Среда, 03 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
ОДРЖУВАЊЕ НА „ЉУБАНСКИТЕ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“

1lub1

На големиот празник Илинден, Македонците од Љубојно, заедно со сите браќа од Преспа, етничка Македонија и иселеништвото ширум светот, со гордост го истакнуваат своето бурно минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно било едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија.

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија.  Затоа, На Илинден во Љубојно се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што се собираат, притоа доаѓа голем број иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Крани, Наколец и Долно Дупени, како и голем број повратници од Преспа,  Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Овогодиштата манифестацијата „Љубански илинденски иселенички средби“ се одржува на 1-ви и 2-ри август по 49-ти пат. Таа е значајна културна манифестација не само за Љубојно и Преспа, за иселениците од целиот свет, туку и за Република Македонија. Во изминатите години на успешно организирање продефилираа голем број културно-уметнички друштва, музички ѕвезди, литературни дејци и други културолози.

Манифестацијата „Љубански илинденски иселенички средби“ започна да се организира  на Илинден 1974 година. Тогаш за прв пат музичка група свиреше пред црквата „Свети Илија“, во која по традиција голем број Љубанци одат на Илинден во предпладневните часови да присуствуваат на црковната богослужба. Таа прва веселба на Илинден 1974 година беше спонтано прифатена од Љубанци со аманет секоја година да се веселат на Илинден пред црквата „Свети Илија„ и потоа прославата да продолжи на „Полена“, во Центарот на Љубојно.

Во почетокот средбите во Љубојно имаа карактер во вид на панаѓурска прослава, но како одминуваше времето манифестацијата прерасна во значајна илинденска прослава и печалбарска средба. Така, во последните триесетина години средбите почнуваат на 31 јули вечерта, со играорни и пејачки групи од разни краеви на Македонија, од поранешна Југославија, Мала Преспа, како и уметнички друштва на Македонците од Австралија, Канада, САД и европските земји.

     1lub12390

Панорама на Љубојно

Во изминатите педесетина години во организирањето на Љубанските средби се вклучиле бројни иселеници и мештани на Љубојно. Покрај претставниците на Месната заедница од Љубојно и љубанци, големи заслуги имаат и: фестивалот „Илинденски денови“ од Битола, Општината Ресен, поранешната Матица на иселениците од Македонија, денес Агенцијата за иселеништво на Република Македонија,  бројни оркестри, естрадни уметници, фолклорни групи, медиумите во Македонија и во дијаспората, како и голем број вљубеници во Љубојно и нивни пријатели, особено „Љубојно промет“, „Стара Чешма“, „Дупени Бич“ и други, кои со своето учество дале значаен прилог и придонес средбите да бидат богато организирани, масовни, да имаат поширок карактер и да бидат вечни.

Посебно треба да им се оддаде признание на долгогодишните организатори Владо Пашариковски, Бошко Рајчовски-Пелистерски, на Славе Катин кој организирал бројни презентации и промоции на свој публикации,  на музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски, како и на Васил Томулевски и негови предходници од Месната заедница во Љубојно.

Овогодишните „Љубански илинденски иселенички средби“, кој се во организација на Одоборот на средбите на чело со Васил Томулевски, се организираат по 49 –ти пат. Така, во понеделникот на 1-ви август, на  гостите им се обрати градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, а потоа че настапат фолклористите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола. Вечерните часови се резервирани за позната естрадна уметничка Сања (Сани) Гроздановска заедо со групата „Кода“, чија забава ќе се одржи на „Полена“.

На 2-ри август на денот Илинден, во манастирската црква „Свети Илија“ ќе се одржи света богослушба, за која овогодинешен кум е естрадниот уметни од Љубојно Ламбе Алабаковски со семејството. Потоа ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од Илинден  пред куќата на Калајџиовци од страна на градонаќалникот и советници на Општина Ресен. Од таму се оди во посета на вечните почивалишта на Љубанци во централната цеква „Свети Јован“.

Посебно место за „Љубански илинденски иселенички средби“, им припаѓа на македонски естрадни уметници, познати музички состави, фолклорни групи и друштва од Македонија и од дијаспората. Тие оставија траен белег и ги направија средбите да бидат вечни. Овогодишна забава на „Полена“ (Центарот на Љубојно) започнува во попладневните часови  и трае од 17.00 до 2.00 часот наутро. Публиката Ќе ја забавуваат естрадните уметници: Сања (Сани) Гроздановска, Елена Јовческа и Ташко Каранфиловски заедно со групата „Форум“ од Прилеп.

Со тоа ќе се постигне оваа традиција во Љубојно да живее многу години, а со тоа Илинден да биде и слава и верски празник. Илинден како ден на востанието на македонскиот народ да стане и ден на Љубојно и околните села, Брајчоно. Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и Арвати, како и Селата во Долна Преспа во егејскиот дел на Преспа и Мала Преспа во Албанија, а „Љубански илинденски иселенички средби“ да бидат вечни во Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.