Среда, 21 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Димитар Добрев: „Македонецот во народните песни“ (2)

1Tihomir Подготвил Т. Каранфилов

„Во нашиот површен осврт, само малку е засегнато она што всушност се крие во народните песни на браќата Миладиновци и другите македонски народни песни, кои се уште не се собрани во посебни збирки, но што треба да се направи наскоро.Но, заклучокот е еден: песните се неспорно поетско богатство, што е знак за висок духовен развој на Македонецот, а исто така песните секогаш можат да послужат како богат материјал за истражување на животот на Македонецот; тие се вистински одраз на материјалниот, духовниот напредок на Македонецот и неговото историско постоење.“ - пишува бугарскиот писател Димитар Добрев во статијата „Македонецот во народните песни“ објавена во „Македонска мисла“, органот на Македонскиот научен институт во Софија,  две години по завршувањето на Втората светска војна („Македонска мисъл“, кн. 5-6, год. 2, 1947)

Во недостаток на пишани извори, во услови кога други ја пишувале историјата и ја менувале историската вистина, македонското народно творештво говори за посебноста на македонскиот народ. Во услови кога Софија, во недостаток на свои синови се обидува да ги присвои туѓи синови, меѓу бугарскиот народ постојат интелектуалци кои не можат да одат против фактите и ја говорат вистината за Македонецот, за неговата песна, за браќата Миладиновци.

Димитар Добрев Димитров (16.I.1904 –3.V.1985) е бугарски писател, уредник и издавач на книги. Писателот е автор на повеќе од дваесет книги - стихозбирки, проза, есеи, раскази, биографски скици, мемоари, бајки. За него нема дилеми за припадноста на браќата Миладоновци и за објавените песни во „Зборникот на бугарски народни песни“. Проучувајќи ги овие песни, Добрев повторувајќи повеќе пати дека се на македонскиот народ, меѓудругото во продолжение на статијата за ќе напише:  

„Македонската љубовна песна е класична по форма и содржина, и пример за едноставност, природност и чистота на чувството!

Македонецот убавината ја гледа како знак на сила. И претпочита убави очи, со црни гајтанови веѓи. Се разбира, постојат отстапувања од овој основен принцип...

Македонскиот народ како креативен народ е оптимист. Тој гледа на љубовта од позитивна гледна точка...

Македонецот живее со здрав однос кон девојката. Ја замислува скромна, искрена, но не повлечена, неактивна. Таа покажува силно чувство за реалноста. Таа повеќе го сака бакнежот од скапите подароци, накит, ланчиња и слично, кои либето и ги ветува...

Љубовта е природна човечка пројава за Македонецот - таа е награда на верниот син на битието. Истовремено, економските потреби го тераат да се стреми преку љубов да ја постигне семејната среќа, да го изгради своето семејно огниште. Свршеничките и свадбените обичаи во различни области се различни, па оттука и различните песни и варијации. Дечко не се мажи за имот, се жени со паметна и вредна жена...

За Македонецот свадбата е најбогатиот, најсветиот обред. Навистина, напредокот во животот и културата многу нешта од овој обред турна во заборав, но свадбените песни и понатаму остануваат еден од најчистите бисери во народното творештво на македонскиот народ.

По бракот, семејството достоинствено се брани. Семејството е столбот на општеството. За Македонецот семејството е свето. Македонецот е единствениот кој не се откажал од многудетно семејство. Ова е појаснето од биолошки аспект, но и од економски. „Секој се раѓа со својата среќа“, верува Македонецот и со овие зборови го пречекува новороденчето.

Положбата на жената во семејството е слична како кај сите словенски народи: на неа се гледа како што кокошка гледа во туѓо пиле - таа секогаш сака да го колва. Снаата носи тежок крст. Но, таа се бори против сè - нејзиниот живот станува подвиг.

Животот на Македонецот е осмислен навистина преку работата. Ја сака работата, а кога не може да најде корист за својата работа во родната земја, излегува од нејзините граници - заминува на гурбет во странство. И во родното место и во странство – работата е придружена со песна. За секоја работа тој си ги создавал најкарактеристичните песни: За орачот - потпора на животот, за љубовта кон земјата: „Големата нива заплакала за орачот“, каде земјата се чувствува низ душата на орачот; за жетвата, за сточарството, овчарството главно и во сите други видови на работа...

Гурбетџиството (печалбарството- н.з.) беше неизбежен придружник на сиромаштијата. Но, тогаш и денес тоа е тежок крст за многумина. Затоа народот го проколнал печалбарството - во странство господарот гладен за профит го мачел печалбарот. Далеку од својата татковина, без роднини, печалбарот страда, се разболува, понекогаш умира неуспевајќи во борбата за заработка на семејството. На некои места разделбата е тажна, носи трагичен елемент во семејниот живот, но затоа пречекот на печалбарите е голема радост во животот на македонскиот народ.

Пилето пее утрина рано,

утрина рано и во недела.

Пилето пее, на пат ке одам,

на пат ке одам тугà тугина

Дал ке ме жалиш, млада младино,

дал ке ме жалиш како јас тебе?

Три години шетав, како тебе не најдов,

од жал за тебе на смрт сум дошол,

ај ајде ајде, јагне калешо,

ај ајде ајде јагне сугаре.

Стани си рано, утрина рано,

утрина рано, ем во недела,

та да си влезеш в гулови бавчи,

в гулови бавчи, покрај цветјата:

таму ке најдеш ситна росица,

ситна росица, мој дребни солзи.

Да не ја мислиш от е од бога,

али да знаеш от е од мене.

Три години шетав, как тебе не најдов,

од жал за тебе на смрт сум дошол,

на смрт сум дошол, јагне калешо,

на смрт сум дошол, јагне сугаре.

Со каква тага, со каква болка и непосредност се проткаени песните на гурбетчиството. После љубовните песни, песните за печакбарството се најдобри. Во никој друг случај Македонецот не ги открива своите општествени стремежи за чесен живот. Вистински поетски бисери.

Жали, моме, да жалиме.

како ке се разделиме, еј моме!

Како бевме посвршени,

сега ке се разделиме,

јас од тебе, ти од мене.

Јас ке одам на тугина, еј душо,

на тугина, на работа,

ке останам три години.

Над вистинскиот живот на Македонецот дува ветрот на мистеријата, природна последица на повеќевековното ропство.Сметката која што човекот го држи за природните сили го прави почовечен, бидејќи неговиот однос кон овие тајни сили во многу случаи го спречува да прави зло. Во мистериозното царство на природата живеат змејови - тие го персонифицираат машкиот принцип, самовилите - принципот на женската убавина. Ористници ја претскажуваат иднината на новороденото лице. Овој знак е еден вид поддршка во животот.

Суеверието, наследено од времето на паганството, како и кај сите словенски народи, е во крвта на Македонецот. Во природа за секоја болка наоѓа лек - за секоја болка има трева. Болестите во повеќето случаи се сметаат за духови. Чумата оди и убива. Но, благородноста и добрината на човекот секогаш се наградени. Создадени се голем број диверби; вградување на лице или сенката во градба за зајакнување на конструкцијата; за претворање на човекот во животно (вампиризација), за моќта на мајчината клетва, на првата либе; за урочување и баеење; за одбележување на празници - волци, глувци, за плодност, за заштита на добитокот и сл.

Природно, многу други песни сведочат за душата на Македонецот, за неговите карактерни црти, како на пример за неговата итрина, за различните погледи на различните категории во занаетот и во животот на луѓето, за длабокиот хумор, размислувања итн. може да се наведат многу примери, но големината на една статија не дозволува до крај да се исцрпи сликата за Македонецот. Во секоја песна има различни елементи.

Впрочем, богатството на македонските народни песни е неисцрпно, огромно. Во нашиот површен осврт, само малку е засегнато она што всушност се крие во народните песни на браќата Миладиновци и другите македонски народни песни, кои се уште не се собрани во посебни збирки, но што треба да се направи наскоро. Но, заклучокот е еден: песните се неспорно поетско богатство, што е знак за висок духовен развој на Македонецот, а исто така песните секогаш можат да послужат како богат материјал за истражување на животот на Македонецот; тие се вистински одраз на материјалниот, духовниот напредок на Македонецот и неговото историско постоење.“ 

За жал по повеќе од седум децении бугарските власти наместо да градат пријателство со македонскиот народ, повторно го негираат неговото постоење, неговата историја и култура. Сепак на крај ќе победи науката. Правдата е споро, но ќе дојде кога ќе биде најпотребно. 

(крај)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.