Среда, 16 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Броениците се народни умотворби што ги создаваат децата за своите потреби

Marko Kitevski

(Подготви Марко Китевски)

Во нив најважен е ритамот, поради што тие често се без содржина или содржат нејасни зборови. Броениците ги користат децата за одредување кој прв ќе ја започне играта. Но нивната функција освен забавна е и педагошка зашто со нив децата го вежбаат брзото и течно говорење, смислата за ред во излагањето и сл.

1. Ономоно дономоно; триафиле, карафиле; стото-пито, многогито; љајтин, гујтин, суезе, сукезе; делимар, кокошар, з’би, кации, тенеке, напрсток. 

2. Цуцулига пеитан; петугора, хајван; харџиман; чунчук, чукалчак, ковал, керкел. 

3. Јаребица, попратица, до мазара, до катара, чингини, мингини, оптил, дуптим, дупка.

 

4. Илилига,

пилилига,

домушаре,

докатаре,

вајстрен,

чилибија,

русалија,

тамбек,

кукулек,

подмеждука,

ѓељ бубулек.

 

5. Огнала, оладошту,

паче-пилци,

савре-сини,

ѓормедим,

тас-тус,

тумбалекте

пљус.

 

6. Елерица,

преприца,

домузара,

до катара;

чифтин,

Мартин,

дупен,

прескочен.

 

7. Елелем,

белелем,

чим-чим

калелем,

јарма,

јурма,

дилен,

дишен,

дорото.

 

8. Море дете,

шеремете,

потрепети,

калин,

препин,

синолиа,

синокопа,

кај Турчин

на војска.

 

9.  Елелига,

пепелига,

томазана,

докатана,

вај стран,

друго ман,

челебиа,

русолиа,

тамбак,

кукурик,

миж дупка.

 

10. Еленица,

плетеница,

домазана,

докатана,

кајвер,

кајпис,

синокос,

космадин,

грлен,

грчен,

бух, трух,

трагос,

мрагос,

боп,

дроп,

шоп.

 

11. Елерица преперица,

до мазара до катара,

чифтин, чеголем,

мартин, дуптин,

прескочен.

(Турски)

Елелим, белелим,

џим, џим, калелим,

јарма, дурма,

дилим, дишим,

Тавтото.

(Ова го пеат кога играат со прстите. Неколку деца ќе наредат по два прста на коленото на друго дете, кое ќе ги чита горните стихови и ќе ги реди прстите на другарите. Кому ќе му остане еден прст непоминат ќе ги бара другарите кои ќе се кријат.)

 

12. Еника, меника,

кликабе,

амбе, шамбе-

до мене;

ецка, пецка,

демо, лецка – граф.

 

13. Идими, дидими, триесет катика, безберика, сукесмо, пасмо, тенеке, кокошар. 

 

14. Илилиа,

пилилиа,

домадана,

докатана,

челебиа,

русилиа,

русинбек,

кукурек,

мижи д..

 

15. Елелум,

белелум,

чим, чим,

калелум,

јарма,

јурма,

тас,

тус,

пимпиле,

пис,

камче,

кантарче.

 

16. Елелица,

попелица,

домузара,

докатара,

чиф’,

чиф’,

чиголим,

мартин,

дуптин,

прескочи,

јапилоќ,

цуф,

пуф,

бела вошка,

црна вошка.

 

17. Додо калидо,

сала мала салимо,

пипондо, пипондо,

лабаќита, лабаќита,

врти он,

ѓон.

 

18. Шеремета,

потрепета,

калане,

препис,

туткуле,

тудесет.

 

19. Скокна жаба,

од копен на копен,

та вика, та клика:

- Збирајте се, војни,

на цигливо перче,

цигулин, мигулин,

коч, бело кочице.

 

20. Едноло,

дволо,

троло,

четроло,

петоло,

шестоло,

седмоло,

осмоло,

деветоло,

десетоло.

 

21. Една рада,

друга рада,

шеремета,

потрепета,

далис,

препис,

синулиа,

сина коз,

Татарин,

Бугарин,

Турчин.

 

22. Енци, менци на каменци, три са брата  на за печата, ери мери, музи кери, креч. 

23. Ајн, увај, орај, рики, рики рај, оки боки дандароки, шао, мао, пик. 

24. Еј дин дину, сарака тину, тика, така, елин белин, буф. 

25. Една Рада – друга Рада. Кутри Петре? Каказ’м, шипендија, минекуј – пук. 

26. Оно-моно, доко-моко; триафили-карафили, стот-пито, моко-гито, мајтик-гујтик; суезо-сукезо; дилимар-компчар; сби-гајци, тенеке, на прст’к. 

27.  Еперига-пенерига, думатара-дукатара, чајчин-чикарин, мартин-кукушин. 

28.  Инџиниџе-пиперинџе, кавалад’р-кат’р-киче. Јумен-дјумен, ереџик-кепеџик,  с’на верд’м сепџик. 

29.  Елељуга-пепељуга; думатара-дукатара.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.