Среда, 31 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
ПРЕСПА - ДЕЛ ОД ЦРКОВНИОТ ЖИВОТ И ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА И УБАВИНА (21)

         1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

                                                               ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје излезе од печат публикацијата „Преспанска разгледница“ на Славе Катин. Во неа на 420 страници се објавени педесеттина репортажи од доживувањата, активнотите, историските податоци, посетите, бројните културно историски настани и други текстови кои се однесуваат на родната Преспа на авторот. Таа е 62. дело на Славе Катин почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година, па до денес.

Во публикацијата е поценцирано декаСлаве Николовски-Катин или како што е познат само како Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во Македонија и македонскиот народ, како и во македонската дијаспора. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците во светот.

Исто така, неговата работа се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и посебно религијата.

Славе Катин не припаѓа на политичка партија, бидејќи тој е припадник на етничка Македонија, на Македонците во дијаспората и на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ - ОА), која како институција игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји и насекаде во светот.

Во делото „Преспанска разгледница“ Славе Катин пишува за Преспа како значаен дел на Македонија, за Македонците од поделена Македонија, особено за минатото и сегашноста на етничка Преспа. Затоа, да се пишува за Преспа е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство.

Во ова време на светска глобализација прекрасно е чувството кога ќе се најде на едно место дел од една историска вистина за настаните, личностите, за минатото, сегашноста и иднината на еден убав македонски крај од незаборавот кој се вика Преспа.

11 copy copy copy copy copy

Црквата Св. Ахил во Долна Преспа

Затоа, авторот на ова дело Славе Катин како публицист и новинар кој го прокрстарил светот и оставил траги за Македонците во дијаспората, со големо задоволство се зафати да пишува и да даде придонес за етничка Преспа, да пишува за неговата родна Преспа која ја носи во срцето и е чест посетител на тој убав македонски крај.

Катин постојано патува, но секогаш се навраќа во неговото Љубојно, каде во неговиот македонски дом има и библиотека со 5.000 книги, За него Преспа е природен резерват, еден од позначајните на Балканот кој има отворен хоризонт. Раскошните планински визури на Пелистер, Галичица, Иван Планина и Преспанското Езеро, богатиот и редок растителен и животински свет и благородната клима од Преспа направиле вистинско чудо на природата.

Мајката природа на Преспа ѝ подарила богатство на убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа преспанци каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во Преспа, се гордеат и го чуваат ваквото богатство за идните генерации.

Она што на Преспа и на нејзината историја ѝ дава посебен белег е нејзиното богатство со културно-историските споменици, уште од времето кога била староримска крстосница и прва престолнина на цар Самуил, а денес е туристичка дестинација.

Борбата за национално ослободување од Отоманската Империја во овој крај организирано започнала многу одамна. Уште пред создавањето на Тајната македонска одринска револуционерна организација (ТМОРО) во 1893 година, Преспа била центар на многу настани од овој период.

Така, на 15 август 1894 година во куќата на Татарчеви во Ресен, било одржано советување со кое непосредно раководеле Даме Груев и Пере Тошев. Тука биле донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија.

Ова прво советување на ТМОРО, по своите историски одлуки се смета за „голема илинденска искра”. Во текот на Илинденското востание на овој терен дејствувале 12 комитски чети со над 2.000 востаници. Најжестоки битки се воделе во реонот на селата Крушје, Лева Река, Болно, Евла, Златари, Кривени, Љубојно, Брајчино, Долно Дупени, Герман и други песпански места.

Меѓутоа, незаборавен е фактот дека првото слободно утро во Ресен и Преспа осамна на 5 ноември 1944 година, кога борците на Петтата и Седмата македонска народноослободителна ударна бригада победоносно влегоа во Ресен и го развеаја знамето на слободата.

Co тоа се означи крајот на вековното ропство и почетокот на новиот слободен развој на Народна Република Македонија, а во тие рамки и на Ресен и Преспа во целина. Во годините по Втората светска војна овој крај, од изразито заостанато аграрно подрачје, доживеа значајна преродба, израснувајќи во модерен индустриски, земјоделски и туристички центар, со современа и развиена прехранбена и текстилна индустрија.

Исто така, во книгата „Преспанска разгледница“ е запишано дека Славе Катин е добитник и на „Награда за животно дело 2022“  која му се додели на 5-тата глобална конференција на „Обединетата македонска дијаспора “ОМД од Вашингтон, што се одржа во Скопје, во јули 2023 година, со цел да се одбележи неговото 50 годишно творештво и неговиот 82 роденден.

Исто така, Славе Катин е добитник на наградата „Повелбазаживотно дело“ што ја доделува Советот на Пелагониските средби од Новаци-Битола за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење, потоа на „Наградата за животно постигнување во творештвото“, која му беше влачена на „49-те Иселенички Љубински средби“ во Љубојно, Преспа, како и добитник на престижната награда „Крсте Петков Мисирков 1991“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија од областа на журналистиката.

Инаку Славе Катин е почесен член во литературните друштва „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада и “Григор Прличев“, од Сиднеј, Австралија, а е член на „Битолското научно друштвото“, и е доживотен волонтерски член во фондацијата „Атанас Близнаков“   на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Публикацијата „Преспанска разгледница“ е 60. дело на Славе Катин почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година, па до денес. Исто така, тој е автор на околу 5.000 новинарски и други текстови. Славе Катин постојано патува, но секогаш се навраќа во неговото Љубојно, каде во неговиот македонски дом има и библиотека со 5.000 книги, За него Преспа е природен резерват, еден од позначајните на Балканот кој има отворен хоризонт.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.