Среда, 28 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

1src3Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот запишала:

„Една од значајните страни во интензивирањето на научно - наставната дејност на академикот Станковиќ, која не го напушти до крајот на животот, се перспективите на развојот на теориската биологија и примена на нејзините резултати во различни области на научното создавање и во животот.“ 

          “Во последните децении се направени крупни чекори во расветлувањето на законитостите на различни нивоа за организацијата на живите системи. Откриени се специфичностите кои ја карактеризираат организацијата на секој од тие живи системи“, велел  професорот Станковиќ.

          По повод промовирањето на академикот Синиша Станковиќ за почесен доктор на биолошките науки на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, професорот д-р Јонче Шапкарев, меѓу другото, го рекол и следново: 

          „Огромната заслуга на академикот Синиша Станковиќ може да се согледа преку анализа на неговата научно - истражувачка работа. Во својот речиси шеесетгодишен плоден и истражувачки период, од огромна важност се неговите публикации од областа на систематиката, зоогеографијата, морфологијата, ембриологијата, екологијата и еволуцијата на живиот свет.

          Врз база на неговите научни трудови, меѓу кои има и монографски студии, научната и истражувачката дејност на академикот се одвиваше во испитување на рибите, на копнените води и на нивните паразити, таксономските и зоографските истражувања на планариите, испитување на биологијата и распространувањето на маларичните комарци по долината на Дунав и во Македонија и истражувања на регионалните лимнолошки карактеристики на балканските езера.“ 

          Професорот Станковиќ уште во 1920 година ја објавил својата научна работа во Гренобл, која се однесувала на исхраната на пастрмките во алпските проточни води, за подоцна, во 1921 година, да докторира кај професорот Лежер, на тема „Развиток и исхрана на младите циприниди“. Од особен интерес се неговите истражувања во врска со продукцијата на проточните и на стоечките води, вклучувајќи ги тука и македонските езера.

         На времето, професорот Станковиќ се зафатил со проучување на начинот на уништување на маларичните комарци. Исто така, неговото големо значење и прилог за науката претставуваат и истражувањата на планариите (вид црвчиња) во копнените води на Балканскиот Полуостров.

1src33Св. Јован Канео

          Најголем дел од својата истражувачка кариера, како и најголем број научни трудови, се однесуваат на лимнолошките истражувања, проучувајќи ги хидрографските карактеристики, животните услови, живиот свет и продукцијата на балканските езера. Тој вршел регионални лимнолошки истражувања како на крашките езера на Динарскиот ситем, така и на езерата од Егејската зона.

          Од вкупниот научно - педагошки опус, кој опфаќа 95 библиографски единици, 42 се однесуваат на Охридското Езеро. Овие трудови опфаќаат различна лимнолошка проблематика, како што се географските особености на езерото, термичкиот режим на фауната на дното, систематиката на планариите и нивното географско распространување, рибниот продуктивитет на Езерото, како и проблемите на специјацијата.

         Таквиот широк интерес не бил само одраз на неговата љубопитност, туку и показател колку лимнологијата ја разбирал како интердисциплинарна наука, а езерата – како комплексни екосистеми.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.