Среда, 11 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
ЦРКОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО ПРЕСПА (27)

3

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Во историските документи е забележано дека Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период

Така, почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била, е и ќе биде место каде што ce вкрстуваат различни цивилизации. Така христијанството се појавило на овие балкански простори, а со тоа и во Преспа пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија.

Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Филип и Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Словените кон југ и на други народи, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици, религии...

Затоа, историјата на македонскиот народ е тесно поврзана со историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот.

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква.

Затоа, историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква-Охриска ариепископија. Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред сé преку градење цркви и манастири.

Преспа како дел од етничка Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква - Охридска архиепископија одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија.

Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.

Основите на црковното живеење во Преспа ги постави македонскиот цар Самуил својата престолнина ја сместил не случајно на островот Ахил во Преспа, кој се наоѓа на Мало Преспанско Езеро, во Егејска Македонија што сега припаѓа на Грција. На островот Мал Град, што е на албанска територија, пак, се наоѓа црквата „Свети Петар и Павле“, а на брегот на Големото Преспанско Езеро, кај селото Нивици е црквата „Света Богородица“.

Затоа со право се вели дека цар Самуил не ја избрал Преспа за своја престолнина случајно. И сега и тогаш, Преспа била питома и богата со големи населби, со плодно поле и зелени пасишта, со богат лов на риби во тогашното езеро и големата река, кои му овозможувале на царот доволно храна за војската и робовите што ги држел. Преспа ја видел и како тврдина која му обезбедувала спокоен престој за војската и управата, особено кога се враќал од походите.

Самуил во Преспа почнал да гради патишта, цркви и други паметници. Така, на островот во Малото Преспанско Езеро, во Долна Преспа ја изградил црквата Свети Ахил, која имала 12 олтари во кои на обредите пееле 12 попови. Црквата ја подигнал по неговата голема победа над Византијците, во близина на Лариса, каде што инспириран од тамошната црква „Свети Ахил“, решил таква црква да изгради и во Преспа.

Во новата црква ги донел и моштите на патријархот Ахил, бидејќи ја изградил во негова чест. Црквата е лоцирана на источната страна, во подножјето на островот, а еден дел од неа денес се наоѓа во водите на езерото, како урнатина.

На островот Голем Град царот изградил четири цркви, во кои работеле голем број калуѓери. Тие ја обработувале и манастирската земја, чувале стада говеда и овци и се грижеле за одржувањето на објектите. Кога подоцна во Мала Преспа надошле води и го поплавиле полето и патот до островот, калуѓерите и селаните од Ахил, чие село тогаш било големо, ја доградувале калдрмата за населението од Преспа да може да доаѓа на „светата" земја.

Над Византијците цар Самуил извојувал многу победи и секогаш кога се враќал во Преспа со него носел голем број робови и богат плен. Преспанското население му приредувало свечени дочеци, а во црквите се правеле обреди и церемонијали. Затоа и не е случајно што денес во Преспа има четириесетина цркви и манастири, чии камбани веројатно го означувале триумфалното враќање на царот во престолнината.

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата.

Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност.

Така, во црквите и манастирите во Преспа се созадени значајни ликовни дела со кои се гордее човечкиот род. Иконите, фреските на манастирската црква „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и архитектонските облици, делата на применетата уметност од манастирот „Света Богородица“ во Сливница, влегуваат во антологијата на значајните остварувања на тоа време. Bo тие дела се распознаваат оригиналните карактеристики и белези сврзани за македонската културна традиција во Преспа.

Продолжува

1slavek1 copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.