|
||||
ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН ЗАСТАПЕН НА ИЗЛОЖБАТА НА ИЗДАДЕНИ КНИГИ ОД ЧЛЕНОВИ НА МНД-БИТОЛА |
По повод одбележувањето на 10 ноември - Светскиот ден на науката, Македонското научно друштво од Битола на чело со претседателката д-р Невена Груевска ја организираше „Изложбата на издадени книги од членови на МНД-Битола“. Изложбата се одржа во просториите на библиотека „Свети Климент Охридски“, каде и се наоѓа Македонското научно друштво од Битола, а беше посетена од голем број членови и ѓраѓани на градот на конзулите - Битола Меѓу другите членови на Изложбата беше застапен и Душан Ристевски-Македон, председателот на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. Неговите дела „Творештвото на Славе Катин I и II издание“, „Каменот од Роби“, „Ченто“ и „„Преполнета чаша“ беа претставени на Изложбата на издадени книги од членови на МНД-Битола. Инаку, Македонското научно друштво од Битола е најстаро македонско научно друштво кое по карактерот на дејноста е единствена научна асоцијација на интелектуалци во градот на конзулите и убавината – Битола. Друштвото е формирано на 25 април 1960 година во просториите на Државниот архив - Битола како Научно друштво, кое име го носело сѐ до 1968 година. Од 1960 па сѐ до 2002 година го носело името Друштво за наука и уметност - Битола, а тогаш било преименувано во Македонско научно друштво - Битола. Во период од 62 години Друштвото како организација се занимава со научни прашања од различни области, а има статус на невладино, непартиско и непрофитно здружение на македонски граѓани. За Друштво кое оваа година слави 62 години од својата успешна работа на полето на науката, културата и уметноста, од формирањето до денес имаат голем придонес плеада раководни личности, научници, интелектуалци и друг персонал кои со своите активности волонтерски ангажмани и ентузијазам придонесоја оваа асоцијација да биде на пиедесталот во сверата на својата дејност. Исто така, голем придонес имаат и членовите на Одделението за општествени науки; Одделението за правни науки; Одделението за природни науки; Одделенитое за применети науки и медицина; Одделението за технички науки; Одделението за уметност; Одделението за лингвистика и литература и Одделението за историско-географски науки. Македонското научно друштво - Битола е сместено во зградата на Градската народна библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола. Во него членуваат 254 членови, а има 8 одделенија и е отворена научна асоцијација не само за научната фела од Македонија, туку и за Македонците во иселеништво, особено од Австралија и претставува поттик и патоказ за македонските научни, литературни, театарски и други асоцијации насекаде во светот. Македонското научно друштво – Битола се занимава и со издавачка дејност. Во неговата публицистичка дејност се отпечатени поголем број научни и други трудови. Меѓутоа, за одбележување е монографијата за Друштвото која е отпечатена во пресрет на големиот јубилеј 60 години, чиј автор е професор д-р Марјан Танушевски, поранешен претседател на Друштвото, а рецензенти на јубилејната публикација се професор д-р Игор Неделковски и професор д-р Борис Ангелков, поранешни претседатели на Друштвото. Ова значајно публицистичко дело претставува прилог и голем придонес на севкупната научните дејност на Македонското научно друштво – Битола и на Македонија. СЛАВЕ КАТИН |