Среда, 04 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
СИЛЈАН МИЦЕВСКИ – ЦИЛЕ И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА СПОРТОТ (2)

1sil1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Огромна е заслугата на Циле за сè што денес постигнува ракометниот клуб „Пелистер“, а постигна многу. Беше најдобар клуб во Битола, најтрофеен клуб во Македонија и најприфатен клуб во цела бивша Југославија и многу делови во Европа.

Кога се пишува за дипломатска Битола, едно од најзначајните дипломатски имиња, секако, е Силјан, кој е почесен конзул на Република Србија во Република Македонија. Имено, на свечен чин, во присуство на голем број високи гости, на 4 декември 2007 година, во Битола бил отворен почесниот конзулат на Република Србија. Од страна на Владата на Македонија, за прв почесен конзул бил назначен Мицевски, кој бил десетти по ред конзул во Битола.

Чинот на свеченото отворање на просториите на почесниот конзулат се случило напладне, во објектот лоциран на Широк Сокак, непосредно каде што се сместени почесните конзулати на Словенија и на Романија.

Со отворањето на почесниот конзулат на Република Србија во Битола се отворило поле за подобрување на традиционално добрите врски меѓу двата соседни народа Македонците и Србите. А тоа го направил почесниот конзул Силјан Мицевски, кој отворил широк простор за развој и збогатување на културните, спортските, научните и економските врски меѓу стопански субјекти од Битола и околината со фирми од Србија.

Инаку, во организација на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија под покровителство на почесниот конзул м-р Силјан Мицевски досега се одржани пет меѓународни научни собири и од нив се издадени четири посебни зборници на трудови во кои се презентирани повеќе од 150 научни трудови.

Исто така, името на Силјан Мицевски е тесно поврзано и со бисерите на одржувањето на „Малиот битолски Монмартр“, кој го воздигнал името на градот под Пелистер и се слушнал надалеку за оваа единствена детска ликовна работилница, која премостува меридијани, држави, нации, раси, училишта. Таа ја спојува уметноста, креацијата, инвенцијата, идејата, умешноста и фантазијата на детските создатели.

Силјан Мицевски како градоначалник на Битола успеал „Малиот битолски Монмартр“ да биде меѓу најпознатите детски ликовни фестивали не само во Република Македонија, туку и во светот. За тоа зборуваат и бројките дека интересот за Битолската манифестација од година во година е сè поголем.

Името на Силјан Мицевски е поврзано и со прашањето и судбината на 3.268 битолски Евреи, кои беа депортирани од фашистичката машинерија во логорите на смртта. Тоа е црна страница од историјата на Битола која се случила на 11 март 1943 година.

Во знак на сеќавање, тага и должна почит кон илјадниците сограѓани, на комеморацијата посветена на 57-годишнината од македонскиот холокауст, во 2000 година, градоначалникот Силјан Мицевски, меѓу другото, истакнал дека при таа прилика чувствува должност да укаже и да потврди дека битолчани со длабоко чувство ги негуваат спомените на битолските Евреи со кои четири и пол века ја делеле заед-ничката судбина како сложни граѓани.

1sil12

Силјан Мицевски е добитник на многубројни награди и признанија, меѓу кои: Наградата „4 Ноември“ на градот Битола во 1979 и 1996 година, потоа наградата во „Златната категорија – Париз 2003 година при WQC – награда интернационална ѕвезда“, која му е доделена во 2003 година на 20. Интер-национална WQC конвенција во Европа во конкуренција од 166 земји од светот, како и на престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ итн.

Но, се чини дека признанието на „Олимпискиот ден“ во Битола останало во посебно сеќавање кај овој доблесен бизнисмен. Имено, во рамките на манифестацијата „Олимписки денови во Македонија“, во Битола се одржа спортско-културен дел од оваа манифестација под името „Олимписки ден во Битола“. На оваа манифестација претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, му врачи Златна плакета на битолскиот градоначалник Силјан Мицевски, кој беше и претседател на Сојузот на спортови на Битола.        

Силјан Мицевски е награден и со престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“, кое Одборот на Филмскиот фестивал за Југоисточна Европа секоја година го доделува на исклучителни личности од регионот на Југоисточна Европа. Ова високо признание за 2016 година му припадна токму на почесниот српски конзул во Македонија, Силјан Мицевски.

Церемонијата на доделувањето на ова престижно признание се одржа на 26 мај 2016 година во еден од најстарите универ-зитети во Европа, а тоа е Универзитетот „Хумболт“ во Берлин кој работи од 1810 година. Наградата му ја врачи ректорот на Универзитетот професор д-р Сабине Кунст.

Од горенаведеното со право може да се каже дека м-р Силјан Мицевски е исклучителна, неодминлива и значајна личност во македонската дипломатија и во спортот, а најмногу во бизнисот.

Силјан Мицевски-Циле е голем македонски родољуб и филантроп, кој ја сака Битола и Македонија со зборови и со дела. Затоа, како резултат на сè она што го постигна во изминатиот период, неговото име е запишано со златни букви во аналите на Битола и Република Македонија.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.