|
||||
ПРИДОНЕСОТ НА СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ВО РАЗВОЈОТ НА РАКОМЕТНИОТ СПОРТ ВО БИТОЛА (15) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ Еурофарм Пелистер е еден од водечките клубови со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 е клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола, од цела Македонија и од други места. Од сезоната 2019/2020 Еурофарм Работник се натпреварува и во СЕХА Лигата, но, за прв пат е дел и од големите натпревари на Лигата на Шампионите како најпрестижна лига во која има место само за најдобрите. Во состав на клубот работи и ракометната школа која моментало брои 115 дечиња на возраст од 7 до 14 години. ЕУРО-ФАРМ е горд поддржувач на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој пред себе има голема и светла иднина. Клубот ,,Пелистер” бил подоцнежна рожба на спортското друштво ,,Работник”, поточно на спортското разгранување до ѕвездени височини, според зборовите на Силјан Мицевски-Циле. Тоа се почувствувало особено од доаѓањето на тренерот Томе Атанасовски кога ракометот во Битола се поставува на поцврсти основи. Томе како стручњак кој завршил Факултет за физичка култура во Белград, а играл кошарка и ракомет, всушност имал еден поинаков пристап. Бил и тренер и родител и педагог. Тој водел целосна сметка за младите спортисти од нивните утра, до нивниот сон. Целодневна била неговата грижа за да не се случи интензивниот ангажман на играчите да се одрази врз учењето, врз резултатите во образованието, како средношколското, така и факултетското. Голема била дисциплината, ама и неопходна. Со повод и причина, тој спроведувал посебен режим и водел максимална грижа. Младите момци пред секој тренинг прво морале да дадат отчет за расположението, за проблемите ако ги имаат, за тоа дали кај некој нешто не е во ред и, секако, да споделат и радост и задоволства. На крајот од годината, била вообичаена глетката кога со сведителствата доаѓале кај својот омилен тренер. Некои добивале и книга-дар за одличен успех, некои биле посрамежливи зашто за влакно не добиле се’ петки и се многу добри. Меѓутоа, прво се одело кај Томета-дифовецот, а потоа отрчувале дома да се пофалат кај родителите за успешно завршената година. Инаку, зборното место каде што било првото ,,поклонение” на отчетноста за добрите успеси и за секаквите потешкотии било пред соблекувалните и пред управните простории. Се знаело, станало практика веќе, дека од кај девет па докај единаесет саатот, таму бил ,,Хајд паркот”. Доколку било потребно за некого и да затреба некаква интервенција, тогаши ,,бате” Барбако го преземал случајот в раце и се’ се решавало бргу, без разлекување и чекање. Имало многу случки и весели, па крајно комични, секакви - и тажни и весели моменти кои се знаат и паметат. Колета, на пример, едвај го убедиле да ја напушти Битола. Бил крупно момче, онакво со гради распетлани од маиците отворен, а пантолани последен моден крик, а ла бренд по кој очите момиснки шарале. Па и велосипедот марка ,,рог” бил од поретките. И Вангел Симев-Овцата многу бил заразен со ракоментните магии. Многу вреден играч и немал којзнае колку време за учење, па не било чудно некои од оценките да ,,претрпеле” од немањето време. Арно, ама, кога отишол на ДИВ во Белград, тој дипломирал како доста солиден битолски спортист. Или Лазе кој бил агилен и редовен на секој третинг во текот на годината. Кога бил прашан како му оди школото, тој секогаш одговарал дека проблеми нема. На крајот не испаднало сепак дека нема проблеми, бидејќи имал и слаби оценки. Значи непријатна ситуација, иако се знаело дека младоста и спортските напрегања, желбите, можностите не одат секогаш рака под рака, па имало од сî по нешто.
Барбако многу го помагал Клубот и не се штедел ниту себе, ниту своите пари. Од професорската плата делел и давал, покривал трошоци, плаќал струја... Не било чудно што, кога ќе запрашале некои од спортистите за кого се повеќе - за татковците или за Барбако, да кажеле дека се за Барбако. Ценеле момчињата сî она што и за нив и за ракометот го правел тој вљубен ентузијаст и спортски фанатик. Инаку, клубот ,,Работник”, на пример, постојано создавал нови квалитетни играчи во ракометот во Битола. Тие што не успевале да дојдат до место во екипата, си формирале нова тајфа. Така и почнал ракометниот клуб ,,Пелистер”, клуб кој ќе стане вистински бренд што ќе трае со децении, се’ до денешни дни. Тренер на ,,Пелистер” бил Љубо Христовски, а пак управната гарнитура ја сочинувале највлијателни директори. Тие биле и креација и закон за екипните формации. Голема била моќта, ама најголема поддршката и помошата. Во таа исклучитена вљубеност во ракометот, кога била голема саможртвата на младешките пулсации, денови и ноќи не се жалеле само за да се биде дел од таа магија на паркетот, трибините, тренинзите, другарите и успесите. Да ги минат сите фази на онаа максима, еден за сите, сите за еден. Така и се градел тимскиот успех од поединците, така и се афирмирала родната Битола по салите и турнирите низ цела Македонија, поранешна Југославија и низ Европа. Кога Циле со своите соиграчи, сомисленици, содружници и пријатели за спортот сториле многу, а и спортот им дал, им возвратил многу. Взаемната љубов траела и ќе трае, како што вели и Циле Мицевски. Затоа, времепловно подѕирнувајќи по малку во годините на зенитот на ракометните години и во ,,Работник”, но, над се’ во ,,Пелистер”, во и по клубските натпреварувања, да споменеме дека Силјан Мицевски му се посветил и на судењето. Се амбицирал и, бидејќи во неговата животна филозофија било дека нема што не може, се разбира кога зависи од човекот, тој ги положил сите потребни тестови, ги минал сите фази на овој статусен дел и станал меѓународен судија. Добил сертификат од светски формат. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |