|
||||
Кирил Пејчиновиќ роден во с. Теарце, Тетовско, 1771 |
Кирил Пејчиновиќ (с. Теарце, Тетовско, 1771 - манастирот Лешок, Тетовско, 1845) – е воспитаник на црквата, калуѓер и еден од основоположниците на новата македонска книжевност. Кирил се замонашил во Хилендарскиот манастир. Се вратил потоа во Тетово и дејствувал во Кичевскиот манастир. Бил игумен на Марковиот манастир крај Скопје (1801 - 1817). Го возобновил Лешочкиот манастир и од 1818 до 1830 година., бил негов игумен и во него како монах останал до крајот на животот. Тука го отворил келијното училиште и прави обид за создавање печатница. Така манастирот прераснал во просветен и културен центар на Западна Македонија. Пишува на народен говорен јазик, а со тоа делата ги прави достапни до македонскиот народ. Книгите на Пејчиновиќ преставуваат вистинско огледало за севкупниот економски и духовен живот на македонското население во првите децении на XIX век. Пејчиновиќ развива силна просветителска работа. Прибира стари книги и ракописи, основа школи, ја помага печатницата на Теодосија Синаитоки и, на тој начин, го помага проеветното издигање на македонскиот народ. Целокупната негова активност преставува обид да го извлече својот народ од заостанатоста и мракот и да го воведе во светот на културните народи. Неговиот епитапф склесан врз надгробната плоча од вечниот дом во манастирскиот двор го означува почетокот на новата македонска поезија во XIX век. Кирил Пејчиновиќ е роден околу 1771 година во тетовското с. Теарце. Своето образование ќе го стекне во манастирските школи, во Св. Пречиста Кичевска и во манастирот Хиландар на Св. Гора. Манастирските школи што ги свршил Пејчиновиќ можеа да му дадат елементарни познавања на писменоста и релативно добри познавања на теолошката литература и црковната организација. За скромното образование што ќе го стекне по манастирските школи може да се види од писмото што Пејчиновиќ во 1833 година ќе го испрати до кнез Милош. Во него тој осврнувајќи се на своето школување ќе напише: „не учихом во никое школо, ни па растјехом во нјекија палати нашего јазика, ни во палати чуждија вјери, но от зачала и до нинје пребиваем во гурбетлук во место уничиженија, во запустении свјатих црквеј и монастиреј". Недоволно образован тој неможел да го прочита писмото на кнез Милош пишувано на „белградское рукописание“, па го моли во иднина неговите писари да пишуваат на Кирила Пејчиновиќа со „главними словами писати“. Какво било неговото образование може да се види и од двата стиха од надгробниот натпис, кој како „бивш“ игумен, „своеју рукоју“ ги издлабил во 1835 година, каде изјавува: „Пречиста и Хиландар пострижение, Лешок му е негоо воспитание “. Најголем дел од своето образование Кирил го стекнува во Света Гора, во прочуениот манастир Хиландар. Според записите, Кирил заедно со татка си Пејчин и стрика си Далмант, откако го распродаваат својот имот во Теарце, се ирефрлаат во Хиландар. Таму се закалуѓеруваат сите тројца. Татко му Пејчин, како калуѓер наречен Пимен, и стрико му Далмант, остануваат во Хиландар знатен дел од нивниот живот. Откако го зема на себе името на големиот словенски просветлител Кирил Солуњанин, нејаде на почетокот на XIX век се вратил од Света Гора во родниот крај. Дејствувал во Лешочкиот и Кичевскиот манастир. Како игумен на Марков манастир, Пејчиновиќ се споменува веќе во 1801 год. По доаѓањето во запуштениот и ограбен Марков манастир, задужбина на Марко од Прилеп, Кирил Пејчиновиќ работи на неговата обнова. По обновувањто на манастирските конаци и манастирската економија, Пејчииовиќ за да ја задоволи потребата од прирачни богослужбени книги започнал да ја обновува и манастирската библиотека. Собирал стари книги и ракописи од запустените околни манастири коишто постојано ги посетувал. Недостатокот од прирачни богослужбени книги за потребите на парохиското свештенство, напишани на мајчин јазик, достапен до народот, а со кои истовремено ќе ги задоволи своите духовни потреби, ќе го натераат Пејчиновиќ да ја напише и напечати прочуената книга „Огледало“. Ова дело на Кирил Пејчиновиќ преставува е една релативно мала, прирачна книга, требник, која содржи неколку молитви и потребни текстови за разни обреди, неопходно потребна на секој парохиски свештеник за вршење на неговите религиозни обреди. Набргу по пристигнувањето во Марков манастир, делото на Пејчиновиќ печатена во универзитетската печатница во Будим, во 1816 година, подврзано во кожа и напечатена со разбирлив јазик и писмо, станува многу популарно и него го има скоро секој свештеник во Македонија. Поради недостиг на печатени примероци, делото на Пејчиновиќ кое било во употреба во сите делови во Македонија, веднаш се пајавуваат и преписи на одделни партии од „Огледало“. Во „Огледало“, најголем дел Пејчиновиќ ќе посвети на една долга беседа, проповед, што зафаќа повеќе од половината книга. Додека молитвите се дадени на црковно-словенски јазик, проповедта Пејчиновиќ ќе ја напише на разбирлив, живописен народен македонски говорен јазик, на тетовскиот говор. Во оваа беседа, што е негова оригинална творба, Пејчиновиќ ќе го анализира целокупииот живот на својата паства, го критикува и го покажува начинот како да се поправи тој живот. Во оваа беседа, Пејчиновиќ исто така се нафрла и на суеверјето, кое во народот било широко распространето. Во „Огледало“, Пејчиновиќ истовремено ги критикува и настраностите во животот. Тој ги напаѓа мрзливите попови, мрзливите, нечистите и заостанатите „хрисјани", и им го укажува правиот пат. Оваа беседа на Пејчиновиќ е еден редок документ, што ни ја дава сликата на македонското селанство во почето-кот на XIX век; јазикот од оваа беседа е главен еле-мент којшто делото на Пејчиновиќа го постава во историјата на македонската книжевност Популарноста на книгата и ширењето на македонскиот јазик во богослужбата ќе го предивика скопскиот фанариотски владика, кој и така не гледаше со добро око на напорот што Пејчиновиќ го вложува во работата на школата отворена во Марков манастир, и тој ќе изврши огромен притисок да го протера Пејчиновиќ. Според записите од тоа време може да се види дека Пејчиновиќ, пред да го напушти Марков манастир, оди во Хиландар, каде се советува со татка си и стрика си. Откако добива согласност од хиландарските братија, како и од татка си и стрика си, Пејчиновиќ по враќањето во Марков манастир, кон крајот на 1817 или во почетокот на 1818 година., со неколку маски натоварени со книги и други работи, ќе замине во родното место Теарце. По доаѓањето во Теарце го возобновил Лешочкиот манастир. Бил негов игумен од 1818 до 1830 година и во него како монах останал до крајот на својот живот. Во обновата на Лешочкиот манастир, иако не одела така лесно, му помогнале мнозинскиот дел од населението. Како што било обичај и на други места, поединци и цели еснафи давале помош за обнова на Лешочкиот манастир; такви помош имал не само од околијата, туку и од подалечни места. Како добар организатор, Кирил набргу го издигнал манастирот. Ја обновил црквата, подигнал конаци, отворил школа и ги прибира околу себе луѓе што ја сакаат просветата и книгата. Пејчиновиќ во манастирот за кратко вре,ме организирал интензивен живот. Манастирската школа на Пејчиновиќ започнала живо да работи, подучувајќи и стари и млади. На своите ученици тој им давал да препишуваат разни работи, и така ги подготвувал за самостојна книжевна и просветна работа. На своите патувања Пејчиновиќ прибирал од запустените манастири стари ракописи и книги и создал една убава манастирска библиотека. За Пејчиновиќ, книгата треба високо да се цени, зашто како што вели „да не е писмо све би се заборавило, и Бог дали има или нема не би се знаело". Пејчиновиќ, како и неговите современици, поимот вера го поистоветува со поимот националност. Патувајќи по околните и подалечните населени места, Пејчиновиќ држел проповеди и го подучувал христијанскиот народот. Пејчиновиќ јасно ги гледа неправдите што му се прават на неговиот народ. Во духот на христијанскиот морал Пејчиновиќ ги советува своите соселани да бидат социјални, да ги помагаат своите сироти соседи, да не се себични. Тој во своите проповеди го советувал да не се караат меѓу себе, туку како што вели: „да живуемо жако браќа, еден за другого да се молимо и еден другого да жалимо, еден другому да поможемо, еден другому тежината да носимо". |