|
||||
СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - СТОПСТВЕНИК НА ГРАДЕЖНИОТ ГИГАНТ ,,ПЕЛИСТЕР” (18) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ Според пишаните медиуми, денес Силјан Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во југозападниот дел на Република Македонија и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Затоа, според листата на најбогати фамилии во Македонија, тој е на дваесеттото место. Во монографијата „Силјан Мицевски“ од Славе Николовски-Катин и Ѓорѓи Лумбуровски, која е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2014 и во 2018 година, на 320 страници, на македонски јазик, меѓу другото се вели: М-р Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани. Почетокот на работата на ГП ,,Пелистер” датира од 1968 година, кога работеше под името ,,Уметност”, занимавајќи се со градежно занаетчиство. Од 1977 година почнува да се занимава со покрупни зафати на градежни работи и тогаш се формира голема градежна оператива со фузирањето на четирите помали градски оперативи: ,,Млад ѕидар”, ,,Солидна работа”, градежниот погон на КИБ ,,Битола” и ,,Уметност”. Со константен подем и рапидно темпо на пораст, ГП ,,Пелистер” станува комплетен изведувач од проект, преку градба, па сî до предавање на објектот по принципот ,,клуч на рака”. Денес ГП ,,Пелистер” има своја проектантска организација, центар за развој и АОП, комплетна градежна оператива, свои фабрики за бетон, сопствен машински и возен парк, столарски, молерофарбарски, армирачки погони, комплет занаетчиство за сите фази на објектот, а врши услуги и по пат на инженеринг. ГП ,,Пелистер” брои околу 1000 вработени, од кои 20% се високостручни кадри, 60% КВ и 20% НКВ работници. Резултатите постигнати во последните две децениии не останаа незабележани од општествената заедница. ГП ,,Пелситер” е носител и добитник на низа признанија, награди и пофалници од општински и републички карактер. Земајќи ги предвид сите досегашни работни успеси, како и планот за перспективен развој, слободно може да се рече дека ГП ,,Пелистер” е способен да ги изврши најсложените и најодоговорните задачи од градежништвото. ГП ,,Пелистер” изведува градежни, градежно-занаетчиски и инсталатерски работи на сите објекти од високоградба, нискоградба, хидроградба, реконструкција, санација и адаптација на постојни објекти во земјата и странство, било со сопствените капацитети или по пат на кооперација. Гради и продава станови за пазар и други видови објекти. Широк Сокак во Битола Врши услуги по пат на инженеринг во земјата и странство, угостителство и трговија со градежни материјали на големо и мало. Организира и врши ископи и транспортни услуги со градежна механизација за потребите на градежната оператива и други нарачатели. Изготвува инвестиционо-техничка документација за сите видови на објекти, како станбени, индустриски, комунални и други и врши стручен надзор на изградбата и изведувањето на работите врз истите. Еве дел од широката градителска палета: Стоковна куќа ,,Тетекс” - Битола; Стоковна куќа ,,Магнолија” - Битола; Кафе-слаткарница ,,Хамби” - Битола; Стопанска банка - Битола; Фрее схоп - Меџитлија; Трговски центар Б.Л.Р. - Битола; Мала сцена ,,Дом на културата” - Битола; Завод за здравствена заштита - Битола; Физикална терапија - базен - Битола; Управна зграда на ХМС „Стрежево“- Битола; СУЦ ,,Ѓуро Салај” - Битола; ОУ ,,Елпида Караманди” - Битола; Централна работилница ,,РЕК” - Битола; Фабрика за млеко - Битола; ,,Кип и автоматика” - ТЕ РЕК - Битола; Гаража за тешка механизација ,,РЕК” - Битола; Силоси ,,Жито Битола” - Битола; Магацин ,,Прехрана” - Битола; Пекара - Крушево; Дом за пензионери и стари лица - Битола; Детско одморалише - Пелистер; Спортско-рекреативен туристички центар - Нижо Поле; Станбена зграда - Софија; Факултет за журналистика - Софија; Микроакумулации ,,Југотутун” - Демир Хисар; Површински коп Рудник ,,РЕК” - Битола. Инаку, емелите на Градежното претпријатие „Пелистер“ ги постави Синдикална организација на ,,Уметност” во заедница со Општинскиот синдикален сојуз во Битола (Синдикат на услужни дејности) покренала иницијатива за окрупнување на битолската градежна опретива и занатство во есента 1976 година. Големината на иницијативата до толку била позначајна што современите движења во стопанските структури во областа на градежништвото биле проследени со мошне брзиот развој на техниката, технологијата и воопшто сî повеќе го насочувала општественото организирање на трудот кон создавање крупни и моќни интеграции во целина. Иницијативите се преточиле во конкретна реализација. Така, на 7 март 1977 година ,,малите градежници” се здружиле. Интеграцијата меѓу овие колективи била резултат на потребата од следење во чекор на интензивната станбена изградба (околу 100 станови годишно), на крупни зафати во областа на стопанството и нестопанството, односно севкупна реализација во оваа област. Новата, интегрирана работна целина на здружен труд го добила името ,,Пелистер” и во почетокот броела околу 400 вработени, од кои 100 биле новопримени, а вкупниот приход на крајот на годината требало да изнесува околу 90 милиони динари, односно три пати повеќе од 1976 година. Ако бројките имаат најголема сила на убедливост, тогаш значењето на оваа најнова битолска организација е мошне големо, а успехот на овој план му донела полна афирмација и на Синдикатот воопшто. Притоа, во Градежното претпријатие ,,Пелистер” биле формирани следниве голем број погони кои значат иднина на големата градежна фирма „Пелистер“. Крај Пишува: СЛАВЕ КАТИН |