|
||||
Во прилепската населба Точила се гради црква „Света Петка“ |
Во најголемата прилепска населба Точила се интензивираат активностите околу изградбата на црквата „Света Петка“.Како што информираат од локалната самоуправа, која издвои околу еден милион денари за изградбата на црквата, планирано е до крајот на годинава објектот да биде доведен до карабина. Градоначалникот Марјан Ристески најави донаторска конференција најдоцна по новогодишните празници за да се обезбедат пари за целосна доизградба на црквата. Изградбата на црвата во прилепската населба Точила е посветена на трагичниот настан на Карпалак, кога на 8 август 2001 во заседа на терористите беа убиени 10 воени резервисти од Прилеп. Токму камен-темелникот за изградбата беше осветен на 8 август 2008 година. Според прилепското свештенство, во Прилеп се гради црква по стотина години и тоа со помош на граѓаните, локалната самоуправа и на бизнис секторот. |