Среда, 12 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА ИСЕЛУВАЊЕТО ОД ПРЕСПА И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (14)

1slav3

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН 

Развојниот пат на македонското иселеништво во основа се совпаѓа со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се движеле настаните околу Македонија. Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред се`, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за печалбарството.

Затоа, печалбарството при крајот на 19-от и почетокот на 20-от век станало масовна појава и еден од најсилните докази за неподносливата состојба, особено во македонските села. Селаните масовно ја напуштале Македонија и оделе во Солун, Цариград, Смирна, Скадар и надвор од границите на Турција во соседните земји: Србија, Грција, Бугарија и Романија, а понекогаш и во Австро-Унгарија, Франција и Египет. Така, по неколку илјади од Леринско, Преспа и Костурско секоја година оделе во Цариград и Смирна; од Струшко и Битолско најчесто се упатувале за Скадар; од прилепските села и од градот оделе во Србија и Бугарија; од Охрид и околината оделе во Србија, Бугарија и Романија, а голем број печалбари имало од Велешко, Кичевско, Демирхисарско и Тетовско. По некое непишано правило, печалбарите се враќале  дома по неколку години и со спечалените пари најчесто купувале имот.

Исто така, при крајот на 19-от век и на почетокот на 20-от век  Македонците почнале да одат на печалба и во прекуокеанските земји, САД, Канада, Австралија и Јужна Америка (особено Аргентина). Така, се знае дека првите печалбари од Македонија пристигнале на северно-американскиот континент во 1885, а првата поголема група претежно од селото Буф, Леринско, во 1898 година. Во Австралија првите Македонци – печалбари пристигнале по Првата Светска Војна, а првите групи дошле во 1924 година, слично како и во Јужна Америка.

Печалбарството, односно преселувањето, пак, од Македонија во САД и  Канада е карактеристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, Тетовско и други делови на Македонија. Иселеничките движења од овие краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по Балканските војни и по Првата Светска Војна, кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донеле тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бугарија, Кралска Југославија, Грција и Албанија.

Она што се случувало во минатото во периодот од неколку векови, по Првата Светска Војна, за релативно кусо време во одделни делови на Македонија настанале крушни миграциони движења и етнички измени кои имале катастрофални последици за македонското население.

Бранот на иселување од Македонија, главно, од традиционално иселеничките краишта се засили по Илинденското востание 1903 година, особено во периодот по делбите на Македонија, во текот на Балканските и Првата Светска Војна. Така, според некои податоци, од сите три дела на распарчена Македонија, 60 отсто од иселените Македонци биле од егејскиот, 25 отсто од вардарскиот и 15 отсто од пиринскиот дел.

Според Специјалната комисија на ОН за Балканот, пак, во извештајот од 13 мај 1949 година, од Егејска Македонија вкупно се иселени 232.000 Македонци, а на нивно место грчките власти доселија и ја колонизираа грчка Македонија со грчки бегалци од Мала Азија.

Исто така, иселувањата од сите делови на Македонија биле интензивни меѓу двете светски војни, а особено по светската криза. Иселувањето се засилило по Втората Светска Војна, посебно по поразот на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна во Грција, на чија страна масовно учествуваше и македонското население од егејскиот дел на Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие своите национални и социјални права.

Поради репресалиите и другите смислени притисоци на грчките власти низ македонското население, во овој период огромен број Македонци и други националности беа присилно принудени на преселување и мораа да ги напуштат своите родни места. Ваквите појави беа особено изразени во Леринско и Костурско.

Карактеристичен е и периодот по 1960 година. Тогаш со отворањето на СФР Југославија спрема светот и со вклучувањето во меѓународната поделба на трудот, паралелно со создавањето на аграрно население во градовите и со либерализацијата на политиката за одење на работа во други земји, дојде до иселување на поголем број работници и интелектуалци од тогашна СР Македонија на северно-американскиот континент. Преселнички движења од Македонија кон светот се присутни и денес, меѓутоа нивниот интензитет е различен, зависно од економско-политичкиот момент во Македонија, на Балканот и во светот.

1slav33

Центарот на Скопје

Поради миграционите движења, како и поради зголемувањето на наталитетот, бројот на македонските доселеници расте од година во година. Меѓутоа, не постојат целосни и попрецизни податоци за бројот на македонските иселеници во прекуокеанските и во западноевропските, како и во некои соседни земји. Некои пореални проценки зборуваат дека од средината на 19 век до денес од сите делови на Македонија, во разни земји во светот се преселиле од 600 до 700 илјади Македонци.

Во отсуство на целосни статистички и други податоци, мошне тешко е реално да се утврди точниот број, меѓутоа, се проценува дека во САД, Канада и во Австралија живеат околу 500 илјади македонски доселеници, од кои околу 150.000 во САД, приближно 1500.000 во Канада, и над 200.000 во Австралија и Нов Зеланд, од кои поголемиот број се од Егејска Македонија, а потоа од Република Македонија и мал број од македонскиот дел во Бугарија и во Албанија. Се проценува дека во Европа и во други земји живеат околу 100.000 македонски иселеници. Постои одреден број доселеници од македонско потекло коишто живеат во Јужна Америка, Египет, Велика Британија, Јужна Африка и во источноевропските земји, како и во Турција, каде има голем број Македонци - муслимани и етнички Турци од Македонија.

Современата економска емиграција голем интензитет забележа во деведесеттите години од минатиот век, кога Македонија ја напуштија над 100 илјади нејзини граѓани (вклучително Македонци, етнички Албанци и други). Тоа го потврдуваат расположливите податоци од последниот попис на населението на Република Македонија. Според нив, во 1994 година надвор од земјата престојувале 173.611 лица од кои околу 50.000 заминале од 1989 до 1994 година.

Според повеќе показатели, овие миграциони движења продолжуваат со еднаков интензитет и ден денес.  На тоа укажува големината на негативната нето миграција (7.438 лица годишно во периодот 1994 - 1996) и расположливите податоци од странски извори. Така на пример, според податоците на Советот на Европа, само во Германија, Италија и Швајцарија, во периодот 1996 - 1999 година, бројот на македонските граѓани е зголемен за околу 41.000 лица

Според последниот попис во Република Македонија, одржан на 5 септември 2021 година вкупното резидентно население изнесувало 1 836 713 жители. Од нив, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението 7 % - се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е што во Република Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Според изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др.

Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други. Притоа, 61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик, 3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик.

Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис. Оваа можност ја искористија 258 932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјаснија како Македонци, 66.42 % како Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Македонија

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.