Среда, 05 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
МАЈСКО УТРО

Marija Vodenska copy

Марија Воденска


Трендафилот стегнат в’ рака соголе и се распосла цветот врз бирото и на подот, а мирисот се ширеше и понатаму. Трендафилот не е обично цвеќе,  И при секоја нова средба со мирисот, во некое друго време во екот на бујните цветови со градинарски мирис, потсетува на момент значаен и доживеан во минатото.

Надвор во паркот на височинката работниците беа насобрани и го чекаа својот дневен оброк - распоред од директорот. Некои стојат, други се клекнати, некои се потпрени на стеблата од багремите и дивите костени, а малкумина од нив се седнати на зелената трева. Одблизу допира дремлив соговорник. Повеќето го пушат својот ден со мирисот што се губи како сивкаста пајажина, низ утринската свежина и богатството на зеленило бликнато од утринската роса.

Со работничка облека од темно син кепер, на грбот од облеката втиснато името на фирмата ЈП “ФОРТУНА”,  е дамкосан живиот труд  на работникот.
И нема ништо значајно во тоа, ако не пречекорил над превезот, под кои тие го очекуваат својот катадневен и денешен залак, што утрински му ги скомиња забите. Под каскетите од истиот материјал не може да се скрие гладот, што извира од очите и утробата што ги пречекува со вистинската измама за топлата вечера, полна торба аргатски маки големи, “стани си утро порано, легни си вечер подоцна“...на Рацин за светскиот ден на поезијата,

 
Скришум од директорот кој се’ уште не дошол, се приближив и не наметнато заподенав разговор за убавите мајски денови, за утрата што допрва идат…

- Поминаа златните години со ТИТО, процеди низ заби еден од работниците и продолжи, Имам многу стара мајка, вчера ми рече:
— А бре синко, што толку народот се разудрил со садење на тутун? Тоа е знак и ми личи на сиромаштија. Пред војната така беше со беда, глад и немаштија…
— Сиромаштија е мајко, и’ реков, ајде кажи ми откога месо не сум донел дома? Пак е како некогаш, месо само за Велигден и за Божиќ. Дечињата носат патики и јадат леб со маргарин, млекото е луксуз да се пие. И не сум само јас така Мајко, со такво дереџе се и моите другари и нивните познати и фамилии. За моето метење на улици, полевање на зеленило и фрлање ѓубре од кантите по куќите, толку се добива, колку да ги подмирам сметките за вода, струја и ќирија. Од твојата пензија, и сама гледаш, се храниме до 10- ти во месецот, а другите денови џвакаме без да голтаме…Гребаме и таму кај што дното се продупчило...
Некако и сонцето не не’ стоплува. Коските ми штракаат како штркот со клунот. Рацете ми се тресат, целиот треперам и гласот ми се одзема кога децата ми бараат јадење. На радио велат дека кромидот и зелката биле озрачени, да не се купувало, ами што друго Мајко, ако со лебецот не ми замира барем кромидот со буковец. На другарите им велам, ние сме озрачени пред озрачувањето и одамна сме имуни на здравјето. Го крпиме денот уште пред да изгрее сонцето.
За вечера многу од моите другари си одат дома, откако ќе позаспијат децата, им барале пари за тетратки за книги, за кино… пролетта и летото кратко ќе потрајат. Зимата е многу долга, растегната како ластик што само се издолжува. Од мојата плата се купува само три метра куси дрва за горење. Зима иде, како ќе ја поминеме со овија паразити што се накотија во општината и директорот со нив, ми се запалува главата и ме печи во во градите, МАЈКО МОЈА…!

Во јавното претпријатие “Фортуна“, како што немав никакви задолженија, бев “неподобна“ по казна од Сојузот на комунистите во Штип, ме замоли Томе да ги прочитам неговите издадени книги за корегирање, кои според мене беа полни со шаблонски социо- фрази. Текстот во книгата “Акцијаши“ го сведов само на акцијата во Маврово.

Моето интересирање се задржа на романот “Грешна Недела“ во која се зборува за Велика, што  е осудена на затвор повеќе години,  поради убиство на нејзиниот маж. За време на издржувањето на казната, таа од својата ќелија преку прозорските решетки, постојано е загледана надвор. Зимата доаѓа и врне снег. Гледа во снегот напластен и врз снегот се шетаат гарвани- чавки. Таа е внесена во стапалките на гавраните кои личат на расштркано писмо.

Описот во книгата несомнено привлекува внимание за читателите.

По шест месеци Велика е постојано крај решетките загледана во просторот со менување на годишните времиња. Авторот ја опишува истата слика со снегот и гавраните...

Читајќи внимателно, забележав анахронија во времето. На авторот му поставив прашање, каде се случува дејствието? Ми одговори дека е во Македонија. А колку месеци има снег во Македонија? Ми одговори дека може да врне снег четири, а најмногу пет месеци. И тогаш му реков: Како е можно по шест месеци да врне снег во Македонија?

Авторот се подзамисли, возбуден од парадоксот, енергично самиот се запраша? Па како овој пропуст не го забележал Димитар Митрев, професор по литература и најплоден критичар? Тој ја напиша Рецензијата и критичкиот осврт кон книгата “Грешна Недела“, прв роман издаден 1961 година!?...

Нејсе!

Моето работно време беше изолација од народот во градот, но со најмногу прочитани книги.               

ЈП “ФОРТУНА” —Штип, 1987 година

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.