Среда, 18 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО РИМ ВО 1986 – ДЕЛ I (38)

1por4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Од 20 до 25 мај 1986 година во Рим се одржа манифестацијата „Во чест на свети Кирил", што традиционално се организира вознакот на основоположниците на современата писменост, солунските браќа светите Кирил и Методиј. По тој повод, во светиот град Рим пристигна културна делегација што ја предводеше членот на Претседателството на СРМ академикот Матеја Матевски, а ја сочинуваа:

Владислав Радаковиќ, претседател на Покраинскиот комитет за наука и култура на САП Војводина, Цветан Станоевски, заменик на претседателот на Републичката комисија за културни врски со странство, Драган Драгојловиќ, претседател на Републичката комисија за односи со верските заедници и секретар на Републичката заедница на културата на СР Србија и д-р Коста Балабанов, директор на Музејот на Македонија и комесар на изложбата на икони.

Делегацијата на Македонската православна црква, пак, ја предводеше митрополитот австралиски г. Тимотеј во придружба на свештениците Спасе Стефаноски и Љупчо Двојаковски. Делегациите во Рим имаа средба со амбасадорот на СФРЈ во Република Италија и амбасадорот на СФРЈ при Светата столица, со што во духот на традицијата започна официјалниот дел на манифестацијата.

Потоа во галеријата „Ла Пиња" во Ватикан, д-р Коста Балабанов го одржа првото од двете предавања на тема: „Средновековните икони од ХI до XVII век во СРМ". Исто така, д-р Коста Балабанво на Универзитетот во Рим го одржа второто предавање на тема „Новооткриените глинени икони на археолошкиот локалитет Виничко Кале во СРМ", што беа проследени со соодветно внимание. Притоа, глинените икони предизвикаа посебна љубопитност како реткост и новина, кои за првпат излегуваат пред светската јавност. 

Исто така, трите концерти: солистичкиот на Јадранка Јовановиќ, оперска солистка од Белград и на Дејан Богдановиќ, виолинист од Нови Сад, како и настапот на Хорот на просветните работници „Св. Кирил и Методиј", под диригентство на Тоде Радевски, што се одржаа во концертната сала во тврдината „Сан Анџела", и дадоа позитивен белег на манифестацијата.

Најзначајна средба на целата делегација беше приватната аудиенција кај папата Јован Павле II, која според ватиканскиот протокол е од највисок ранг, а се одржа во приемните простории на Ватикан, каде што по традиција во сите вакви досегашни средби нашите делегации биле примени од високодостојници на Светата столица.

1por44

Ватикан

Според сознанијата, тоа е првпат папата да ја прими во таква посебна аудиенција југословенската културна делегација и делегацијата на Македонската православна црква заедно со амбасадорот при Светата столица Ш. Цигој, а и првпат да се дозволи на една странска ТВ екипа да ја сними таа средба. Овој прием и неговото ниво покажа дека Ватикан им давапосебно значење и на манифестацијата и на изложбата на иконите.

Во таа свечена пригода, академик Матеја Матевски изрази благодарност за приемот, а посебно за укажаната можност Ватикан да ја прими изложбата на иконите и пресретливоста кон манифестацијата.Тоа е знак на добрите односи со Ватикан, како и знак на високата оценка за културната вредност на експонатите и културната комуникација меѓу народите, што придонесува во меѓународното заемно разбирање и зачувување на мирот во светот. Македонскиот народ, нагласи Матевски, живо ја негува кирилометодиевската традиција која е во корените на словенската и македонската култура.

Обраќајќи им се на двете делегации, папата Јован Павле II го подвлече значењето на кирилометодиевската традиција и во поздравите и говорот до делегацијата изрази благодарност поради чествувањето на свети Кирил и свети Методиј чија улога за христијанството кај Славените имаат голема заслуга, за што и се прогласени од папата за созаштитници на Европа, покрај Бенедикт. Притоа, папата изрази благодарност што се одбележува 1100-годишнината од доаѓањето на Климент Охридски во Охрид, додека за иконите папата изјави дека тие се голема вредност на традициите на словенската и грчката црква и се заблагодари што се донесени и презентирани во Ватикан.

Откако ја прими како подарок книгата „Уметничкото богатство на Македонија", поглаварот на Римокатоличката црква му посака на македонскиот народ, врз своите сопствени корени, а тоа се корените на учителите свети Кирил и Методиј и нивнте ученици светите Климент и Наум Охридски, да ја гради и да ја унапредува својата сопствена македонска култура.

Третиот ден од манифестацијата, главно, помина во знакот на приеми и официјални разговори на двете делегации со нивните домаќини, а во Ватикан беше одржана и конференција за печат, на која за годинешните „Денови" зборуваа д-р Коста Балабанов и Цветан Станоевски.

Потоа високи личности од Ватикан приредија ручек во чест на двете делегации. Вратите на престолнината на Римокатоличката црква, тогаш, тие денови, се отворија и педесет и двата бисера на средновековната македонска уметност се најдоа во прекрасната сала на папата Пие V, сала која се наоѓа во непосредна близина на Сикстинската палата на чии сводови Микеланџело оставил дел од своето генијална уметничко дело и уште стотици такви дела што им припаѓаат на различни векови и разни уметници и каде што секојдневно минуваат десетини и стотици илјади намерници, од целиот свет. Ете тука, меѓу тоа огромно богатство кое по својата бескрајна вредност му припаѓа на сето

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.