Среда, 05 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
КНИГА СО КОЛУМНИ ОД СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ МАКЕДОНСКИ

2n599

КНИГА СО КОЛУМНИ ОД СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ МАКЕДОНСКИ

Деновиве  во издание на „2-ри август“ од Штип излезе од печат книгата „ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ – МАКЕДОНИЈА“ ОД Сотир Гроздановски Македонски. На 460 страници објавени се неговите колумни објавени последниве години поврзани со бурните настани што во овој период се одиграа во Македонија. Рецензент на книгата е Марија Воденска, која меѓу другото ќе запише:

       

„Ова е најсублимирана историја за сите нас, а уште поважно што останува за генерациите по нас! Ова е историја за наука и учебници од каде се чита вистинската битка против разнебитувањето на Република Македонија. Патоказ за борбата на македонскиот народ што му припаѓа на Македонците каде и да живеат.

       

Јасно и гласно доволно аналитички се изнесени фактите во текстот на секоја Колумна на уредникот Сотир Гроздановски.

       

Остатоци од беснеењето на  Социал Демократскиот Сојуз на Македонија ( СДСМ ) предводен од криминалецот Зоран Заев, започна со предавството на Македонија и македонскиот народ, кој си ја сака својата татковина Македонија. Штетните договори направени и потпишани од фелата не му беа предочени на народот. Создадоа криминални пунктови од каде самоволно управуваната клика ровари по штета на народот. Преспанскиот договор со Грција и Договор со Бугарија потпишани од Никола Димитров во својство на Министер за надворешни работи на Македонија, го ставија народот во понижувачка состојба и ја докусурија економијата која и така е во тешка ситуација. Безработицата царува, а младите семејства се селат во западните земји, поради политички несогласувања и егзистенција за семејството.

         

И покрај масовните штрајкови од македонскиот народ во матичната држава и во државите надвор од Македонија против криминалното и незаконско однесување на сите сторени недела во државата, се спроведоа незаконски прифаќања од страна на владините  претставници и пратениците во Законодавниот дом на Македонија. Во Македонија, со промена на името со додавката пред името - северна настапи време на протести, штрајкови и несогласување на промена на името на Македонија. Настапи време на тортури и закани кон побунетите граѓани во Македонија.
         

Се погазија основните начела за човекови права и основните принципи за следење на светлите ликови на Александар Македонски, Филип Македонски, Цар Самуил, Светите Кирил и Методиј, Гоце Делчев, Питу Гули, Ченто... историските спомени на македонската државност.

      

Задоволство и чест ми е да го препорачам текстот со извонредно аналитички пристап кон бележењето на настаните во Македонија кои придонесоа за ништење на државноста и препуштајќи ги државните интереси и права на поединци. Македонија е сведена на ниво да биде управувана од надворешни фактори со помош на домашните владари, корумпери под Проректорат со туѓо влијание и управување. (...)

        

Авторот на горе наведените колумни е активен учесник и борец за правата на МАКЕДОНЦИТЕ. Тој живее надвор од Македонија скоро 60- сет години, а животот го има посветено во борбата за правата на својот народ, со што темелно ги анализира и апострофира неправдите и состојбите во Македонија. Наоружан со сеопфатно познавање детално ги анализира и ги следи случувањата во нашата држава Македонија.  

         

Уредникот на Македонски Збор Сотир Гроздановски, го остави најголемото дело кое ќе живее и по нас , кои сме вклучени да го следиме во неговите запишани колумни. Напорната интуитивна работа, иако физички оддалечени во различни држави во светот, борбата за Македонија, пренесена преку неговото перо, со изострен осет, ја следиме и сега кога неговите Колумни се ПРЕДИЗВИК со сегашни ситуации. 

         

Тој укажува на деформациите во политичките партии со неспособните и неуки водачи, расипници во Македонија. 

          

Неговите записи се сведовштво на ова лудо време, што рапидно забразди надолу и сме доведени во држава со народ во распад. Петгодишниот распад на општеството  во Македонија  со премиери и водачи криминалци по професија, токму нив Сотир Гроздановски го рефлектира  периодот за пропаста на државата и укажува на опасностите кои сега ни се присутни.  Дали ќе преживееме допрва нѐ  чека неизвесноста“.      

СОТИР ГРОЗДАНОВСКИ е роден на 11 јули 1936 година во повеќечлено занаетчиско семејство, во село Буково, Битола, Македонија.  Основно образование  завршил во Буково, а средното образование го започна во гимназијата “Гоце Делчев“ во Битола, но го заврши во Пула, во Машинско техничко училиште, на Југословенската воена морнарица во Хрватска.

На 24 септември 1952 година ја започнува својата десетгодишна војничка кариера.  Во 1964 година завршува вишо образование на Правниот факултет во Љубљана. Потоа се вработува во Општината на град Пула, Република Хрватска. Во 1970 година, со семејството: сопругата Аница, родена Тољан и ќерките Биљана и Јосипа, заминува за Соединетите Американски Држави, во градот Детроит, кајшто се вклучува во црковниот живот во Македонската иселеничка заедница. Формира Македонски културен центар со издавање на македонско иселеничко гласило “ИЛИНДЕН” за Америка и Канада. Со група ентузијасти, волонтерски и со  самофинансирање, успеваат во самиот зафат да ги задоволат потребите на црковните заедници. Беа печатени црковните билтени со континуирано бележење на црковно-културни настани на Македонците во Америка и Канада. 

      

Напоредно со црковното гласило “ИЛИНДЕН” се раѓа и живее во македонската средина порталот “МАКЕДОНСКИ ЗБОР” кој преку социјалните мрежи се распространува во Република Македонија и во светот кајшто се раселени и живеат МАКЕДОНЦИ.  “МАКЕДОНСКИ ЗБОР”,  со повремени прекини и денес е присутен на социјалните мрежи преку Интернет програмите. 

      

Сотир Гроздановски од 2001 година со сопругата Аница  живее во Нови Винодолски, Хрватска, Европа. 

2n444

Сотир со сопругата Аница

Александар ДОНСКИ

 

Историја

News image

Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров, 4 Јануари 1924

Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со са...

Иселеници

News image

ЖИВОТНИТЕ ПАТИШТА НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Руската сказна за царот Македон

Во древните времиња, најстари од кој може да се види, па дури и позади нив, како што каменот од тие ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.