Среда, 15 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД БИОГРАФИЈАТА НА БИЗНИСМЕНОТ СИЛЈАН – ЦИЛЕ МИЦЕВСКИ (8)

1smi1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Монографијата „Силјан Мицевски“ за бизнисменот од Битола е дело на Славе Николовски-Катин во коавторство на Ѓорѓи Лумбуровски, а е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2014 и во 2018 година, на 320 страници, на македонски јазик. Се оќекува монографијата во најскоро време да биде  отпечатена.

Рецензенти на монографијата за Силјан Мицевски, угледниот македонски стопанственик, спортист, поддржувач на културата, уметноста и спортот, донатор, актуелен почесен конзул на Република Србија во Република Македонија и поранешен градоначалник на Општина Битола, се академик Владо Камбовски и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Во монографијата „Силјан Мицевски“ е забележано дека тој по завршувањето на гимназијата, прво, се запишал на Правниот факултет во Белград, а потоа на Економскиот факултет во Прилеп, кој го завршил со висок просек, во 1975 година. Но, тука не запрел. Отишол понатаму. Предизвик му била науката. По извесен период, магистрирал во Софија, на отсекот Економија и менаџмент, со што се стекнал со титулата магистер по менаџмент. 

Тој уште како основец во училиштето ,,Св. Кирил и Методиј” бил доста динамично и дружељубиво дете. Правел и споделувал младешки лудории и се’ она што носи и и приличи на возраста. Така било и како гимназијалец во ,,Јосип Броз-Тито”. Тие години се еден незаборавен дел од младоста, со сета убавина што ја има овој прекрасен период од животот.

Следела одлуката каде натаму да продолжи со образованието, со студиите. Морал да реши во која насока ќе одат неговите идни патеки.

Правниот факултет во Белград бил популарен и привлечен. Со кумот кроеле планови што да сторат. Се запишале на истиот и секоја недела патувале на патот Битола-Белград, Белград-Битола со куп обврски на факултет, но и со натпревари со клубот. Било пренатрупано. Се немало доволно време и за студии и за спорт. А се знае дека спортот му бил во крвта кој долго, до ден-денешен, останува да трае како Цилева огромна љубов, занимање, хоби... , да биде живот на свој начин...

Но, и покрај толкуте напори, самоодрекувања и распнатост на многу страни, увидел дека мора да сврти нов лист. Тогаш решил дека е најдобро и да ги финишира универзитетските студии и да е тука во комшилук, поблиску до своите. Не губел време. Се запишал на Економскиот факултет во Прилеп. Како што и не губел време во годините од средношколските денови до дипломец по економските студии.

Циле станал најмлад директор прво на една, па на друга фирма. Влегол со сета младешка понесеност, амбиција и решеност да успее. Бидејќи нема што не може да се направи кога се има упорност, капацитет, умешност и визија. Резултатите му се лична карта и најверните показатели. 

1smi12

Прилеп

Во рекордно време, тој во 1975 година во Прилеп го завршил Економскиот факултет со висок просек. Но, тука не запрел. Отишол понатаму. Предизвик му била науката. По извесен период, магистрирал во Софија, на отсекот Економија и менаџмент.

Инаку, Циле многу добро го зборува рускиот јазик, од ученичките години има солидно познавање на францускиот и англискиот, но сепак најдобро го владее рускиот.

Тој  по струка е економист и формациски градежник. Меѓутоа спротот е голем дел од неговиот живот - од младоста, до денес, до утре и засекогаш. Се разбира, пред се’, ракометот. Токму ракометните волшебства и сета таа магија на паркетот, атмосферата која го понесувала од првата до последната минута и се заедно го повеле овој голем вљубеник на ракометот.

Љубовта кон спортот е од таков интензитет и димензии што никогаш ниту ќе престане, ниту некој може да посегне да му ја подистави од емоциите. Имало меѓуфази, имало најразлични пулсативни амплитуди, но во конечна смисла и кога е играта на паркетот во прашање, и кога судењето било предизвик, тој ја давал најсилната поддршка за овој спорт на кондиција, уметност, работа, талент, знаење, досетливост, магичност и благородие.

Може многу нешта да се заборават или да се маргинализираат, да се стават на трето, петто или стото место, меѓутоа, кога се портретира големиот Силјан Мицевски, спортувањето и неговата љубов, наречена ракомет, се огромни. Тука и не смее да се потфрли, никогаш и по никоја цена.

Според пишаните медиуми, денес Силјан Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во југозападниот дел на Република Македонија и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Затоа, според листата на најбогати фамилии во Македонија, тој е на дваесеттото место.

Љубовта кон спортот е од таков интензитет и димензии што никогаш ниту ќе престане, ниту некој може да посегне да му ја оттргне од емоциите. Имало меѓуфази, имало најразлични пулсативни амплитуди, но во конечна смисла и кога играта на паркетот е во прашање и кога судењето било предизвик, тој ја давал најсилната поддршка за овој спорт на кондиција, уметност, работа, талент, знаење, досетливост, волшебност и благородност. Затоа, кога се портретира големиот Силјан спортувањето и неговата љубов, наречена ракомет, се огромни.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.