Среда, 04 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Сеќавања за живеачката во Кавадарци - Мала Богородица

(Раскажува Диме Каровски)

Празник на раѓањето на Мала Богородица и празник на есенската рамноденица. Вечерта спроти празникот се оди во манастирот Свети Ѓорѓи во Неготино. Неготинци го слават тој празник. Славата се продолжува со тридневен панаѓур. На панаѓурот се продава се што дала плодната земја и што ќе измајсторат занаетчиите.

staro-kavadarci

Граматор

Ние децата, секое лето ја собиравме сувата коренеста трева „грамотор“. Детската  дружина уште во август тргнуваше да ја собира оваа, за нас децата, чудесна и радосна трева.
Радоста за собирање беше неизмерна. Се радувавме како да одиме на гроздобер. Нашите родители со гордост гледаа на нашиот детски смел потфат и не поттикнуваа во неговото остварување. Возрасните луѓе од маалото си најдоа место за сместување на  грамоторот. Тие знаат дека грамоторот се собира за палење на оган ноќта спроти Бадник. А на Бадниковиот оган се радуваат сите христијани. Мало и големо се собираа околу огнот, огнот кој многу раскажува за Христово раѓање (Божик). При собирањето на тревата грамотор, во детската мисла беше нејзиниот висок пламен, кој разгалено потпукнува и гласно боботи.
Маало кое има многу собрана трева грамотор, ноќта спроти бадник ќе има највисок пламен, пламен за кој ќе разберат сите други маала во Кавадарци. Децата – домаќини на таквиот оган ќе бидат горди. Врз тревата грамотор се нафрлуваат суровици: борови, букови, дабови и габерови. Суровиците ќе создадат јадри, жаровити грутки. На жарот – јадер ќе се испечат костени, тркалезни круши (Врањанки), парчиња тикви, слатки како мед. Во таа ноќ ниедно дете не спие. Секое дете си седи на каменот одреден за него. Децата насаеднати околу распалениоит огин личат како едно семејство, а огнот насреде личи на збогатена софра, од која секое дете зема нешто за јадење.

Земјоделецот и природа

Земјоделецот е принуден, цел век да гледа кон небото и својата работа да ја врзува со променливиот табиет. Земјоделците имаат можност своите очи да ги полнат со прекрасниу убавини што ги подарува небото. Очите на земјоделецот се принудени да собираат стравови од градобијните облаци, разбеснетите ветрови и од подивените поројни дождови. Треба отворено да се каже дека белото си е бело, а црното си е црно. Зејмоделецот не зијани само, ами тој од прекрасната присрода и добива. Тој е аркалија (човек со врски и заштита) кај природата. Работата го врзува со прекрасното изгрејсонце, со чудесното зајдување на големата ѕвезда. Од дома не можат да се видат сите салтанати (раскошни чудесии) на природата. За посебна приказна е гласот на  појната птица. Не е сеедно каде се разлеваат гласовите на појните птици. Дворот за славејот е распеан и тесен, а полето и планината се како нарачани за неговата прекрасна и разлеана песна.

Земјоделецот и крстењето

Како добри христијани тие пред излегување, пред својата порта се прекрстуваат. Земјоделците редовно се крстат и секој ден упатуваат по некоја молитва кон Севишниот Го молат да им подари убав сончев ден за работа. Лесно да им тргне работата и за се друго што би било од полза за земјоделието.

Жешко лето

Во Кавадарци жешкото лето го игра најгорешното оро. Тука авата сета трепери од жештината. Тука,  во рамницата нема салам стебло под кое човек би се починал. Нема чиста ава. Нема доволно вода. Водата не е ладна и бистра. Кожата наакува со пукнатини што ги оплодува неподносливата горештина. Комарците ја пијат крвта покрај Луда Мара. Со топлата вода ич не се гаси жедта.

Петровден жетва

Во жетварско време и Свети Петар не седел дома, не го празнувал цел ден својот именден. До пладне чекал гости, а после, ручекот со срп во рака, одел на жетва. Во постаро време и трудниците оделе на жетва, па дури и се породувале на нивата. На многу бебиња лулките им биле на нивата каде што се жнеело.

Од книгата  „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945“, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.