|
||||
Александар ДОНСКИ : НОВА КНИГА ОД ПИСАТЕЛКАТА ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА-ГАТСИС ОД АВСТРАЛИЈА |
Неодамна во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ се издаде романот „Вистината има голо лице“ од романсиерката и поетеса Велика Џангалоска - Гатсис која живее и твори во Квинбијан, НЈВ (Австралија). Романот „Вистината има голо лице“ од писатеката Велика Џангаловска Гатсис се разликува од нејзините претходни два романи под наслов: „Курбан“ и „Во потрага за белиот леб“ по една значајна карактеристика. И додека во претходните два романи постоеше единствен главен лик околу кој се одвиваа настаните и случувањата, во романот „Вистината има голо лице“ нема посебно издвоен главен лик, туку неколкумина чии животни стории се следат и опсервираат. Всушност, нема да погрешиме ако констатираме дека наместо поединечен човечки главен лик во овој роман (симболично кажано) главен лик е – злото! Злото произлезено од човекот е доминантна тема, т.е. тоа е фиктивен „главен лик“ во овој роман. Притоа, злото овде е разгледувано и претставено од различни аспекти среде кои доминираат содржината и генезата. Од аспект на неговата содржина опфатени се најжестоките експресии: садизам, изживување, физичко и психичко малтретирање, инцест, педофилија, силување, самоубиство... Од аспект на неговиот зародиш и корени, т.е. генеза, писателката со право докажува дека најчесто поединците кои прибегнуваат кон вакви нездрави дејства имаат сериозни причини за таквото однесување кои допираат длабоко во нивното детство. Неодамна во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ се издаде романот „Вистината има голо лице“ од романсиерката и поетеса Велика Џангалоска - Гатсис која живее и твори во Квинбијан, НЈВ (Австралија). Романот „Вистината има голо лице“ од писатеката Велика Џангаловска Гатсис се разликува од нејзините претходни два романи под наслов: „Курбан“ и „Во потрага за белиот леб“ по една значајна карактеристика. И додека во претходните два романи постоеше единствен главен лик околу кој се одвиваа настаните и случувањата, во романот „Вистината има голо лице“ нема посебно издвоен главен лик, туку неколкумина чии животни стории се следат и опсервираат. Всушност, нема да погрешиме ако констатираме дека наместо поединечен човечки главен лик во овој роман (симболично кажано) главен лик е – злото! Злото произлезено од човекот е доминантна тема, т.е. тоа е фиктивен „главен лик“ во овој роман. Притоа, злото овде е разгледувано и претставено од различни аспекти среде кои доминираат содржината и генезата. Од аспект на неговата содржина опфатени се најжестоките експресии: садизам, изживување, физичко и психичко малтретирање, инцест, педофилија, силување, самоубиство... Од аспект на неговиот зародиш и корени, т.е. генеза, писателката со право докажува дека најчесто поединците кои прибегнуваат кон вакви нездрави дејства имаат сериозни причини за таквото однесување кои допираат длабоко во нивното детство. Притоа не се работи за генетска предиспозиција, туку за последица од субјективни причини за кои тие не биле виновни. Конкретно, сосема нормалното и емотивно дете Давид е жртва на сексуална злоупотреба, тепање и друг вид физичко малтретирање од страна на возрасен педофил. Притоа, не само што не наоѓа поддршка и помош од својата мајка (проститутка), туку таа и самата го обвинува сопствениот син за сите зла што му ги нанесува возрасниот педофил, кој е и газда на фармата каде живеат. Во такви услови, немоќното дете, од една страна притиснато од ужасниот терор што континуирано се спроведува над него, а од друга не можејќи никому дури ни да се пожали за тоа, наоѓа фиктивен „излез“ во својата фантазија или подобро речено предизвикани халуцинации, дека наводно некој негов замислен „Господ“ му доаѓа во облик на Сонце и се обидува да го утеши. Но, кога Давид пораснува тој и самиот станува дури и уште полош од педофилот што го малтретирал. Се придружува на некоја нездрава секта, станува нејзин проповедник, а наивните вернички, посебно малолетните, ги користи за сексуално изживување. Притоа дури посегнува и по своите малолетни ќерки, а како „оправдување“ за сето тоа во својот заболен ум си создава слика на, како што си го замислува самиот, „лошиот Господ“, кој постојано го убедува дека лошите работи всушност се нормални затоа што сите луѓе се грешни, па заслужуваат казни. Давид целиот живот останува заробеник на својата злоба и помрачен ум како наследство од неправдите и злоделата што му биле нанесувани во детството. Кога не е во состојба да казнува други, тој се казнува себеси преку сечење на рацете со остар брич. На крајот завршува со самоубиство... Како пандан на Давид, е ликот на Солза. Таа исто така била малтретирана. Уште како бебе била оставена во дом за сираци, а кога потпораснала била силувана и подведувана на педофили од страна на возрасна службеничка од домот за сираци. Но, кога Солза пораснала и дошла во Австралија (благодарение на добрината на нејзината тетка Искра, која претходно поради објективни причини – смрт на својот сопруг, не била во состојба да ѝ помогне на Солза), таа не само што не станала лоша (како во случајот со Давид), туку – напротив се престорила во добра и хумана личност, подготвена секому да му помогне. Слична судбина има и младиот Австралијанец Алекс кој исто така бил запоставуван како дете од страна на своите родители алкохоличари, но сепак по нивната смрт, тој застанал на свои нозе, завршил факултет, се вработил и ѝ помогнал на Солза преку фиктивен брак со него да остане во Австралија. На крајот сето тоа завршило со нивна меѓусебна љубов и вистински брак. Но, добрината на Солза не ја потиснала нејзината борбеност каква што имала во текот на животот. Напротив, кога манијакот Спасе што континуирано ја силувал како мала во Скопје, случајно ја сретнал и во Сиднеј, а подоцна и се појавил на влезната врата од нејзиниот дом, таа жестоко му се одмаздила на мошне суров, но сепак заслужен, начин, по што останала да живее во мир со саканиот Алекс. Да заклучиме дека авторката Велика Џангаловска Гатсис и овојпат се покажува како добар познавач на човечките карактери и психа. Двата клучни лика во романот (Давид и Солза), во детството, секој во својата земја, биле подложени на жестоки неправди и измачувања како резултат на што Давид и самиот станал злобен педофил, а Солза (и покрај речиси идентичните маки што ги доживеала во детство) израснала во лице со висок степен на хуманост. Кои се точните причини за ова – двајца со иста судбина различно да завршат? Во случајот на Солза, писателката Велика Џангаловска Гатсис како причина за нејзиниот карактер со право ја наведува близината на нејзините роднини кои, иако заради објективни причини, ги запознала дури откако станала полнолетна, сепак несебично ѝ помагаат со својата хуманост. Така овде авторката на романот убедливо успеала да ја прикаже вистината дека „добрината е заразна“. Имено, младиот Алекс ѝ помогнал на Солза да остане во Австралија, откако претходно Искра и нејзиниот син Филип му помагале нему... За Давид, пак, било предоцна да промени било што во својот мизерен живот, па затоа завршува на најлошиот можен начин. И покрај доминантниот мотив на злото што превладува во овој роман, сепак на крајот е присутна моралната порака – сите што прават злодела така и завршуваат и обратно – оние што прават добри дела, барем имаат духовна сатисфакција дека некому му помогнале. Во секој случај, пред нас имаме уште еден интересен роман од Велика Џангаловска Гатсис, кој вреди да се прочита и анализира. Александар ДОНСКИ
|