Среда, 12 Декември 2012    PDF Печати Е-пошта
Македонски народни благослови

Аирлија.

Аирлија пазар.

Аерлија работа ( и – Ерлија работа)

Аир и бериќет да имаш синко.

Аирлија да ви е пазаро.

Аирлија да ви е радоста.

Аирлија да е севтето.

Аирот да и го видиш на стоката.

Ај и за свадба да пазариш (да викаш).

Аирлија да ви е радоста. – Амон брате, и на ваша куќа.

Аирлија да ти е полазо; од тебе севте, од Госпо бериќет.

Аирлија да ти е севтето!- Ајде така нека е, од мене сефте од Госпо бериќет.

Аирлија пазар, со пари аз’р. (На шака така се благошава кога да нема пазар).

Аирлија и за многу години да ни е коматов. Да ни е здрав и вековит домаќинот.

Аирлија да е, до година да му месеме комат!

Аирот да му видиш (на коња, на стоката и др.)

Ај в година Госпот да ве донесе со цело јагне. – На жена што на манастир однесла петел.

Ај Господ нека ми те блаосои, синко о ум и разум да ти даит.

Ајде аирлија, да се ќердосаат, сватство и родство да ни е довека. (На свршувачка).

Аирлија да ви е радоста, еднуш за век, да се ќердосаат, пак на помали да си исчекате. (На свршувачка)

Аирлија да ни е идењево, за век да ни е, за добро идење. (На свршувачка).

Ајде аирлија да ви е, ја на многу места сваќа сум месила, да видиме мене кој ќе ми месит. – Аир да имаш и ти да си исчекаш. (Благослови на свадба при месењето на сваќата - обреден леб).

Аирлија да ни је, да ни се вечни младоженците. (Благослов при пристигнувањето на сватовите во куќата на невестата).

Ајде да е аирлија, вели продавачот кога ќе направи сефте, кога ќе ги земе парите од првиот купувач, при што ги пушта на земја.

Ајде за многу години,

кај што помина чесен крст да е чесно беричетно,

кај се крмит да се плодит,

кај се орат да се родит,

по полето вино, жито,

по планина мед и млеко.

Господ да не чува од лошо,

да се ранат сиромаси, сиромаси, сирачиња,

и в година д’ивчекаме. (Благослов на кумот на Водици).

Ајде да е живот и здравје. (Велат кога нешто за прв пат јадат, особено некаков плод).

Ај како е Госпо не е никој. (Кога му се плачи еден на другио, правиот гајрет му дава).

Ај да си ми блаосоен. Овој блаосолов се дава и од поп и од мирјанин, кога му се прогоори на попо некој убав збор, али да му се направи некоја шака, тогај тој ќе му речи:

- Ај да си ми блаосоен, бре чоече, што ме насмеа.

Другио блаослов се дава од попо кога ќе му рече мирјанино:

- Блаосој не, оче!

- Да си ми блаосоен, рисјанине!

Ај да ве однесе Господ на поголем град. (На лица што се враќаат од прошетка до некој близок град).

Ајде и на голема радос да исчекаме. (Во свршуачката кога да го свршат некое момче али мома, и ќе се врзат подолго време за свадбата, тогаш така ќе се блаошава.

- Ајде така да речи Госпо, да исчекаме и на ваши куќи! Ајде и на наши куќи да ни даи Госпо ваква радос, али и на ваши куќи!

Ајде нека ви е радоста аирлија, и еднаш страмно за веко, и здравица ви.

Ајде нека речи Госпо да сме здрави, та лесно ќе испостиме Великоите пости.

Ајде нека речи Госпо да сме здрави и живи и да дочекаме вакви дни и догодина.

Аирлија да му е (да ти е) р’ката.

Ај Боже поможе, среќан д’н нека е, Господ бериќет нека дава и нека ни е на помоќ. (Благослов  на тргнување на орање при започнување на есенската работа.)

Ај Боже поможе, нека ни е л’сна работа и нека даде Бог да се роди бериќет. (Благослов на нивата при започнувањето на есенската сеидба.

Ај да се роди чисто жито како злато (сребро). (Благослов на започнување на есенската сеидба на нивата).

Ајрлија работа.

Ајр да имаш.

Ајр и бериќет да имаш.

Ајр да прајш (да чиниш).

Ако испаѓаш со срце, ќе те ослободи Госпот. (На човек кој оди во туѓина.)

Ако сака Госпо да го благослови бериќето, ако не врни, па ни се стори. (Божи благослов кога да има и во снопо го умножуа).

Ако сака Госпо, сполај му, зимото лето го праи.

Ако сме ние сиромаси, Госпо ни е богат.

Алаверс’н, алаверс’н. (Кога се вали некој со нешто оти има другио ќе му вели: Дај Боже, да имаш, дај Боже).

Алаверс’н јамур јас’н. (Да даеше Госпо дош да заврни). Кога го блаошава некој некого со некое добро да му даит Госпо, што не бидуат, тогаш ќе му речи таков блаосов.

Ама арен бериќет даде Госпо, сполај му нему. –У Бога се има, сполај му.

Ангело да ти седи на рамена и од лошо да те чуа.

Арно да видиш.

Арангел да ти поможит.

Арното те фатило (во вид на клетва се употребува овој благослов).

Аљ работаше пилето? – Работаше, дури по гората ја разлеваше. – Аљ го чувте? – Го чувме. – За многу години (да би го слушале). (Вака се прашајет и одговарајет помеѓу себе тије шчо одит на рашеток да го слушајет пилето (кукавицата) и тије шчо се враќајет од рашеток.

Подготви: Марко Китевски
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.