|
||||
ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА ЕУРО-ФАРМ –ДЕЛ ОД СПОРТСКИОТ ЖИВОТ НА БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА (14) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ Еуро-фарм е модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот Фармацевтската компанија Еуро-фарм, е основана во средината на 2000-тата година. Основач, сопственик и генерален директор на фирмата е дипл. фармацевт Татјана Стерјева, ќерката на Виолета и Силјан Мицевски Почетокот на функционирањето на фирмата е поврзано со 9.12.2000 година, кога во Скопје е отворена првата аптека од синџирот аптеки - Еуро-фарм. Оттогаш па до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еуро-фарм е компанија во чиј состав влегуваат бројни аптеки ширум Македонија, сместени на елитни локации и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р. Македонија. Бројот на вработени, исто така, е во постојан пораст. Во компанијата моментално се вработени шеесеттина лица од најразличен профил (најголем број дипломирани фармацевти, а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал). За правните и економските дејности на компанијата ангажирани се стручни консултантски куќи. Во 2006 година компанијата Еуро-фарм го доби ексклузивитетот да биде претставник на реномираната германска компанија Dr. Wolz за територијата на Македонија, Србија, Албанија и Косово. Истата година го доби ексклузивитетот и за Microlife - една од најдобрите светски компании за производство на апарати за мерење притисок, дигитални термометри и други дигитални мерни инструменти, на компанијата Alfa која произведува медицински потрошен материја и Diapharm – Галенска лабораторија Ниш. Веледрогеријата Еуро–фарм од неодамна е и ексклузивен застапник и увозник на неколку светски познати медицински, дерматолошки и козметички линии: NeoStrata (САД), Heliocare (САД), Alpecin, Plantur (дел од палетата на Dr. Wolff – Германија). Исто така, Еуро–фарм е активно вклучена и во развојот на научните и културните настани во Р. Македонија, преку поддршка на социохуманитарни акции и институции. Во 2008 година во компанијата Еуро-фарм комплетно е спроведен и завршен процесот на стандардизација по ИСО 9001:2000 и ИСО 14001:2004 Со формирањето на веледрогеријата Еуро–фарм се започна со работа на предвидено промовирање, естаблирање и освојување на поголем дел од фармацевтскиот пазар во Република Македонија. Од денешен аспект може да се каже дека таа е веледрогерија која соработува и врши промет со лекови од сите реномирани домашни и светски фармацевтски компании кои се присутни на фармацевтскиот пазар во Македонија: Алкалоид, Јака 80, Реп-лек, Lek, Krka, Pliva, Belupo, Hemofarm, ICN Galenika, BosnaLek, Merck Sharp & Dohme; Glaxo; Astra Zenica; Scherig; Byk Gulden; Serono, Novartis, Eli Lilly, Alcon, Bayer Pharma, UPSA и др.
Битолски ракометари За постојаниот подем на компанијата, голема заслуга имаат комитентите: околу 500 приватни аптеки од различни градови од Република Македонија, како и јавните здравствени центри и установи од нашата држава, кои ја прифатија понудената соработка и се верни коминтенти и деловни партнери. За да ја поедноставиме комуникацијата со нашите клиенти, формиравме стручен тим кој работеше на креирање на можност за воведување на електрон- ски систем на нарачки преку Интернет. Овој проект успешно заврши на почетокот на 2005 година и беше презентиран на Собранието на фармацевти во Р. Македонија. На тој начин Еуро-фарм се промовира како прва и единствена е веледрогерија која има сопствено софтверско решение за нарачка на лекови преку Интернет, на што посебно се горди. Од почетокот на 2006 година започна втората фаза од планираниот развој на фирмата. Во оваа фаза се залагаме и ќе се залагаме за воспоставување на деловни односи со реномирани странски фармацевтски компании кои до тој момент не се застапени на пазарот во Р.Македонија. Првите резултати веќе се достапни. Веледрогеријата Еуро-фарм веке е ексклузивен застапник и увозник на производите од производствените палети на реномираните германски производители Dr.Wolz Zell и BioDiat, Microlife, и Alfa1. Со тоа не завршува оваа фаза од развојот. Таа и понатаму е отворена за воспоставување на деловна соработка со странски реномирани производители кои се заинтересирани за влез во Р.Македонија и околните пазари. Од страна на компанијата на сите заинтересирани може да им се понуди нивната желба за соработка, професионалност и стручност кои сакаат да ги докажат и на дело пред секој нов деловен партнер. Компанијата Еуро-фарм поседува современи, модерни, идентично дизајнирани аптеки ширум Македонија, лоцирани во Скопје, во Битола во Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар. Зацртаната стратегија на менаџментот на Еуро–фарм се однесува на развојот во областа на аптекарското работење, во селектирањето на стручен и професионален персонал, во застапеноста на поголем број производи (лекови, помошни лековити средства, додатоци на исхрана итн.) во аптеките, потоа во професионален, срдечен и пред сè стручен пристап во работата со пациентите и целосно почитување на компаниското лого „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје".. Како верен пријател на ракометот и спортот, компанијата Еуро-фарм станува генерален спонзор на Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола и стана дел од спортскиот живот не само на Битола, туку и на Македонија и пошироко. Така, на 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,Платформа за ракометна Битола“, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер. Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |