Среда, 14 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
ВРАЌАЊЕ НАЗАД ДАЛИ ЌЕ ИМА?

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Од таа бигорна четириесет и осма

Со крилата песна и стушено детство

Не паметам многу, паметам чадој,

Шурки крвје, густо, пифтосано од плачој

Оросена болка, закоравена тага

Натежната со мирис на копнеж..

Враќање назад дали ќе има?

 

Паметам, беше мартовска зима

Таму, високо на Ниџе

Низ белите маглини

Чекор по чекор,

Тешки чекори бавни

Врвица долга , низ патеки стрмни,

Низ борјето густо, натежнато со снег

Тромо се влече колоната...

Враќање назад дали ќе има?

 

И паметам, тоа беше Ден

Ден невратен

Ден жигосан

Што тажно влечејќи се одминува

Ден суден!

Бегалци бевме, страдалници

Бегалци од Родината своја...

Враќање назад дали ќе има?

 

И патем, паметам, тешко офкаше некој

Некој офкаше болно

И пред да згрне трунка сонце

Уште еднаш зарипнато офна

А потоа, потоа се струполи нешто

Нешто како клопче што пласна

Врз снегот бел,

Остана згрчен како црна дамка

И се слушна шепот: „Покој за душа“...

Враќање назад дали ќе има?

 

Кон падините на Ниџе

Колоната црна продолжи да тече.

Изѕемната ништо не гледав

Само немото роморење го слушав

И тешкото, долго чкрипење на снегот,

Во ноќта црна, поцрна од сите ноќи на светот,

Толку темна, чинам во јама не’ грабна...

Враќање назад дали ќе има?

 

А патем, в’ караула една стигнавме бедни

Насреде оган, наоколу сите

Прокиснати, капнати, гладни

Партизани и деца, и старци страдни

Се’ на едно место,

Душа збрана, чиниш тесто...

 

Шепотом болка се слуша

„Некој испушти душа“...

Паметам дете врисна!

Затрепери младо, ластерче слабо

На мајчини восочни гради

Од очите гладни извор ко’ да бликна.

Засекогаш „Збогум“ редум си велат,

Од Родината своја ноќва се делат...

 

Враќање назад дали ќе има?

 

И плаче дете, в’ преград се нурка

Мајка мртва нежно си гушка

Со мраморни очи ко’ бетонско гнездо

Мајка мразна Чедо не слушна.

Мајка една, о, небесна ѕвездо!

Остана тука, во белина мрачна

Покосена од болка, тука падна...

Враќање назад дали ќе има?

 

Мајка гладна за родот страдна

Тука згасна со рана млечна

За Чедо едно

Што со дланки, нежно

По коси мајкини талка, липа

И за Мајка пита:

Мојата Мајка остана тука

Кај ли е сега, зад која Бука?

 

Од стариот столетен Бор

Низ ветрот шепот се слуша:

„Таму, зад ридон остана Таа,

Онаа, што тажно спомени точи

И пенливо клокоти-нашата Славна

И Оваа тука, што од крвта пламна...“

Враќање назад дали ќе има?

Marija Vodenska copy copy

Мариа Воденска

Воденска средба, Парк Ќермес

Скопје, Мај 1974 г.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.