|
||||
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА „ЗЕГИН“ ВО МОНОГРАФИЈАТА „ БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ“ (9) |
Монографијата „Благој Механџиски“ истовремено е посветено на 30-годишниот јубилеј на веледрогеријата „ЗЕГИН“, на 45.годишнината за посветеноста на бизнисот и 75- годишниот живот на Благој. Монографијата чиј автор е Славе Катин е подготвена на македонски и на англиски јазик на 480 страници со голем број текстови и фотографии. Рецензенти на ова дело се поглаварот на МПЦ-ОА господин господин Стефан и проф. д-р Лазар Лазарев. Во исто време делото е еден вид сторија и историска вистина на Малешевијата, на Македонија, на деловното живеење, на успесите, падовите и постигнувањата на една голема компанија како што е „ЗЕГИН“. Во биографијата што Славе Катин ја подготви на македонски и на англиски јазик за неговиот животен пат, дело и постигнувања, сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на деловниот живот во Македонија. Затоа, монографијата ги надминува рамките на обично дело за животот на еден бизнисмен од Македонија. Оваа монографија е посветена на бизнисменот, хуманистот и донаторот Благој Механџиски. Име, кое е познато и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во бизнис- заедницата во Република Македонија. Во исто време тој е исклучително позната и неодминлива личност меѓу македонските деловни луѓе. Него со право веќе неколку децении во Македонија и регионот го претставуваат како хуман, благороден човек и голем бизнисмен, кој управува со фармаколошки бизнис и паралелно со тоа им помага на луѓето. Познат е како голем христијанин, посветен и верен на Македонската православната црква – Охридска архиепископија, на македонскиот народ и на Македонија. Личноста Благој Механџиски воопшто не е лесно да се опише. Имено, неговите пријатели често велат дека тој е човек кој во текот на бизнисот се претвора во „машина“, додека во приватниот живот и во ретките слободни моменти знае да се пошегува, да викне и да го забавува друштвото. Како негов биограф Славе Катин го познава уште од студентските денови и знае дека неговиот животен пат не бил лесен. Тој секогаш се борел за својот став, па дури и по цена на пропаст, затоа Бари, како што го викаме Благој, заедно со „ЗЕГИН“ е еден-единствен и неповторлив. Во исто време монографското дело „Благој Механџиски“ е и скромен пример за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко, афирмација на минатото, сегашноста и иднината на компанијата „ЗЕГИН“, како и на родното Русиново, убавиот Малеш и на Македонија. Делото е посветено на животот и делото на Благој Механ-џиски, кој постојано се залага за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко. Таквата угледна легенда во аптекарската фела, вљубеник во народот, во својата татковина, секогаш го водела светата мисла да го претстави бизнисот и да остави вечни траги за идните генерации. Во исто време треба да се потенцира дека оваа Монографија е подготвувана подолго време и чека да биде отпечатена и да го види македонското Сонце. Често се вели дека Благој Механџиски е душата на веледро-геријата „ЗЕГИН“, чија идеја за формирање датира од 1974 година, кога тој го завршил Медицинскиот факултет. Тогаш му се отворија патиштата да влезе во бизнисот со лекови. Како претставник и во соработка со „Кемофармација“ од Љубљана, Механџиски ги покажа неговите квалитети и капацитети во бизнисот со лекови. Овој бизнисмен како водечка личност и сопственик на веледрогеријата „ЗЕГИН“, е донатор и поддржувач на голем број културни, спортски, фолклорни и национални активности, особено во Малешевијата и Скопје. За период од 26 години, колку што постои неговата фирма „ЗЕГИН“ има донирано во домови за деца без родители, поединци, училишта, спортисти и спортски настани, здравствени и други установи и институции и најразлични манифестации, како и дарител на бројни маке-донски православни храмови во Република Македонија. Во ова монографско дело е даден дел од сликата на Благој Механџиски и неговиот животен сопатник, д-р Вера Механџиска, младото поколение, нивната животна прикаска и судбина, нивниот заеднички живот и постигнувања. Во автобиографското дело, на наративен начин, на македонски и на англиски јазик се презентирани историскиот, животниот, семејниот, деловниот и творечкиот опус, пред сè, на Благој Механџиски-Зегин. Најголем простор во монографијата е посветен на минатото и сегашноста на веледрогеријата „ЗЕГИН“, аптекарскиот бисер во Македонија. Компанијата која има околу 150 аптеки и околу 1700 вработени, кои со најевтините лекови им служат за добро-то здравје на народот. Исто така, сместени се материјали за иднината на „ЗЕГИН“, особено со проширување на бизнисот и во лозарството и во виното, како и во здравата храна, што претставува иднина на животот на современиот човек. . Монографското делото е посветено на значајниот јубилеј на „ЗЕГИН“, на неговиот живот и дело, како и на благородното семејство Механџиски. Во делото се презентирани голем број текстови за бурната историја за веледрогеријата „ЗЕГИН“ и за бизнисменот Механџиски, како и документи, фотографии и други материјали со кои монографијата претставува приказ на неговиот живот и дело и историја за веледрогеријата „ЗЕГИН“. Треба да се одбелеќи дека во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Благој Механџиски“ биле печатени 33 продолженија од ова дело, што значеше запознавање со бизнисменот Атанасоски, но, за жал, од непознати причини монографијата не е отпечатена/ Продолжува ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН |