Среда, 13 Јули 2022    PDF Печати Е-пошта
СЕ ОДРЖА „МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО“ ВО ОПШТИНА ПУСТЕЦ, МАЛА ПРЕСПА

9pus

Фестивалот „Македонското културно лето“ во Пустец, чиј организатори се Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир, се одржа по 15 пат и траеше  од 01 до 05 јули. Фестивалот започна со концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, а заврши со претставата „Орест“ во копродукција на Здружението „Сонце“ и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.

 Областа Мала Преспа во Албанија му припаѓа на Регионот на Корча и сите села во ова област му припаѓаат на Општината Пустец. Општината Пустец се протега на североисточниот дел на околијата на Корча. Нејзината територија се совпаѓа со водната долина на Преспанското Езеро. Таа се граничи со планинските венци кои ја делат езерската долина од Корчанското поле. Потоа на запад се граничи од Охридската долина со планината Сува Гора на севeро-запад  и исток се граничи со Република Македонија и на југ и југо-исток со Република Грција .

Центарот на општината селото Пустец е одалечен 25 километри од градот Корча. Во општината Пустец живеат околу 5,000 жители, сите по националност Македонци. Територијата на општината се софпаѓа со Националниот парк „Преспа“.

Во состав на Општината Пустец припаѓаат 9 стари села и едно ново село кое сега се формира. Селата се Пустец, Леска, Зрноско, Церје, Шулин, Глобочени, Долна Горица, Туминец Горна Горица и новото село Нова Горица.

Мајката природа на Преспа ѝ подарила богатство на убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа преспанци каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во Преспа, се гордеат и го чуваат ваквото богатство за идните генерации.

Она што на Преспа и на нејзината историја ѝ дава посебен белег е нејзиното богатство со културно-историските споменици, уште од времето кога била староримска крстосница и прва престолнина на цар Самуил, а денес е туристичка дестинација.

Оваа 2022 година е карактеристична за Општината Пустец и за целиот македонски народ во Република Албанија по тоа што по 15 пат се одржа фестивалот „Македонското културно лето“ во Пустец, кој траеше  од 01 до 05 јули. Имено, 15-тото издание на фестивалот „Македонско културно лето“. свечено започна со концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, а на крајот премиерно беше изведена претставата „Орест“ во копродукција на Здружението „Сонце“ и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Организатори на фестивалот се Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир

9pus2

Претставите на фестивалот „Македонско културно лето“.почнуваа во 20 часот и се одигруваа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец. Годинашното издание на фестивалот беше поддржано од: Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Албанија, „Обединета македонска дијаспора“ од Вашингтон, САД, компанијата „Кромберг и Шуберт“ – Битола, Град Скопје, Општина Велес, Општина Пустец, „Кожувчанка“, Велешки театар и Театар „Комедија“ – Скопје.

На затворањето на фестивалот на 5 јули 2022 година беа  доделени наградите за следните најдобри актери и претстави и тоа:

- Билјана Драгичевич Пројковска за улогата на Кармен, Драмски театар.

- Жаклина Петровска Милјановска, најдобра млада актерка, за улогите на Марта, Цеце, Жаклина, Елена, во Анатомија на неверството, театар „Комедија“.

- Славица Манаскова, најдобра млада актерка, за улогата на Електра, театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес.

- Сашко Коцев, најдобар актер за улогата на Паун во „Не се клади на енглези“. МНТ

- Жарко Спасовски, најдобар млад актер, за улогата на „Орест“, театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес.

- Најдобра претстава, „Кармен“ на Драмски театар Скопје. 

- Најдобра режија, Дејан Пројковски за  „Кармен“ на Драмски Театар Скопје.

Признанието „Пријател на фестивалот“ го добија:   Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Албанија, „Обединета македонска дијаспора“, компанијата „Кромберг и Шуберт“, Општина Велес, Општина Пустец, Град Скопје, „Кожувчанка“, театарот Џинот Велес,  Театар Комедија и Хорот „Света Злата Мегленска“. 

Одржувањето на фестивалот „Македонско културно лето“ по 15-ти пат ќе остане во длабоко сеќавање кај театарските изведувачи на претставите и наградените актери, а особено кај Македонците од општините Пустец и Корча како и кај другите посетители од многу други места ширум Република Албанија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.