|
||||
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЖИВЕЕЊЕТО И ОБЛЕКУВАЊЕТО НА ЕСМА – II ДЕЛ (14) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЕСМА“ НА СЛАВЕ КАТИН Исто така и во вториот дел од продолжението ќе се обидеме да доближиме дел од стилот на живеењето што го имаше Есма Реџепова – Теодосиевска, Кралицата на ромската песна како национален уметник. Есма беше голем љубител на сликарството, беше колекционер на слики, марами, ама и на накит. Најдрага и` беше сликата „Двата коња“ (црн и бел), за кои велеше дека ги претставуваат неа и Стево. Сликата и` беше подарок од Домот за стари лица од Куманово. Во својата колекција на марами, пак, имаше повеќе од 300 марами Со цел подобро да се претстави Есма Реџепова-Теодосиевска, покрај наведените 7 точки во предходното продолжение, треба да се знаат и следните седум точки, а тоа се: 1.Нејзиниот прв настап бил кога имала 11 години, во емисијата „Микрофонот е Ваш“, која се емитувала на Радио Скопје. Имала страв од својот татко дали ќе се согласи да настапи, но сепак, настапила. 2. Кога Стево Теодосиевски првпат го слушнал нејзиниот глас, ѝ рекол дека ќе работи со неа и дека ќе направи напори да стане позната. Така и се случило. Тој се договорил со родителите на Есма дека ќе ја школува до 18-годишна возраст. Кога го завршила 8. одделение, Есма и Стево заедно заминале за Белград, каде што го завршила средното музичко училиште. Стапиле во брак кога таа имала 23 години. Биолошки немаат деца, но Есма и Стево заедно изгледале 47 машки деца, а 48. е девојче и сите музички ги образувале. Имаат околу 130 внучиња и голем број правнучиња. 3. Додека живееле во Белград, им било понудено таму да ја направат нивната куќа музеј, онака како што тие си ја замислиле. Но, сепак, тие сакале да се вратат во својата Македонија. Во Скопје стигнале во 1988 година. Потоа Есма велеше дека тие имале намера да градат куќа на Водно, но тогаш во тоа време, водњанците таму не ги сакале. Кога го слушнале тоа си рекле, тогаш и ние нив не ги сакаме. Почнале да бараат друга локација и ја нашле локацијата на Кале. Есма беше задоволна со изборот, затоа што куќата не беше само стан каде што таа живееше, туку таму на Кале сакаше да биде „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”. Местото на овој музеј му беше тука, во близина на другите музеи – „Музејот на Гоце Делчев“, „Музејот на современата уметност“ и други културно–уметнички споменици во Скопје. Планиран беше и изложбен музејски простор на приземјето. 4. Додека престојувала во Белград, а постојано патувала низ целиот свет со свои концерти, Есма ја немало цели 25 години на нашите радио и телевизиски станици. „Два-тројца ни ги затворија вратите во Радио Скопје“, се сеќаваше Есма. Дури во 1986 година, пред нејзиното селење во Скопје, било направено едно телевизиско шоу за неа. 5. Си ги броела концертите до 1984 година, кога биле вкупно 15.000. Оттогаш ни самата не знае колку од нив се допишани во автобиографскиот „нотес“. 6. Во 1995 година ја добива веројатно најдрагата награда – „Примадона на европското пеење“. Ваквата награда редовно им се доделува на оперски пејачи. Есма на прием 7. Есма беше голем љубител на сликарството, беше колекционер на слики, марами, ама и на накит. Најдрага и` бешесликата „Двата коња“ (црн и бел), за кои велеше дека ги претставуваат неа и Стево. Сликата и` бешеподарок од Домот за стари лица од Куманово. Во својата колекција на марами, пак, имаше повеќе од 300 марами. Есма уште како дете научила да ги цени предметите не толку поради нивната материјална вредност, туку поради мигот што ја поврзувал со луѓето важни во нејзиниот живот, но и со некои што ги сретнала само еднаш во животот. Всушност, таа секогаш повеќе сакала да подарува и да им помага на сите што ќе побараат помош од неа. Инаку, Есма Реџепова–Теодосиевска ги има и следните карактеристики, играчки и предмети кои длабоко ја поврзуваа, а тоа се: 1.Мачето - амајлија од детето од Австралија. За оваа играчка Есма велеше: „Тоа е сосема обична гумена детска играчка, која едно пет-шестгодишно девојче постојано ја носеше со себе. Со таа неразделна играчка, мајката го донесе своето девојче на еден мој концерт во Австралија. По концертот, тие дојдоа зад сцената бидејќи малечката сакала да ме запознае, била фасцинирана од моето пеење. При нашата средба девојчето во рачето постојано ја стискаше гумената играчка – маче. На крајот од средбата, девојчето самото ми ја подари играчката. Знам колку децата на таа возраст се приврзани со некоја омилена играчка и тој искрен и спонтан гест на малечката ме освои. Оттогаш и јас постојано го носам тоа маче - играчка, како моја амајлија. И навистина ми носи среќа“, пренесе Есма во една од своите лични и (не)обични приказни. 2.Со вистинската марама за коса - секогаш со уредна фризура. „Почнав да пеам уште на 11 години, па на 15-16 години веќе може да се каже дека бев професионален пејач. Но, сè уште бев неискусно девојче за многу работи, се барав себеси, а покрај другото си го барав и стилот за фризури. Проблемот беше што иако пред секој настап ќе направев фризура, веќе по половина час од концертот, косата беше жива вода. Тогаш се сетив на марифетот на мајка ми. Таа секогаш самата си кроеше марами од бело платно и на чуден начин (за мене како дете) си ја врзуваше косата секогаш кога работеше, готвеше, чистеше... Го научив нејзиниот начин на врзување на марамите и оттогаш секогаш најважниот детаљ во мојот стил се марамите. Одамна престанав да бројам колку ги имам, но секогаш имам по некоја омилена“, истакна Есма Реџепова. 3.Марамите „На сцената, марамите во разни бои и дезени, секогаш обликувани според марифетот на мајка ми, станаа препознатлив дел од мојот имиџ. Но, надвор од сцената ги обожавам шапките. Лете имам две омилени шапки (иако мислам дека ги имам безброј), а за зима најмногу сакам една крзнена шапка. Таа, всушност, е во комплет со еден крзнен капут, што ми ги подари сопругот Стево, а ги порача да се изработат во Франкфурт, додека бевме на тримесечна турнеја низ Германија. Тие ми се драг спомен од Стево (покрај многу други работи што ме поврзуваат со него), но почесто ја носам шапката преку зима, зашто може да се комбинира и со други палта“, со задоволство зборуваше ромската Кралица. 4.Рачна торба за патување „Децата се шегуваат со мене дека оваа торбичка повеќе е за внука ми Есма, но мене ме освои токму со тој весел детски изглед. А имам и такви патики, како на торбата, ха, ха... И секогаш кога патувам (а тоа е често), не се разделувам од оваа торбичка. Внука ми Есма повеќе сака дамски модели, па оваа моја торбичка за патување не ја привлекува, ха, ха...“, во шега велеше Есма. 5.Слики „Во мојот дом има неколку мои портрети и сите ми се драги на некој начин. Но, моите деца ми се чини најмногу го сакаат оној од уметникот Зафировски – секогаш се „расправаат“ кому треба да припадне таа слика, ха, ха... Меѓу сите слики во мојот дом, посебно место има сликата, наследство од баба ми Есма, некој вид икона на Исус Христос, што таа ја донела од Иран“, потенцираше како голем верник Есма Реџепова–Теодосиевска. 6.Монографијата за Есма и Стево „Оваа монографија е печатена уште во далечната 1974 година и во неа е документиран мојот подем и развој како на пејачка, нераскинливо поврзан со постоењето на Стево Теодосиевски и неговиот ансамбл. Всушност, тоа е монографија за нашето семејство, љубовта, песната, животот... сето тоа е испреплетено кај нас. Оттогаш е минат, може да се каже, уште еден живот, но сега ваквите монографии сè поретко се печатат“, велеше Есма. 7.Новата монографија за Есма „Во овие нови услови, техники и технологии, можеби е попрактично да си имаме некакво интернет-издание, или можеби на ЦД. Но, печатено дело останува вечно и спомен за во секој дом. Затоа, оваа монографија што ја подготвуваме со мојот драг пријател, публицистот Славе Николовски–Катин е делото за моите 55 години дружења со песната“, информираше македонската и ромската дива Есма Реџепова–Теодосиевска. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |