Среда, 08 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ЈАНКОВЕЦ, ПРЕСПА (9)

1nas4

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Јанковец, или Јанкоец, како обичните граѓани го нарекуваат, е убава преспанска, македонска населба која се наоѓа на северната страна од Ресен, на патот Битола-Охрид. Тоа е споено или може да се рече дека е предградие или предградска населба на Ресен со сите нишани на градска населба.

Куќите се целосно обновени или, новоизградени, на приземје и кат и внатре современо опремени. Околу современите домови има убави уредени дворни места, во кои често има и магацини, гаражи, летни кујни, фурни и други објекти. Во многу дворови има овошни гради и простор за цвеќиња и други земјоделски културу.

Со своја училишна зграда селото се здобило уште во времето на турското владеење. ВО 1922 година била изградена нова (денес разурната), а околу 1960година е подигнато денешното училиште.

Во селото има одреден број куќи кои заради архитектонските вредности се ставени под заштита на државаа и претставувуваат национално богатство. Со право се заклучува дека Јанковец се одликува со градски манири и менталитет на жителите, како и современ начин за живеење. Затоа, со право често народот вели дека Јанковец е ни село, ни град.

Во Јанковец како локалитет од археолошко значење се наведува месноста Св. Атанасија, средновековна некропола. Во непосредна близина на југоисточниот дел на селото, постојат видливи остатоци од гробови покриени со камени плочи. Тоа говори дека Јанковец е стара македонска населба.

Јанковец е стара христијанска населба во која живеат околу илјада и петстотини жители сместени во над петстотини убави куќи со македонска градска архитектура, а изградени во минатото и сегашноста. Тоа е населбана во која сложно живеат претежно Македонци, а има и понеколку власки, турски-мухамедански и други семејства..

Од секогаш Јанковец било значајно место, особено како општина во Преспа, а јанковчани биле вклучени во сите воени и повоени период во историјата на Македонија. Така, во Илинденското востание имало востаничка чета предводена од војводата Перо Јанковчанецот. Во Кресненското востание (1878-79) зел учество јанковчанецот Коста Христов. Потоа, во Народноослободителната војна учествувале голем број жители на Јанковец, а жртви на бугарскиот окупаторски терор биле Милан Думовски и Крсте Трајчевски.

1nas44

Јанковец

Јанковчани својата егзистенција секогаш ја обезбедувале преку различни дејности, преку занаетчиството, поледелството, трговијата и други занаети.  Исто така, голем број јанковчани се и биле дел на државната администрација во Ресен и во Република Македонија. Во минатото од Јанковец оделе на печалба во многу земји, особено во прекуокеанските земји во Северна Америка.

Моето скромно искуство за иселеништвото од Јанковец е дека одреден број јанковчани се едни од најстарите активни доселеници во македонски иселнички движења, особено во Соединетите Американски Држави. Тие одиграле интересна и значајна улога во македонските иселенички процеси, во црковните и патриотско-политичките организации, во информативните гласила во Соединетите Американски Држави и во Канада.

Се разбира меѓу нив имало и патриоти и предавници, но за нив секогаш нивното село на дедовски корени - Јанковец останало ѕвезда водилка кон иднината на нивниот живот и кон посреќното утре за Македонија.

Јанковец е расадник на образовани луѓе, особено по Втората светска војна. Меѓу другите од Јанковец потекнуваат Александар Гештаковски, Димитар Бузлевски, проф. Никола Нечевски, естрадниот уметник од Охрид, Петар Нечовски, ликовниот уметник Благој Думовски, потоа Стеван Томовски, чиј корени по мајка му се од Јанковец, а со кого авторот на овие редови го потготвија   делото „Водич низ компјутерската терминологија“, како и  ресенскиот фотограф Пеце Нечевски и многу други. Исто така од Јанковец има голем број познати и признати иселеници во светот.

Во Јанковец постојат пет цркви и еден манастир. Црквата „Св. Атанас“ во чиј круг се селските гробишта, кои се едни од најуредените во Преспа и се наоѓа во селото на патот  од Битола кон Охрид. Други цркви се црквите „Свети Јован Крстител“,главната селска црква, осветена 1866 година „Света Никола“, „Свети Игнатие Богоносец“ и „Успение на Пресвета Богородица“ - главната манастирска црква на Јанковечкиот манастир, која е дел од духовното наследство на Македонија и на македонскиот народ.

Манастирот "Успение на Пресвета Богородица", кој се наоѓа на западната страна од селото претставува еден од позначајните верски објекти, не само за Јанковец, туку и за Преспа и Македонија. Тој бил изграден во 18-от век, во чиј комплекс постои манастирска црква, за која не е исклучена можноста некогаш да била парохиска црква.

Манастирот "Успение на Пресвета Богородица"  е женски манастир, во кој монахињите во манастирот работат икони според православното предание, а не уметнички слики со религиозна тематика. Обично се вели дека иконата, според правосланата теологија е визуелно богословие.

Тоа што е со букви и мастило напишано во Светото писмо, овде е напишано со бои. Ако промените макар и најмали нешта во начинот на сликање на иконата, тоа е како да сте промениле збор од Светото писмо – што е недозволено. Исто така, монахињите сложуваат мозаици, ткаат покривки и везат ракотворби. Таму пред манастирот се наоѓа големо ореово дрво полн со ореви, а над манастирот е изградена црквата Свети Игнатие Богоносец, прва ваква црква кај нас.

Инаку, според бројни податоци, во црковниот двор на манастирот е погребан Охридско - преспанскиот владика Дионисиј (Елин по потекло), како и архиерејот Калиник кој починал во март 1841 година.

На 27-ми август, во вечерните часови и на 28-ми август во утринските часови во манастирот „Света Богородица“ во Јанковец се обележува еден од најголемите христијански празници Успение или Воскресение на Пресвета Богородица.

По повод православните празнувања, верници од Преспа и од цела Македонија масовно го посетуваат овој манастит и го прославуваат големиот христијански празник Успение или Воскресение на Пресвета Богородица. Се палат свеќи за здравје и за денот на заштитничката на домот и на семејството. Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот е познат како Голема Богородица.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.