивните родокрајни коти, се дел на една од најстарите светски цивилизации, чии трајни вредности ги вградуваат во сите делови на нашата галаксија, по кои светот и не препознава.

Поаѓајќи од овој факт, историјата на кое било македонско успешно семејство во дијаспората, фактички е историја на нашето вековно цивилизациско битисување, не само на Балканот и во Европа, туку и на сите други континенти. Затоа, обидот да напишам монографија за Бошко Рајчовски-Пелистерски, во мојата истражувачка работа за македонското иселеништво, претставува значајно постигнување на тој сложен пат.                     

Животната приказна за љубојчанецот од Детроит и Флорида, заедно со семејството Рајчовски, е своевиден биографски блик, се потпира на фактографијата која извира од многудеценискиот животек, од вруточниот животен опус на Македонците во дијаспората, со кои се гордее нивната стара татковина – Македонија. Стариот крај, како често нашинците милуваат да кажат, кој, и покрај сите проблеми што денес ги има, успешно чекори кон својата демократска преобразба, во рамките на европските и светските интеграциски процеси.

Читајќи ја монографијата прво уште повеќе се запознал со господинот Бошко, за неговите активности и за афирмацијата на неговото село Љубојно. Од тоа навистина се покажа што, всушност, тој правел за афирмација на неговата прва татковина, Македонија.  

Инаку, во порталите „Македонска нација“од Скопје, од монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски.“ биле печатени четиринаесет продолженија од ова дело, што значеше запознавање со македонските иселеници..

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.