|
||||
ТОЛЕ ПАША |
ТОЛЕ ПАША (1863/64г. – 1904г.) Пред Висока брего, е Крушевица село. Во фамилијата Кулиќеви, се роди машко чедо. Името Стојан, нункото му го даде. Со благослов голем, јунак да биде.
Борба да води, за народот свој доживотно, да се бори тој на насилниците, да му стави крај народот свој, да добие божји рај.
Во летно време воловарче оди Со дедовците Столе, дружба прави Разни приказни, од нив слуша Задоволства и прави на неговата душа.
Порасте Толе, бистро и снажно момче На ковачо Стеван, зет му стана се ожени тој, за ќерка му Ката, со нејзе ги имаат, синовите двата.
Немаше Толе односи со Адем бего, често имаше, конфликти со него.
Го напушти Толе, домот свој подмолно, да не биде убиен тој.
Се вработи Толе, во рудникот Ал Шари си замерија таму со заптијата Акиф во самоодбрана, Толе го уби него, затворен е тој, за извршеното дело.
По кратко време, од затворот бега во Мариово се врати, Толе сега, основа своја чета, и јатаци прави.
Јован и Толе, на Скала заседа направија турскиот порезник Мефаил, тие го ограбија, дел од парите, за нив ги оставија остатокот пари, меѓу народот го поделија.
Во Бугарија Толе оди, од потера да се спаси. За кратко време, тој назад се врати. Бугарија не е, моја родна земја Таа за мене, е зандана темна.
Во Полчиште село, сардисан е Толе, извика чаушот Ферат, предај се ѓаур сега овде сум паша, одговор доби тој отвори силен оган, си проби пат свој.
Кај Сивевци, во Старавина село Толе го разоружа Арслан бего.
Арслан бего, животот да си го спаси повеќе жолтици, на Толе му плати.
Во вепрчанското поле, сокријан е Пашата Толе. Жетварите Толе, во снопот го сокрија. Аскерите сé пребараја, него не го отрија жетварите Толе од сигурна смрт, го спасија.
На Конгресот во Смилево, Толе беше сигурноста на делегатите, му ја обезбедуваше. Ацев и Толе, од Смилево во Мариово, се вратија. политичката активност, таму ја продолжија.
Во Лопатица, Толе силна борба води против грчки чети, и македонски изроди.
Поразени тие, во паника бега, пред него без оружје, со крвави траги во снего.
Во 1904-то лето, во Гудјаково село се судри аскерот, со четата на Толе убиен падна Толе, и дел од неговата чета заврши тука Толе, низ Мариово да шета.
Во 2001-та година, му се отвори, нова гробница моштите на Толе и Веле, се пренесени во родното село погребани се, со величествено опело почитувани нека почиваат, за нивното дело.
Томе Велјановски Марулецо Превземено од Зенит |