Среда, 18 Јануари 2012    PDF Печати Е-пошта
Од Божик до Богојавление шетаат лошите духови
Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти.

nekrsteni-denovi1

Божик, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови. Денови кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите. Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии... се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓет веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата.

Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце. Свеченостите што се одржувале во овие дванаесет дена познати се уште од антиката како митраистички култови, Дионизиски игри, а најизразени преку римските сатурналии. Денот на раѓањето на непобедливото Сонце Римјаните го славеле со големи свечености, а тогаш почнувала и Новата година. Христијаните овој ден го замениле со раѓањето на Христос кој требало да биде новото Сонце, што на светот му носи светлина. Раѓањето на Сонцето или Христос значело зголемување на денот, па затоа маскирањата и обредите што се вршат во дванаесетте дена се сврзани за плодноста, новиот живот, родот, бериќетот. Сите обредни игри под маски имаат оргијастичко и еротско значење, што најмногу се потенцира со носењето на фалусот, како култен оплодувачки принцип во природата.

Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 - 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење.

Маскирањето започнува откако ќе се запали голем оган, а околу него се пие и се пеат и кажуваат безобразни, т.н. мрсни песни што треба да ја подгреат атмосферата со еротски набој. Најзначајно место во групата имаат маските на зетот и на невестата. Маската на невестата треба да е многу добро направена за никој да не ја познае. Особено значење се посветува на градите и задникот кои треба да бидат големи за да предизвикуваат сексуални желби, со што се поттикнува целата природа и човекот на плодност. Често невестата е бремена или држи мало бебе. Во групата задолжително се и бабата и дедото, ликови сврзани за плодноста, но и за смртта. Во игрите под маски што содржат и многу драмски елементи, дедото умира, за повторно со помош на лекарот и попот да оживее. Во оживувањето на дедото учествуваат и бабата или невестата кои изведуваат сексуални движења над дедото, со често симулирање на ритуално мокрење над устата или половиот орган на дедото. Умирањето и повторното раѓање симболизира завршување на лошите, неплодни денови, и раѓање на новото Сонце, добриот период. Со раѓањето на новото Сонце лошите сили и демони си заминуваат од земјата во темнината. Коњот и мечката, исто така, имаат значајно место во маскираната група. Коњот е поврзан со сонцето. Уште во античките и првобитните религии се верувало дека Сонцето се вози во кочија што ја влечат коњи или пак на Сонцето му се жртвуваат коњи. Мечката пак е поврзана со зголемувањето на денот, доаѓањето на плодните и родни денови. Како што мечката напролет се буди од зимскиот сон така и природата по дванаесетте некрстени, лоши денови, се разбудува.

Вака маскиранита група во која има уште многу маски на млади ергени и девојки, кози, јариња, магаре, натприродни суштества, ќепеци... по загревањето крај огнот врши обредно повикување на водачот на групата и сите тргнуваат во обиколка на куќите. Групата тропа на секоја порта, а откако ќе им отвори домаќинот или домаќинката почнуваат да го изведуваат ритуалот кој започнува со благослов на куќата и на домаќините. Централната личност пак во ритуалот, невестата, маскираните ја фаќаат по градите и задникот со долги стапови што асоцираат на машкиот полов орган, познати како коледашки. Бабата и дедото ја бранат невестата, при што дедото ќе биде повреден. Потоа се изведува ритуалот со умирање на дедото и негово оживување. Откако ќе завршат сите ритуали домаќините ја даруваат групата најчесто со колачиња, зрнеста храна, костени, овошје. По дарувањето групата заминува пред друга порта и се така додека не се изредат сите куќи.

Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање. На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината.

македонска митологија
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.