Среда, 16 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1980 ГОДИНА (II ДЕЛ) (29)

1l3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТАВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Кога ѓаконот Таковски се обиде да ги преведува зборовите на митрополитот Кирил, папата рече: „Вашиот ѓакон мисли дека ние не се разбираме кога говориме на полски и македонски јазик. Јас ве разбирам мошне добро, а сметам дека и вие мене ме разбирате. Знаете, јас сум студирал и словенска филологија. Сум читал ракописи што настанале во вашата земја. Наоѓам голема сличност во корените од зборовите на стариот црковнословенски јазик и вашиот денешен литературен јазик".

Митрополитот Кирил потврди дека добро го разбира кога тој зборува на својот мајчин, полски јазик, додавајќи:„Се чувствуваме многу среќни што слушаме од вас, кого Господ го издигнал на највисокиот трон на Римокатоличката црква, како човек од словенско потекло, што слушаме за толку големата сличност на вашиот полски и нашиот македонски јазик".

Откако му беа предадени подароците (ликовите на свети Кирил и Методиј во резба, илустрираната Библија за млади на македонски јазик, „Macedonian vistas", чаршаф со македонски вез, репродукции на стари македонски икони, книгата „Почит кон свети Кирил - десетте поклоненија на гробот на свети Кирил Солунски" И книгата „Света Гора", од јеромонахот Гаврил , од што беше очиглесно пријатно изненаден, тој ги поведе гостите кон центарот на салата каде беше неговиот трон со уште неколку фотелји од левата и десната страна. Откако беа спомнати неколку познати врски меѓу свети Матодиј и високи претставници на Охридската архиепископија со Полската црква низ историјата, митрополитот.

Кирил ја прочита поздравната порака од поглаварот на МПЦ, архиепископот Доситеј и Светиот архијерејски синод на македонски јазик до папата Јован Павле II. 

Со возбуда во тонот, митрополитот Кирил му се обрати на папата Јован Павле IIсо следните зборови:

... Ви благодариме најсрдечно, Ваша Светост, за овој висок прием, да ги пренесуваме молитвените братски поздрави од поглаварот на Македонската православна црква - Неговото Блаженство архиепископот охридски-македонски Доситеј и членовите на Светиот архијерејски синод. Истовремено, Ви ги пренесуваме благопожелбите за успешен и плоден понтификат. 

Македонската православна црква високо го цени пријателскиот и екуменскиот евангелски однос на Вашата Светост, на Вашите претходници, како и на голем број понтификални институции и еминентни личности на Светата столица кон нашата Црква. Тој однос во изминатиот период, преку вонредната екуменска соработка со Скопско-призренската бискупија со седиште во Скопје во текот на овие десет години и со Светата столица, се покажа мошне корисен и за нашата Македонска православна црква. Веруваме дека Господ ќе ни помогне плодовите од вакви екуменски врски и понатаму да се зголемуваат. 

Ве молиме, Ваша Светост, да ги примате овие симболични подароци. Нашата желба е тие да Ви напомнуваат за Македонската православна црква, за нејзините верни чеда и за творечкиот дух на македонскиот народ низ вековите.

Веднаш потоа, поздравувајќи се со сите членови на делегацијата, папата им подари по една книга репродукција од Рафаеловите станци во Ватикан. За тоа време беа направени повеќе снимки од страна на официјалниот фотограф во Ватикан. Приемот траеше половина час.

Во попладневните часови митрополитот Кирил и прота Гогов дадоа опширни информации на претставникот на Танјуг во Рим за молебенот и приемот кај папата. Вечерта, во 19, 15 часот, Радио Ватикан на словенечки јазик објави кратка вест за овој прием кај папата која беше објавена и во попладневното издание на ватиканскиот официјален весник „Осерваторе Романо". Во 19,30 часот, во вестите на хрватски јазик, преку Радио Ватикан беше предадена поопширна вест во која отприлика се рече:

Светиот Отец го прими митрополитот Кирил, предводник на православната делегација од СР Македонија. Вакви делегации Македонската православна црква испраќала повеќе пати досега, но ова е првпат во историјата Неговата Светост да прими македонска црковна делегација. На 24 мај имаше верски обред - мошне свечен молебен на гробот на свети Кирил Солунски во базиликата „Свети Климент Римски".

На молебенот присуствуваа поклоници - Македонци, два автобуса од Република Македонија и од Америка, Канада и Австралија. Беше забележано присуството на високи личности од Светата столица, меѓу кои и кардиналот Фрањо Шепар. Исто така, беа присутни загрепскиот помошник бискуп Ѓуро Кокша, отец Антонио Корен и голем број монаси и монахињи. Во црквата пееја три хора: хорот од скопскиот соборен храм „Свети Димитрија", хорот „Светозар Марковиќ" од Нови Сад и хорот на музиколошкото одделение на Српската академија на науките и уметностите од Белград

1l33

А сега на крајот, во чест на сестринската православна црква на Македонија ќе емитуваме „Иже херувими ... " исполнувана од хорот на „Руси кум".

За приемот на делегацијата на Македонската православна црква кај Неговата Светост папата Јован Павле II беше објавен извештај од страна на Танјуг во дневниот југословенски печат. Ја поместуваме веста од „Нова Македонија":

„Папата прими делегација на Македонската црква. Папата Јован Павле II денес во Ватикан ја прими делегацијата на Македонската православна црква, која учествуваше во религиозните и културните манифестации во Рим, во спомен на свети Кирил.

Во македонската делегација беа митрополитот американско-канадски и австралиски Кирил и митрополитот дебарско-кичевски Ангелариј, членови на Светиот архијерејски синод, како и други високи свештени личности. 

Митрополитот Кирил на папата Јован Павле II му ја изнесе историјата на Македонската црква, посебно на Охридската архиепископија. Митрополитот Кирил, исто така, му ги пренесе поздравите и добрите желби за успешна работа на понтификатот од поглаварот на Македонската православна црква архиепископот Доситеј. 

Во писмото до папата Јован Павле II архиепископот Доситеј го изразува задоволството поради успешната соработка меѓу двете цркви врз основа на евангелските и екуменските принципи. 

Папата се заблагодари на помошта на преведувачот и рече дека сосема добро го разбира македонскиот јазик, кој за своето писмо, како и другите словенски народи, му должи на свети Кирил.

Делегацијата на Македонската православна црква на папата му предаде подароци: чаршаф за маса во народен вез, скулптура на свети Кирил и Методиј, репродукции на икони и Библија на македонски јазик, а како подарок доби репродукции на Рафаелови слики од Ватиканските музеи.

Средбата помина во исклучително срдечна и пријателска атмосфера".

Од 21 до 24 мај 1979 година во Солун, во организација на Елинистичката асоцијација за славистички изучувања, се одржа Интернационалниот симпозиум, на тема „Средновековната грчка литература и словенските литератури". Организациониот комитет го сочинуваа: А. Е. Тахиаос (претседател), Ј. Тарнанидис (секретар) и Ф. Малингудис (секретар).

Македонската делегација ја сочинуваа: акад. Петар Хр. Илиевски и проф. Вера Стојчевска-Антиќ. Од СФРЈ учествуваа: Б. ЈовановиќСтипчевиќ, Р. Маринковиќ, Б. Грабар, Д. Богдановиќ, Ѓ. Трифуновиќ .

Во текот на симпозиумот беше приреден прием за странските учесници во куќата на проф. Тахиаос, каде што учесниците имаа можност за подолги разговори и запознавања.

„Почит кон свети Кирил Солунски" (Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим"), текстот го подготвија: американско-канадскиот и австралиски митрополит Кирил, прота-ставрофор Методи Гогов, Олга Спирковска, Црковно-просветен совет, Скопје, 1979.

Во предговорот на ова важно остварување дадени се мотивите, побудите и желбите за чествувањето на денот на смртта на словенскиот просветител и светител свети Кирил Солунски, погребан на 14 февруари 869 година во Рим. Токму од 1969 година, по повод 1100-годишнината од смртта на свети Кирил Солунски, започнува организирано чествување на светикириловото име и дело во Рим. Книгата ги содржи описите на сите десет поколенија, со илустрации од значајните средби и личности и од страната на Македонија, а и од италијанска страна.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат о...

Историја

News image

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на ...

Иселеници

News image

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.