|
||||
ХУМАНИТАРНОТО ЗДРУЖЕНИЕ „КРАЛИЦАТА ЕСМА И СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“ - ДЕЛ I (23) |
Судбинската мисија на Есма Реџепова–Теодосиевска е да дарува, да помага, да биде мајка над мајките, непоколеблива и истрајна во намерите да подари на секој огромна љубов како непресушен извор на добрина, што ја чини ретка на овој свет. Нејзиниот смисол на живот е хуманоста која доследно ја следи сите изминати години. Покрај тоа што таа беше икона на македонската и ромската народна музика, во исто време Есма беше една од најхуманите личности во Македонија и пошироко Како резултат на тоа е формирано Хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“. Оваа по многу нешта карактеристична асоцијација е регистрирана во 2002 година, под регистерски број 4434749, а од 2012 година е пререгистрирана со нов назив: Хуманитарно здружение „Кралицата Есма и СтевоТеодосиевски“. Претседател на здужението е Зорана Костовска, а Есма Реџепова–Теодосиевска е почесен претседател. Мисијата на Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ е да пружи хуманост и помош на оние на кои им е потребна. Здружението многу пати несебично дарувало, се грижело и се залагало да се помогне на беспомошните, болните, сиромашните, хендикепираните и на сите оние на кои им е потребно да им се подаде рака. Во оваа пригода, меѓу големиот број донации ќе ги наведеме следните: Донација на Клиниката за неврологија од 5.000 евра во медицински помагала; Донација во санитетски материјали на Клиниката за нервни болести; Донации континуирано во Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“ во подароци, материјални средства и присуство на сите нивни манифестации; Донација по 100 евра на 9 матуранти од Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“ и организирање и финансирање на матурска забава за 450 гости; Донација за летување на децата од Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“; Донација во стоматолошка опрема на Здравствениот дом „Скопје“; Донација континуирано на Специјалниот завод во Демир Капија; Донација на Центарот за дијализа во Струга; Донација на Здравствениот дом во Чаир; Донација во санитетски материјал и колички за болни на поликлиниката во Ѓорче Петров; Донации континуирано заедно со Црвениот крст на Македонија; Донација во храна и облека за бегалците од Косово, заедно со Црвениот крст на Германија; Донација во облека и книги на село Кондово ; Партнерство со Мери Корпс – донација на храна и облека на бегалците од Косово; Партнерство со Издавачката куќа „Просветно дело“ – донација на 100 комплети учебници за сиромашни ученици; На хуманитарната организација „Класје на добрината“ дониран простор од долниот кат од Домот на хуманоста „Есма и Стево Теодосиевски“ за време на бегалската криза на Косово, од каде се распределуваше помошта; Партнерство со хуманитарната организација „Крик“ во донација на прибор за градинки и училишта; Четири модни ревии со фустаните на Есма под наслов „Есма хепенинг“. Средствата од ревијата во Неготино беа донирани на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“; Модна ревија во Струмица - средствата беа донирани на сиромашните Роми од Скопје;
Дел од активностите на Хуманитарното здружение Модна ревија во Струга – средствата беа донирани на Женската организација на жените од Струга, а тие ги донираа на две сиромашни семејства; Средствата од модната ревија во Скопје беа донирани на децата од Топаана; Партнерството со жените од Фрајбург, Германија, во донација на облека на сиромашните семејства во Скопје; Донација на шлепер со облека, апарати, храна, препарати и лекови за настраданите од земјотресот во Бам, Иран; Донација на Училиштето за специјални потреби „Д-р Златан Сремац“; Донација на Основното посебно училиште „Иднина“; Континуирано подароци за децата од „Детското село“; Континуирано подароци за Домот за стари лица „Волково“; Целосно финансирање на престој и студии на Факултетот по соло пеење на Елеонора Мустафова, сиромашно девојче од Кратово; Донација на Билјана Џуфовска, хендикепирана девојка од Велес; Донација од 200 евра, подароци и храна на Стефан и Зоран Петровиќ, две хендикепирани братчиња од Волково; Континуирано заедничко донирање со клубот „Лајонс“ од Скопје, во кој Есма Реџепова-Теодосиевска е прва жена-членка; Донација-играчки на Детската клиника; Донација за девојка од Домот „11 Октомви“ која живее сама во Ѓорче Петров, а не е вработена; Донација за болното дете од леукемија, Томислав Стоилковиќ од Куманово, донирани се средства и крв; Целосно финансирање на студии за сиромашното момче Дурмиш Ибраимов од Шутка; 5.000 долари за настраданите во земјотресот во Скопје; Партнерство со италијанската хуманитарна организација КРИК, во донација на прибор за градинки и училишта; Партнерство со КАРИТАС, донација за бедните Роми во Шутка; Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |