|
||||
СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ИНЕГОВАТА БИТОЛА, БАБАН БИТОЛА (3) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат, е родното место на Силјан (Циле ) Мицевски и неговото семејство. Битола е неговата гордост, инспирација и предизвик. Тоа е градот во кој Циле живее со својата сопруга Виолета и нивното пошироко семејство. Таму тој работи и таму има постигнато значајни резултати како успешен и деловен човек, спортист, активист, градоначалник на Битола, хуманист, како и признат граѓанин на Битола, на Република Македонија и пошироко на овие балкански и европски простори. Битола е најголем градски центар во Пелагониската Котлина што се протега во југозападниот дел на Вардарска Македонија. Котлината е заградена од исток со Селачка Планина, од североисток со планината Козјак, од север со ограноците на планинскиот масив Јакупица и планините Бабуна и Даутица; од запад со планините: Бушева, Крушевска, Древеничка, Бигла, Баба со врвот Пелистер (2.601 м) и Неретска Планина, кај месното население позната под името ,,Вичо; и од јужната страна, преку преседлината Кизли - Дервен, се надоврзува планината Ниџе со врвот Кајмакчалан (2.251 м). Пелагониската Котлина во овие граници опфаќа површина од 3.441 км2, од кои 2.427 км2 ñ припаѓаат на Република Македонија, а останатиот дел на Егејска Македоија што е востав на соседна Грција. Пелагониската Котлина, иако е заградена со планини, сообраќајно е мошне добро поврзана со соседните и подалечните области. Битола е расположена на двете страни на реката Драгор, на надморска височина од 590-640 м. Теренот на кој лежи градот е наведнат од запад кон исток, кон котлинското дно. Ваквата местоположба условува пријатна клима во текот на пролетните, летните и есенските мееци. Зимите се студени и честопати градот е обвиткан со магла и сињак. Несметајќи го градот, во Општината Битола имало 128 населени места. Соред пописот од 1981 година, вкупниот број на населението во Општината изнесувало 138.149 жители, од кои 80.832 жители живееле во градот. Со пописот во 2002 година, пак, во градот Битола живеат 95.385 жители. Во близина на Битола се наоѓа археолошкиот локалитет на античкиот град Хераклеја Линкестис, освнован во IV век пред Христа од Филип II, владетелот на античка Македонија. Овој антички град доживеал бурна и славна историја испреплетена со просперитети и разурнувања. Со продирањето на словенските племиња кон крајот на VI век, престанал животот на античкиот град Хераклеја. Со наелување на Словените во Битолско, пропадниците на племето Драговити го основале градот покрај реката Драгор, најверојатно кон крајот на ВИ век. По нивното повлекување кон Солунско, Битола останала во областа на Берзитите (Брсјаци), кои стнале мнозинство во градот, додека од Драговитите, се претпоставува, останало само името на реката Драгор. Берзитит ги претопиле староеделците и набргу градот и околината добиле исклучиво словенско обележје. Првпат името Битола се споменува во една повелба на Цар Самоил од 1014 година под името ,,Обител” - старословенски збор што означува манастирски стан, семејство. Битола Просветителската дејност на св. Климент Охридски била почувствувана и во Битола и Битолско. Во градот со голем број христијански храмови - цркви и манастири (обители) св. Климент имал свои ученици и се развивала Битолската препишувачка школа. Самуиловото владеење создало уште поповолни услови за сестран развиток на Битола. Таа станала значаен културен и просветен центар во западниот дел на средна Македонија. Царот Самоил ја избрал Битола за една од своите престолнини и во неа изградил раскошен царски дворец. Тогаш Битола станала седиште на Битолската епископија. По смртта на цар Самоил во 1014 гдоина, византискиот цар Василиј ИИ со војската стигнал во Битолско Поле, го запалил царскиот дворец, но градот не успеал да го заземе. Во Битола во 1018 година била воведена византиска власт. Во тоа време и во Битолско се раширило богомилството, како верско социјално движење со антифеудален карактер. Во 1334 година Битола, заедно со други делови од Македонија, потпаднала под српска власт. До доаѓањет на Турците градот повторно доживеал стопански и културен напредок. Во 1385 година турскиот војсководец ТимурТаш-паша навлегов во Битолско, но при заземањето на Битола наишол на херојски отпор. Турците на крајот го зазеле и ограбиле градот и ја разурнале битолската тврдина, а потоа се повлекле на југ. Кончено, под турска власт Битола потпаднала по смртта на Крали Марко во 1395 година. Во прво време Турците ги принудиле, речиси, сите жители да се иселат од градот. Бројот на македонските Словени во градот спаднал на најниско ниво, а муслиманите биле во апсолутно мнозинство. Потребите на стопанскиот развиток ги принудиле Турците да им дозволат на македонските Словени повторно да се населуваат во градот. Тогаш Битола почнала да се вика Манастир и во ЏВИ век таа пропимила муслиманско-словенски карактер. Од крајот на XV и почетокот на XVI век во Битола почнале да се населуваат Евреите што биле протерани од инквизицијата од Шпанија и Португалија. Тогаш во градот поголем замав зела тргвовијата, а се појавиле и некои нови занаети. Евреите извршиле и некои влијанија врз духовната и материјалната култура на македонските Словени и Турците. Во 1554 години Евреите во Битола имале 87 семејства. Тие во градот основале своја талмурска школа. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |