Среда, 01 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
Од животот на Мијаците

1. Воспитание

mijaci

Мијаците се трудољубиви, образовани и снаодливи. Не се тврдоглави ни вообразени, не се авантуристи и знојет за мера во сешчоје, Кротки се и питоми, не се кавгажији и осорни, со глава зизд не разбивајет, токо на секоја тешкотија је сакајет мирен и споразумен пот. Умејет да чекајет и да глтајет, умејет да се направит и послаби и помали дур да му дочекајет згоден час и нивнијот петел да запејет. Мијаци се родени за дипломати, во многу нешча не изостанувајет и од Еврејиве.

Инаку, во работа се умејани и издржливи, преку мера се чуварни, потпис и обавези поштувајет, со чесен се чесни, од нечесни се чувајет и од далеку земајет мерки за да не бидет изиграни, не се наивни и мрвина се тије што может да се пофалит да надмудриле некој галичанец и Мијак.

Тешки животни прилики и скитање од детинство по туѓ свет и запознавање со многу милети и вери и имајет до голема вера изострено и обогатено со искуство. Мијакот је способен од секоја неола чесно да се истргнет, способен је и на сув камен леб да створит. За здружување пак ич не се.

Овије високи способности и чинит да Мијакот не одит за аргат, токо наодит нешчо полесно и поизносно. Ако је занатчија, занатот убаво го испечуват за да станет устабашија и да створит тајфа. Во трговија исто таке. Со пет пари капитал за две-три години ќе го видиш Мијаков коде отворил дуќан негде на крај град, а по некоја година в стреде град и в стред престолнина.

Во друштво умејет да се снајдет со секого и со секаков. Умејет да направит и шака (посебно лазоровци), а умејет и да се воозбилит. Секој Мијак је  како да стојит на сто јајеви (федери). Како да го фрлиш, на плешки не паѓат, се помешечки.

На овије особиње Мијаците имајет да благодарит за сите своји успеси во секоји земји. Отује зар и во Бугарија и во Србија и покрај многу симпатији шо уживајет, се осеќајет, се осеќајет и по мрва како со некаков страв.

Како да се плашит од некакво мирно завладување. Исто како и со еврејиве денеска. Ја вела да је претеран, неоправдан  и неправеден овја страв. Мијаци не заслужувајет да им се завидуват, токо заслужувајет угледување на нив, особено во Србија, коде што владат голем раскош и расфрлање.

А шо да кажа за домашното воспитание мијачко?

Како шо им је и раната и животта и облеклото еднакво, таке им је и воспитанието еднакво на сите.

Во мијачка куќа немат кочење и галаење, али немат ни грубост и тиранија. Тамо владат една умерена стредина и една озбилност, една здрава и чесна стредина. Мијачко дете и кријет очите од татка си и побегнуват. За седнување на колено, за обесување на врат и за бацување, ни спомен. На софра дете галичко со опул или со шепотење леб посакуват и јадет теја шо ќа му дает и колку ќа му се дајет. Канење и туткање на деца не је познато. Мајките се помеки, али и тије се строги и не трпит детинсќи ќефови.

Непослушност едва  да се знојет шо је. И стари слушајет, а шо остануват за деца?

Во мијачко сите деца шо се врсници и мошки и женски, сите рабоќе детински како се јавувајет, таке и во исто време и ’и заучувајет и ’и доучувајет. Во едно време заодувајет и на гурбет и на школо, во едно време дечиња по дрва, во едно момичиња запредувајет, во едно завезувајет, замесувајет и се друго.

Тамо се створуват и од векови је створено едно наттрчување и никој не пушчат да го претечет други.

Овакво дете од страм не может да живуват. Теја дете не может после да посакат момиче, такво момиче пак никој не го ни погледуват.

Зар не је силно овеја и овакво воспитание?

Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.